ТЕМА 3: Разновидност и плурализам
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 3: Разновидност и плурализамКако луѓето би можеле да живеат заедно во мир?
Оваа тема се фокусира на три клучни концепти: разновидност, плурализам и демократија. Таа ги истражува некои од врските помеѓу нив за да ги поддржи учениците во развивањето на ставови и вештини, кои им се потребни, да учествуваат во едно плуралистичко, демократски управувано општество.
Плурализмот се однесува на основниот квалитет на модерните општества, каде што е прифатен широк ранг (но не ги вклучува сите) на религиозни и политички убедувања – разновидност – и каде што идеалните општества, замислени од различни политички партии, можат да бидат спротивни едни со други. На пример, граѓаните кои припаѓаат на радикалните социјалистички партии се стремат да создадат општество кое ќе биде комплетно оттуѓено за граѓаните на десното крило – капиталистичко убедување. Во плуралистичките општества, општото влијание на многу традиции и вредности, вклучувајќи го и религиозното верување, е во опаѓање. Поединците можат, и мораат, да работат за самите себе, за вредностите до кои се држат и за тоа како тие посакуваат да го живеат својот живот. Плуралистичките општества, поради тоа, поставуваат предизвик: поединците можат да уживаат во поголем степен на лична слобода, од кога и да е порано, но од друга страна, тие мораат да работат напорно за да постигнат договор или компромис, без кој, ниту една заедница не може да преживее. Ова го покренува прашањето кој политички систем може да ја обезбеди најдобрата рамка за организирање на донесувањето одлуки во едно отворено, плуралистичко општество.
Во еден авторитарен систем – еднопартиско владеење, теократија, дури и диктатура – овој проблем е решен со давање на моќта на еден играч (на пример, партија или лидер) да реши во корист на сите други. Ова решение го пресретнува предизвикот на плурализмот со избегнување – со жртвување на слободата на поединците. Потенцијалот за конфликт во плуралистичките општества е потиснат, но цената која треба да се плати е многу висока: многу проблеми не се соодветно и праведно решени, кога тие повеќе не можат да бидат јасно артикулирани.
Во демократијата, граѓаните, во основа, се согласуваат со збирот на принципи, правила на процедури и правата кои им дозволуваат да не се согласуваат за многу прашања, но кои исто така, нудат алатки за да ги оспособат за постигнување на согласност преку ненасилни средства. Гледано на овој начин, демократијата го поддржува мирот во плуралистичките општества преку цивилизиран конфликт, а не со негово потиснување. Заедничкиот интерес е нешто, за кое би требало да се работи заеднички и да се постигнува, а не како претходно да биде дефиниран од која и да било партија. Несогласувањето и конфликтот се нормални и не повредуваат на никаков начин, сé додека нивниот деструктивен потенцијал се држи под контрола. Поради тоа, во демократијата, како форма на владеење, на граѓаните им се признаваат основните права, како што се слобода на совест, убедување и изразување. Кога граѓаните ги користат овие права, тие ќе создадат несогласување и конфликт и тие ќе мора да се спогодат за решение. За да се осигураат дека тие се согласиле со правилата за тоа како да се справат со конфликтите и откако конечно ќе ги решат, граѓаните од плуралистичките демократии сметаат дека треба да влезат во социјален договор со сите останати граѓани за да останат во социјалните и политичките конвенции на тоа општество.
Таквиот социјален договор го вклучува принципот на владеење на мнозинството. За некои малцински групи, недостатокот на ова е дека нивната радикална визија можеби никогаш нема да биде остварена преку гласачката кутија. Од друга страна, ваквите општества ги гарантираат правата на политичките малцинства за да побараат легитимни политички цели, кои не се спречени од државата. Според тоа, плуралистичките демократии секогаш живеат со можноста за избирање на радикални влади, чии членови можат да бидат свртени кон ограничување на активностите на политичките противници. Затоа е важно да постои легислатива за човековите права и слободи, вградена во уставот на демократските земји.
Секоја генерација мора да го разбере овој комплексен збир на предизвици во плуралистичките општества и како тие можат да бидат среќавани во една демократска заедница. Ова го вклучува и почитувањето на непишаниот социјален договор без кој ниту една демократска заедница не може да преживее. Образованието за демократско граѓанство и Образованието за човекови права можат да ги поддржат учениците во развивањето на разбирањето, ставовите и вештините, кои им се потребни, со цел да учествуваат како граѓани.
Поучување заради разновидноста и плурализмот
Учениците кои ги следат обуките за ОДГ треба да добијат помош при сфаќањето на природата на социјалната, политичката, религиозната и расната разновидност. Ним треба да им се помогне да ја разберат комплексната природа на предизвиците кои произлегуваат од таквата разновидност. Ако се земе дека еден добар дел од предрасудите се случуваат поради недостатокот на свесност и разбирање, тогаш поголемата нетрпеливост може да биде намалена преку начини за рационално преиспитување на ставовите и развивање на емпатиско резонирање.
Поучување за разновидноста и плурализмот
Учениците, исто така, треба да искусат демократска дискусија со цел да научат како да се справат со неа. Образованието за демократско граѓанство, поради тоа, би требало да ја искористи секоја можност за да ги замоли учениците да ги изразат нивните мислења за некоја тема (колку и да изгледа беззначајна) и да понудат оправдувања за овие гледишта. Во слушањето и одговарањето на гледиштата на другите ученици на истата тема, учениците нема само да ги развијат нивните аналитички и изразувачки вештини, туку тие ќе развијат основни предуслови за толеранција кон моралната и политичката разновидност. Тие ќе развијат способност да ги прифатат ситуациите на несогласување и спор и тие, исто така, ќе ја почитуваат потребата за компромис, а ќе ја разберат и разликата помеѓу праведен и неправеден компромис. Тие би требало да се фокусираат кон прашањата и треба да ги почитуваат луѓето, без разлика на нивните гледишта и интереси.
Преку искуството од процесите на демократската дискусија, учениците, исто така, ќе научат дека отворените и праведни дебати бараат да се следат одредени основни процедури, вклучувајќи:
- сите учесници треба да бидат оспособени да учествуваат со нешто;
- учеството на секој треба да биде слушано со респект;
- учесниците треба да ги напаѓаат аргументите, а не луѓето;
- учесниците би требало да влегуваат во дебата, прифаќајќи ја можноста дека нивните гледишта би можеле да бидат модифицирани;
- спротивните дебати, каде што учесниците расправаат од затворени позиции, се помалку корисни од истражувачките дебати, каде што целта не е „да победи аргументот“, туку „ подобро да се разбере проблемот “.
Ова го обележува ОДГ како предмет во кој процесите на прашување и дискусија се позначајни од објавувањето на дадени вистини. Смислата за наставата, според тоа, е наставниците по ОДГ повеќе да развиваат вештини за поддршка на мислењето на учениците, отколку да доминираат над нив. Истражувањето сугерира дека учениците повеќе зборуваат во одделението само тогаш кога наставниците зборуваат помалку.
ТЕМА 3: Разновидност и плурализам
Како луѓето би можеле да живеат заедно во мир?
Наслов на часот | Цели на учењето | Задачи за учениците | Материјали | Метод |
Час 1: Како луѓето можат да живеат заедно? |
Да се сфатат прашањата кои се создаваат кога заедниците со различни вредности и верувања се обидуваат да живеат заедно во мир. Да се сфати улогата на образованието во развивањето на разбирањето помеѓу луѓето од различни култури. Да се сфати дали поединците, сами по себе, можат да влијаат во општеството. |
Учениците дискутираат за прашањата кои произлегуваат од приказната. Учениците се ангажираат за критичко мислење. |
Копии од материјалот за учениците 3.1. | Дискусија. Критичко мислење. Претпоставување. Играње улоги. |
Час 2: Зошто луѓето не се согласуваат? |
Да се сфатат причините зошто луѓето имаат различни мислења за значајни прашања. Да се развие способност за дискутирање по спорни прашања.Да се сфати кои вредности се потребни за да се поддржат демократските општества. |
Учениците прават изјави и ги бранат нивните гле- дишта во рангот на пра- шањата. Учениците ги анализираат изворите на несогласувања на јавните, спорни прашања. Учениците ги сфаќаат влијанијата врз нивните вредности. Учениците развиваат насоки за да го поттикнат почитувањето на плурализмот и да се осигураат дека се поддржува квалитетот на почитувањето и дијалогот за јавни прашања. |
Големи ознаки за вежбата „четири агли“. | Дискусија. Рефлексија. Критичко мислење. Развивање правила по пат на соработка. |
Час 3: На кои начини луѓето се различни? |
Да се сфатат бариерите до рамноправноста во пошироката заедница. Да се идентификуваат причините зошто некои луѓе да немаат рамноправен пристап до образованието. Да се разберат бариерите кои постојат при остварувањето на рамноправ- носта во пошироката заедница. Да се сфати кој ја споделува одговорноста за надминување на бариерите до рамноправноста. |
Учениците критички анализираат една хипотетичка ситуација, работејќи со клучните концепти. Учениците ги применуваат клучните принципи во нивните сопствени социјални ситуации. Учениците дискутираат за клучните прашања, произлезени од часот. Учениците ја претставуваат напишаната задача. | Копии од приказната. Копии од материјалот за учениците 3.3. | Критичко мислење. Дискусија. Развивање на пишувани аргументи. |
Час 4: Зошто се важни човековите права? |
Да се сфатат прашањата кои произлегуваат кога луѓето со различни вредности и начини на живот се обидуваат да живеат заедно. Да се сфатат причините зошто се развиени меѓународните инструменти за човекови права, посебно каде што поединците и заедниците се ранливи. | Учениците се ангажираат во критичка анализа и давање приоритет на ситуациите. Дискусии во врска со играњето улоги на учениците помеѓу две спротивни страни. Учениците развиваат клучни принципи, засновани врз играњето улоги и ги споредуваат со споредливите делови на Европската конвенција за човекови права. Учениците го споредуваат сценариото со реални примери за злоупотреба на човековите права во нивната земја. Учениците развиваат презентации за другите ученици за избраните елементи од Европската. Конвенција за човекови права. | Копии од сценариото за островот. Копии од картичките со ситуации за секоја мала група. Листа на клучните елементи на човековите права. Големи листови хартија и уметнички материјали, потребни за последната презентација. | Критичко мислење. Дискусија. Преговарање. Групна презентација. |
- Час 1: Како луѓето можат да живеат заедно?
Како образованието може да помогне во развивањето на толеранцијата и разбирањето13? Цел на учењето Учениците се способни за: – Да ги сфатат...
- Час 2: Зошто луѓето не се согласуваат?
Врз што се засновани разликите? Цел на учењето Учениците се способни да ги сфатат причините зошто луѓето имаат различни мислења за значајни прашања....
- Час 3: На кои начини луѓето се различни?
Колку се различни потребите на луѓето? Цел на учењето Учениците се способни да: ги идентификуваат причините зошто некои луѓе може да имаат...
- Час 4: Зошто се важни човековите права?
Зошто ни е потребна легислатива за човековите права за заштита на ранливите групи?14 Цел на учењето Учениците се способни да ги сфатат:...
- Материјал за учениците 3.1: Училиштето на работ од шумата
Постоеше еднаш една заедница на луѓе кои живееја во густите шуми, сместена во еден планински венец. Тие беа религиозни луѓе, кои ги...
- Материјал за учениците 3.2: Надежта е за секого
Директорката на Колеџот Хоуп беше една дарежлива и хумана жена. Таа цврсто веруваше во значењето на образованието. „Секој заслужува добар почеток во...
- Материјал за учениците 3.3: Помош за Колеџот Хоуп
Проблеми Решенија ...
- Материјал за учениците 3.4: Жителите на островот и доселениците (картички со улоги)
Група 1: Жителите на островот Вие сте група на жители на островот. Вашите луѓе живееле на овој остров илјадници години. Вашите предци...
- Материјал за учениците 3.5: Картички со ситуации: жителите на островот
Погледнете ги следните ситуации и решете во вашите групи што би требало да се направи во врска со нив. Жители на островот...
- Материјал за учениците 3.6: Клучни елементи на човековите права15
Право на живот. Слобода од измачување. Слобода од ропство. Право на слобода и сигурност. Право на праведно судење. Право на ефективна законска...