Час 1: Решавање на конфликти

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 4: Конфликт » Час 1: Решавање на конфликти

Како можеме да се справиме со сериозни несогласувања?

Цел на учењето Вовед во пристапот од шест чекори за решавање
конфликти.
Задачи за учениците Анализирај конфликт; најди решенија.
Материјали Листови хартија или тетратки и пенкала.
Материјал за учениците 4.1.
Метод Целото одделение и работа во парови (незадолжително)

Концептуално учење

Конфликтите се дел од секојдневниот живот. На нив не треба да се гледа како на негативни настани, туку како судир на интереси помеѓу поединци или групи. Во политиката, конфликтите се дури и значаен дел од јавната дискусија. Само преку отворен конфликт и барање на компромис, сите различни социјални групи имаат чувство дека се слушнати и интегрирани. Решавањето конфликти (барањето компромис) е вештина која може да биде научена. Овој час е насочен кон придонесување за оваа цел.

Следните описи за решавање на конфликтите се појавуваат на овој час и многу е важно наставникот да биде свесен за нивното значење.

Победа-победа: ова опишува ситуација при што двете страни имаат добивка на истиот начин од изнајденото решение на конфликтот и чувствуваат дека го  постигнале  она  што  го  сакаат.  На  ова  се  гледа  како  на  најидеално решавање на конфликтни ситуации,éсдодека помага во сигурноста дека конфликтот нема повторно да се појави.

Победа-загуба или загуба-победа: ова опишува ситуација каде решавањето конфликти значи дека едната страна губи, а другата добива. Овој вид на ситуација често значи дека конфликтот повторно ќе се појави, иако има и мала корист за губитникот.

Загуба-загуба: ова опишува ситуација во која ниту една страна не добива ништо од решавањето на конфликтот. Оваа ситуација често значи дека конфликтот само привремено исчезнал и повеќе од веројатно, повторно ќе се појави.

 

Часот

Наставникот го започнува часот со пишување на зборот „КОНФЛИКТ“ на левата страна од таблата. Потоа, ги замолува учениците да напишат на еден лист хартија впечатоци и зборови кои асоцираат на зборот „конфликт“, кои им паѓаат на памет.

Истото, потоа, се правени и со зборот „МИР“, кој наставникот го пишува на десната страна од таблата. Потоа, наставникот прашува околу 10 ученици за нивните зборови. Резултатите се заеднички наведени на таблата и потоа учениците даваат нивни коментари на следниве прашања:

  • Дали се тие изненадени од некој од избраните зборови?
  • Дали сите зборови кои асоцираат на појавување на конфликт имаат негативна, додека оние кои асоцираат на мир имаат позитивна конотација?

Понатаму, наставникот ги замолува учениците да даваат примери за конфликти кои тие самите ги искусиле или кои се случиле во нивната околина. Тој/таа ги замолува да размислат дали овие конфликти припаѓаат на категоријата конфликти кои би можеле да се решат и дека тоа е првиот чекор кон компромисот, или пак на категоријата конфликти кои не би можеле да се решат. Потоа, наставникот им ја претставува идејата дека конфликтите, не секогаш, водат до насилство и дека се можни повеќе конструктивни пристапи до конфликтите.

Потоа, наставникот ги запознава со еден конкретен пример на конфликт, кој може да се случи во едно семејство.

„Катја, 18-годишна ќерка, сака да гледа видео, кое неодамна го доби од еден пријател. Нејзиниот брат Мартин, 15-годишен, би сакал да гледа еден од неговите омилени телевизиски програми.“

Наставникот му дава на секој ученик по една копија од материјалот за учениците 4.1. и започнува да го анализира овој конфликт, користејќи го пристапот од 6 чекори, опишан подолу.

Чекорите 1 и 2 се преземаат со целата група, водени од учителот, кој инсистира откривање на вистинските „потреби“ на двете страни и во формирањето на јасна дефиниција на конфликтот.

Во чекор 1, важно е дека реалните потреби на секоја од страните треба да бидат детално објаснети на непредизвикувачки начин. Мора да се даде мисла за тоа кои се реалните потреби кои стојат зад проблемот, иако тие можат да се разликуваат од потребите, искажани од секоја страна. Во чекор 2, проблемот зад конфликтот е формулиран на начин со кој може да се согласат и двете страни.

Чекор 3 се состои од размислување за можните решенија. Во оваа фаза, за решенијата не треба да се коментира или да се суди – секаков придонес би бил добредојден. Чекор 3 се случува во парови, следен од размена на гледишта (или партнери?).  Наставникот,  потоа,  го  претставува  концептот  на  пристапите „загуба-загуба“, „победа-загуба“, „загуба-победа“ или „победа-победа“ во анализирањето на решенијата и потоа ги замолува паровите да ги оценат нивните решенија, употребувајќи го овој концепт (чекор 4).

Ако учениците откријат дека ниту едно од нивните решенија не дава резултат во победа-победа ситуацијата, тие се покануваат да размислуваат и понатаму. Како и да е, секогаш ќе има случаи во кои ситуацијата победа-победа не е можна. После презентирањето на нивните одговори, наставникот ја поканува групата да каже чие решение е најдобро (чекор 5). Во еден вистински конфликт, каде страните се директно вклучени во овој пристап за решавање на конфликти, страните мора да го прифатат решението. Наставникот завршува со кратко презентирање на можноста за чекор 6. Основниот елемент на чекор 6 е дека по одредено време (број на минути, часови, денови или недели, во зависност од природата на конфликтот) решението се оценува и, каде што е потребно, се адаптира.

Во заклучокот, наставникот ја поддржува дискусијата за прашањето дали една алатка, како што е пристапот од шест чекори, би можела да функционира, во кој тип на ситуација и кои би биле последиците, ако една таква алатка е пошироко позната и користена. Ова би требало да биде дискутирано во врска со различните групи и контексти, како што се следниве:

  • групи на врсници;
  • семејство;
  • одделение;
  • училиште;
  • држава;
  • војна;
  • спорт.