Час 4: Квиз за човекови права
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Втор дел: Преземање на одговорност » ТЕМА 5: Права, слободи и одговорности » Час 4: Квиз за човекови праваШто е право? Кое човеково право би требало да биде за поединецот?
Цел на учењето | Учениците учат за меѓународно-признатите човекови права. |
Задачи за учениците | Учениците одговараат на прашања со повеќе можни избори и дискутираат за импликациите од нивните одговори. |
Материјали | Картички, со решенијата дадени од назад, за секој ученик. (види материјал за учениците 5.5). |
Метод | Прашања со повеќе можни избори. |
Информации за тематаИако човековите права се еден динамичен концепт и тоа концепт кој постојано се развива, меѓународниот закон ја дефинира содржината и областа на човековите права. Квизот за човекови права кој следи, кој не би требало да се искористи како тест на знaење, помага да им се покаже на учениците на кој стадиум сме сега при деталното обработување на човековите права. Тој, исто така, ќе помогне за да се избегнат грешните интерпретации на рамката за човековите права. Пред овој час, наставникот би требало да ги забележи сите прашања поврзани со спогодбите направени во ОН или во Советот на Европа. Би можело да биде корисно да се започне со кратко објаснување за користените термини или концепти, како што се ОН, Совет на Европа (за да не дојде до мешање со Европскиот совет во Европската унија), човекови права, народ/држава, дискриминација, судење или судски процес. |
Часот
Најнапред, наставникот објаснува дека целта на квизот не е да се тестира нивното знаење, туку да се зголеми нивното сфаќање на човековите права на еден активен начин.
Учениците сами ги подготвуваат картичките сечејќи ги лентите со прашања и одговори. Потоа тие ги лепат една зад друга со цел да се добијат прашања и одговори на истата картичка.
Во мали групи (или во парови) учениците, сега, седат заедно и ги одговараат прашањата едни на други. На секоја група ученици им се дава по еден комплет од картички. Секое прашање има три можни одговори, именувани како А, Б или В. Учениците го одбираат она во што веруваат дека е точен одговор за секое прашање. Треба да се истакне дека понекогаш постои и повеќе од еден можен одговор, зашто човековите права се еден динамичен концепт, кој постојано се развива и ова остава простор за толкување.
Тоа дава можност за дискутирањето на одговорите во одделението, секој одвреме на време. На овој начин, овој час нема да се претвори во едноставно прашање, засновано врз знаење, ниту пак квиз со одговори. Исто така, важно е да се биде подготвен за јавна дискусија преку подготвување на елементите на знаење.
Прашања и одговори
Види го, исто така, материјалот за учениците 5.5. Наставникот или групата на ученици подготвуваат доволен број картички со сечење на ленти со прашања и одговори на нив, составувајќи ги и лепејќи ги заедно.
Детскиот труд до 17 години: A. Секогаш е прекршување на правата на децата. |
Детскиот труд до 17 години: В. е точно. Конвенцијата за детски права го забранува детскиот труд, ако е опасно, или ако е форма на експлоатирање, но им дозволува на владите да ја утврдат возраста за која забраната е валидна. Постои многу притисок да се постигнат построги рестрикции за детскиот труд. |
Согласно со меѓународните спогодби во врска со правото на вода: A. Владите се обврзани да им обезбедат на граѓаните чиста и здрава вода. |
Согласно со меѓународните спогодби кои имаат врска со правото на вода: Согласно со толкувањето, од страна на Комитетот за економски и социјални права при ОН, Б и В се точни, а А не е. Исполнувањето на правото на вода е нешто кон кое владите се стремат, но ова право не може да биде барано од страна на граѓаните. |
Смртната казна: A. Главно е забранета во целиот свет. |
Смртната казна: Б и В се точни, А не е. Смртната казна не е целосно забранета во договорите на ОН, ниту пак од ЕКЧП, туку и во двата случаја е забранета со еден необврзен протокол. Протокол 6 (забрана на смртната казна во услови на мир) и Протокол 13 (забрана на смртната казна во сите околности) во ЕКЧП, и двата потпишани и/или ратификувани од многу земји. |
Економски и социјални права: A. Не се вистински човекови права. |
Економски и социјални права: Б е точно. Официјално, економските и социјалните права се вистински човекови права, иако е вистина дека обврската да се признаат е многу послаба од онаа за многу граѓански и политички права. Меѓународната конвенција за економски, социјални и и културолошки права очекува државите да се стремат за нивно исполнување, но не постои европски механизам кој ќе им дозволи на поединците да поднесат жалба (иако под одредени ограничувања, на некои организации им е дозволено да го сторат тоа). |
Согласно со клаузулите од правото на образование: A. На поединците и групите им е дозволено да отворат училиште, сé додека тие исполнуваат минимум законски услови. |
Согласно со клаузулите од правото на образование: А е точно, Б и В не се. Меѓународните конвенции, како што е Конвенцијата за детски права, пропишува дека образованието мора да ги информира децата за човековите права. |
Правото да се биде признат како бегалец: A. Е дефинирано за луѓе кои имаат разбирлив страв од тоа да се биде прогонуван врз основа на нивната раса, религија или политичко мислење и да се напушти земјата како резултат на тоа. |
Правото да се биде признат како бегалец: A е точно, Б не е (иако во некои земји, на луѓето кои ја напуштаат нивната земја, како резултат на граѓанска војна или глад,им е загарантирана заштита, без да се сметаат за бегалци, според меѓународните конвенции). В не ги признава бегалците според Конвенцијата од Женева, но широко се применува во ЕУ во справувањето со барателите на азил. |
Слободата за религија: A. Не може да им биде забранета на луѓето врз основа на тоа дека тие припаѓаат на една малцинска религија. |
Слободата за религија: A е точно. Народите се обврзани да ја почитуваат слободата за религија, но немаат законска обврска за некаков систем на признавање или субвенционирање. Државите можат да ја ограничат слободата за религија, на пример, каде религијата е во спротивност на основните човекови права. |
Право на сопственост: A. Не значи дека владите не можат да ја одземат сопственоста на некого, ако тоа е од јавен интерес. |
Право на сопственост: А и Б се точни. В е очигледно грешно. |
Избори: A. На сите граѓани им е дозволено да гласаат, дури и кога тие ги имаат изгубено нивните граѓански права поради криминални дејствија. |
Избори: Само В е точно. Државата може да ги спречи лицата, кои ги загубиле нивните граѓански права, да не гласаат. Еднакви права за сите, кои имаат право на глас, е едно меѓународно правило. |
Слобода на изразување: A. Може да биде ограничена со цел заштита од клевета. |
Слобода на изразување: А и В се точни. Слободата на изразување може, под одредени околности, да биде ограничена поради причини од јавен морал, за спречување на криминал, здравствена заштита или заштита од клевета, ако ова е предвидено со закон. |
Правото на работа: A. Ги обврзува државите да обезбдат работа за сите нивни граѓани. |
Правото на работа: Само Б е точно. Во Европа, државите се обврзани да прават напори за да остварат целосно вработување, но ова не е вклучено во договорите на ОН. |
Правото на здрава животна средина: A. Им забранува на државите да фрлаат отровен отпад кој неповратно ќе ја уништи почвата. |
Правото на здрава животна средина: В е точно, иако правото на здравје ги заштитува човечките суштества од штетите, кои директно произлегуваат од загадувањето. Во овие случаи, само човечките суштества се универзално заштитени, но не и животните и растенијата. Африканската повелба и Повелбата од Европската унија, кои не се универзално валидни, постигнуваат едно сигурно проширување до правото на здрава животна средина. |
Согласно со правото на образование: A. За децата од основно образование не треба да се наплаќа школарина, само трошоците за училишните патувања и училишните учебници кои можат да бидат побарани. |
Согласно со правото на образование: Б и В се точни (овие обврски се вклучени во Конвенцијата за детски права). Во принцип, основното образование мора да биде бесплатно и ова не ја вклучува само школарината, туку и останатите индиректни трошоци поврзани со елементарните училишни активности. |
Казнување на децата во училиштата: A. Не е дозволено во форма на телесно казнување. |
Казнување на децата во училиштата: A се смета за точно, бидејќи Европскиот суд за човекови права повеќе пати ја смета телесната казна на прекршување на ЕКЧП (и ова го почитува толкувањето кое е дадено од Комитетот за детски права во Конвенцијата за детски права. Б е неточно, како забрана која е поврзана со сите сурови казни. За В, не постои клаузула која ја прави казната директно зависна од согласноста на родителите. |
На училиште: A. Не би требало да се посвети внимание на прашањата за животната средина. |
На училиште: Б и В се точни. Конвенцијата за детски права содржи вакви клаузули. Конвенцијата, исто така, определува дека образованието би требало да има цел при почитувањето на животната средина. |
На суд: A. Секој криминалец има право на адвокат. |
На суд: А и В се точни. |
Измачување: A. Дозволено е ако се користи за спречување на терористички напади. |
Измачување: В е точно (измачувањето не е дозволено дури ни во случаи на национална вонредна состојба). |
Правото на живот е прекршено ако: A. Некој умре во несреќа предизвикана од полицијата при спречување напад врз животот на некој друг. |
Правото на живот е прекршено ако: В е точно. Во случајот под А, правото на живот би можело да биде прекршено ако силата употребена од полицијата била повеќе од апсолутно потребна. |
Согласно со правото на дом: A. Сите држави се обврзани да осигураат дека никој нема да биде бездомник. |
Согласно со правото на дом: Б и В се точни. |
Согласно со правото на здравствена заштита: A. Владите не се обврзани да ги спречат несреќите на работно место. |
Согласно со правото на здравствена заштита: Б е точно. Спречувањето на несреќи се смета како обврска. Лековите можат да бидат продавани. |
Согласно со правото на слобода на движење: A. На личноста може да ѝ се забрани да одбере одредено престојувалиште од причини за јавна безбедност. |
Согласно со правото на слобода на движење: А и В се точни. Секој може да биде одбиен за виза, не само криминалците. Ограничувањата на слободата на движење може, исто така, да бидат наметнати од причини за јавно здравје, јавен ред или национална безбедност, ако е предвидено со закон. |