Час 2: Зошто луѓето не се согласуваат?
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 3: Разновидност и плурализам » Час 2: Зошто луѓето не се согласуваат?Врз што се засновани разликите?
Цел на учењето | Учениците се способни да ги сфатат причините зошто луѓето имаат различни мислења за значајни прашања. Учениците се способни да ги дискутираат спорните прашања. Учениците се способни да сфатат кои вредности се потребни за да се поткрепат демократските општества. |
Задачи за учениците | Учениците прават изјави и ги бранат нивните гледишта во рангот на прашањата. Учениците ги анализираат изворите на несогласувања на јавните, спорни прашања. Учениците ги сфаќаат влијанијата врз нивните вредности. Учениците развиваат насоки за да го поттикнат почитувањето на плурализмот и да се осигураат дека квалитетот на почитувањето и дијалогот за јавни прашања е поддржан. |
Материјали | Големи ознаки за вежбата „четири агли“. |
Метод | Дискусија. Рефлексија. Критичко мислење. Развивање правила по пат на соработка. |
Клучен концептПлурализам: Плурализмот постои во општества кои немаат официјален збир на интереси, вредности и верувања. Граѓаните го имаат правото на слобода на совест, религија и изразување. Исклучок е кога гледиштата, кои им се закануваат на слободата на верување на другите луѓе, се против законот и тие не се толерираат. Држава во која е дозволена само една религија или каде што ниедна религија не се толерира не би можела да биде плуралистичка држава. |
Часот
Наставникот го замолува одделението да ги разгледаат следните контроверзни изјави, една по една:
Се согласуваш или не се согласуваш?
|
Секој агол од училницата е означен со следново:
Цврсто се согласувам |
Се согласувам |
Не се согласувам |
Цврсто не се согласувам |
Наставникот ја чита секоја изјава по ред и ги замолува учениците да се движат кон соодветниот агол од училницата, согласно со нивните гледишта за погорните прашања. Ако тие не можат да се решат, тие треба да останат таму каде што се.
Кога учениците ќе ги заземат нивните позиции, наставникот замолува некого од сите четири агли да кажат зошто тие ја одбрале таа позиција. На овој степен, не треба да се дозволи никаква дискусија. Потоа, наставникот ги замолува учениците, кои го промениле нивното мислење, да се придвижат кон некој друг, соодветен агол.
Потоа, наставникот ги замолува учениците кои сеуште не се решиле да се обидат да објаснат зошто не можат да се решат. Тие треба да ги запишат причините, дадени за нивната неодлучност (на пример, ним им требаат повеќе информации, не им е јасно на што се мисли, тие можат да најдат аргументи и за двете страни, итн.).
Вежбата се повторува три или четири пати со различни изјави. Во секоја прилика, наставникот не би требало да биде толку загрижен за дебатата во врска со одреденото прашање, колку за произнесувањето на причините зошто луѓето се држат за различни гледишта.
Во пленарната сесија, наставникот нагласува дека истите прашања предизвикуваат различни одговори од учениците во одделението. Потоа, тој/таа може да го претстави концептот на плурализмот и го прашува одделението со следните прашања, кои можат да помогнат во разбирањето на причините зошто плурализмот постои во општествата:
- Повторно размисли за прашањата кои ги разгледавме. Кои од нив ти предизвикаа најсилни чувства? Зошто е тоа така?
- Од каде ги добиваме нашите идеи, вредности и верувања? (Ова ќе им помогне на учениците да видат дека нашите идеи за контроверзните прашања можат да дојдат од различни извори.).
Потоа, наставникот ги прашува учениците до која мера врз нив ќе влијае следново:
- идеите на нивните родители;
- што мислат нивните пријатели;
- нивната религија или култура;
- медиумите, на пример, весници, ТВ, Интернет;
- наставниците;
- нивната сопствена личност.
Потоа, учениците индивидуално работат и ги средуваат изјавите по редослед на значајност, во форма на пирамида, со најважното на врвот, како ова:
изјава
изјава изјава
изјава изјава изјава
Наставникот, потоа, ги замолува учениците да ги споредат нивните пирамиди во парови. Кои фактори се почувствувани како најзначајни од целото одделение? Ова би можело да биде откриено со бодување на изјавите, како што следи: на изјавите од најгорниот ред дајте им 6 поени, изјавите во средниот ред четири поени и на изјавите од најдолниот ред дајте им по два поена. Во групи од по четири, учениците ги собираат поените дадени за секоја изјава. Спореди ги заклучоците на секоја група. Дали беа истите фактори на врвот од листата по значајност?
Наставникот објаснува дека плурализмот се развива во слободно и отворено општество. Како и да е, ниту едно општество не може да функционира без минимално ниво на споделена согласност помеѓу неговите членови. Тој/таа ги замолува учениците да набројат некои вредности или правила за кои тие мислат дека би помогнале да се надминат вредностите и интересите за кои постои несогласување. Учениците би можеле, на пример, да го предложат следново:
- Да се почитуваат мислењата на другите луѓе.
- Обиди се да се ставиш „во чевлите на другите луѓе.“
- Запомни дека зборувањето е подобро од борба.
- Обиди се да не навредуваш.
- Дај им на луѓето можност да го искажат своето мислење.
Ако луѓето не можат да се согласат, можеби ќе ни биде потребен механизам, како што е гласањето, со цел да се донесе одлука.