Час 2: Примена на пристапот од шест чекори

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 4: Конфликт » Час 2: Примена на пристапот од шест чекори

Како можеме да го избегнеме расправањето со нашиот сосед?

Цел на учењето Учење да се применува пристапот од шест чекори.
Задачи за учениците Да се анализира еден конфликт и да се најдат
решенија, кои се корисни и за двете страни.
Материјали По една копија од сценаријата со конфликти од
материјалот за учениците 4.2. за секоја мала група.
Материјал за учениците 4.1.
Метод Работа во мали групи.

 

Информации за темата

Мирното решавање на конфликти не може потполно да се примени во практиката само преку сфаќање на теоретскиот концепт. Тоа е вистинска вештина која треба да биде научена, а овој час обезбедува можност учениците да научат како да го применат мирното решавање на конфликти во практиката. Наредниот чекор ќе биде примена на ова знаење во реална животна ситуација во училиштето.

Часот

Наставникот го започнува часот објаснувајќи им на учениците дека нивната задача е да го применат пристапот од шест чекори при решавање на конфликт во различни конфликтни ситуации.

Одделението е поделено во мали групи од по четири или пет ученици и секоја група добива по една копија од материјалот за учениците 4.2. Секоја група работи на едно од сценаријата, така што на секое сценарио ќе работи повеќе од една група. Учениците, исто така, го користат и материјалот за учениците 4.1, наречен „Пристап од шест чекори за решавање на конфликти“. Откако групите ќе завршат, по еден претставник од секоја група ќе ги презентира нивните шест чекори пред целото одделение. Направи го ова прво за „конфликт 1“, а потоа за „конфликт 2“:

По нивните презентации, наставникот води одделенска дискусија за решенијата, употребувајќи ги следниве прашања:

  • Дали ние ги разбираме „потребите“ и „дефинирањето на проблемот“? Дали постојат неодговорени прашања?
  • Дали би можеле да најдеме други решенија за кои мислиме дека би биле подобри за еден подолг период?

Во вториот чекор, наставникот ги замолува учениците да работат на конфликтите кои се случиле или се случуваат во училиштето, во групата на врсници, во земјата и сл. Тие се замолуваат да одберат еден или повеќе (во зависност од времето на располагање) и да размислуваат за можните победа – победа решенија.

Ако наставникот искористи две студии на случајот, како средства за воведување на учениците во формите за посредување, тој/таа може да даде некои основни информации за судскиот систем за решавање на конфликти во земјата (форми на посредување, можност за изведување на конфликтот пред суд, итн.) Освен со дискутирање на овие конфликти со пристапот од шест чекори, ситуациите би можеле да се претстават преку играње на улоги.

Во случај на играње на улоги, еден ученик би ја играл страната А, друг ученик страната Б, а трет ученик би ја зел улогата на посредник/медијатор. Потоа, наставникот би ја замолил секоја група за повратна информација за тоа како тие би го решиле овој конфликт. Би можело да се дискутира за различните решенија, како и за процесите на обидување да се стигне до решение. Овие дополнителни елементи можат да одземат многу повеќе време и можеби тоа за нив би било неопходно да се преземе како една активност надвор од училиштето или пак како дополнителна тема.