Што да се направи ако ние не се согласуваме?

ID_5599

Концептот за мир има една значајна културолошка димензија. Традиционално, во културата на Далечниот Исток, мирот повеќе се поврзува со внатрешниот мир (мир во нашите умови и срца), додека во западниот свет, мирот се подразбира како нешто што е надвор од поединците (отсуство на војна или насилен конфликт). Во Индија, на пример, зборот „shanti“ значи мир, под што се подразбира совршена состојба на умот или мир во умот. Ганди ја засновал неговата филозофија и стратегија на концептот наречен „Ahimsa“, што пошироко значи „да се воздржи од сето она што создава штета“. Тој рекол: „Буквално кажано, Ahimsa значи ненасилство. Но за мене има многу повисоко, едно бескрајно високо значење. Тоа значи дека ти не смееш да навредиш никого; ти не смееш да негуваш безмилосни мисли, дури и во врска со оние кои ги сметаш за твои непријатели. За секој, кој ја следи оваа доктрина, не постојат непријатели.“ Во традицијата на Маите, мирот се однесувал на концептот за благосостојба и е поврзан со идејата за совршена рамнотежа помеѓу различните области од нашите животи.16

„Позитивниот мир“ опишува состојба каде што колективната волја е насочена кон промовирање на мирот и отстранување на пречките кои стојат на патот до мирот. Тоа вклучува посветеност кон социјалната правда, и на тој начин ја промовира идејата дека мирот е отсуство на страв, насилство и војна. Тоа вклучува обврска за ненасилно решавање на конфликти и бара поттикнување на капацитетите на поединците и групите за да можат социјалните проблеми да ги насочат на еден конструктивен начин. За обучувачите на ОДГ тоа, исто така, значи промовирање на демократските процеси во училницата, адресирајќи ги прашањата за моќта или злоупотребата на моќта, како и да се бара цело време поттикнување на вештините за слушање, конструктивен дијалог и посветеност при решавањето на конфликти.17

Дали насилството е природно? Многу луѓе се убедени дека човечките суштества се природно насилни и како последица на тоа ние не можеме да избегнуваме војни, конфликти и општо насилство во нашите животи и нашите општества. Други експерти во ова поле тврдат дека ние можеме да го избегнуваме насилното размислување, чувствување и делување. Изјавата од Севилја за насилство, елаборирана во 1986 година, од страна на група научници од многу земји, го потврдиле ова со констатирање дека:

„1. Научно, не е точно да се каже дека од нашите животински предци ние имаме наследена тенденција да водиме војни (…) Водењето војна е исклучиво човечки феномен и не се среќава кај животните (…).

2. Постојат култури кои со векови не се ангажирани во војна, а постојат и култури кои во војна се ангажирани, понекогаш често, а понекогаш не (…).

3. Научно, не е точно да се каже дека војната или секое друго насилно однесување е генетички програмирано во нашата човечка природа (…).

4. Научно, не е точно да се каже дека луѓето имаат „насилен мозок“ (…) нашето делување е обликувано според тоа како сме биле условувани и социјализирани (…).“

Повеќето од нас, поради условите во нашите животни средини, реагираат агресивно и насилно. Ние учиме да размислуваме, чувствуваме и да делуваме агресивно, а во некои случаи и насилно. Каде и да живееме, речиси константно, ние сме изложени на социјален и културолошки притисок коéј унсловува да читаме за насилството, д гледаме насилство и да слушаме за насилството. Телевизиските програми, рекламите, весниците, видео игрите, филмската и музичката индустрија многу придонесуваат за оваа ситуација. Пред да се стигне до адолесценција, едно дете ќе види илјадници убиства и насилни чинови само со гледање телевизија. Нашите модерни општества, свесно или несвесно, не се извинуваат за насилството. На насилството се гледа како на позитивна вредност. Во повеќе култури, велењето „не“ на насилството и избегнувањето или соочувањето со физичкото насилство може да се перцепираат како знак на слабост, особено за мажите, кои се ставени под голем притисок, од страна на нивните врсници уште од мала возраст.18

За дополнителни информации, погледни во страниците со податоци за наставникот, на крајот од оваа тема.

Образование за демократско граѓанство и човекови права

Преку оваа серија на часови, учениците ќе:

  • го зголемат нивниот увид во механизмите зад конфликтот;
  • го зголемат нивниот увид во ненасилното решавање на конфликти;
  • ја подобрат нивната способност да се справуваат со конфликт во нивната животна средина;
  • ја подобрат нивната способност да ги сфатат гледиштата и потребите на сите страни вклучени во конфликтот;
  • го зголемат нивниот увид во конфликтите помеѓу човековите права;
  • го зголемат нивното критичко мислење за користењето на насилството;
  • го зголемат нивниот увид во тоа како да го совладаат насилството со кое се соочени;
  • бидат стимулирани да поминуваат преку конфликтите на ненасилен начин.

ТЕМА 4: Конфликт

Што да се направи ако ние не се согласуваме?

Наслов на часот Цели на учењето Задачи за учениците Материјали Метод

Час 1:

Решавање на конфликти

Вовед во пристапот од шест чекори за решавање конфликти. Анализирај конфликт; најди решенија. Материјал за учениците 4.1. Работа во мали групи.

Час 2:

Примена на пристапот од шест чекори

Учење да се применува пристапот од шест чекори. Анализирај конфликт; најди решенија. Материјал за учениците
4.1.
Материјал за
учениците
4.2.
Работа во мали групи.

Час 3:

Судрување со човековите права

Учење да се

препознаат и
анализираат
ситуации каде
човековите
права се во
конфликт.

Анализирај ситуација каде човековите права се во конфликт. Материјал за учениците 4.3.
Материјал за учениците
5.2.

Работа во мали групи.

Критичко
мислење.

Час 4:

Користење на насилство

Развивање на критичко мислење за прифатливоста на користењето насилство и за личното однесување. Рефлектирај за користењето насилство и за личното однесување. Материјал за учениците 4.4.

Работа во мали групи.

Критичко мислење.

 

 

16. Текстот е од „Компас – прирачник за образование за човекови права со млади луѓе“, Совет на Европа, Стразбур 2002, стр.376.
17. Од „Речникот за термини за образование за граѓанско општество“, Karen O’Shea, Совет на Европа, DGIV/EDU/CIT, (2003) 29.
18. Текстот е од „Компас – прирачник за образование за човекови права со млади луѓе“, Совет на Европа, Стразбур 2002, стр.380.