ТЕМА 6: Одговорност
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Втор дел: Преземање на одговорност » ТЕМА 6: ОдговорностКакви видови одговорности имаат луѓето?
Законска одговорност
Граѓаните, од која било држава, имаат право да знаат кои нивни права се во согласнот со законот и исто така, да го сфатат обемот на нивните законски одговорности кон државата и кон другите граѓани. Во демократијата, одговорностите на граѓаните, понекогаш, се сумираат во три главни должности: да гласаат, да плаќаат даноци и да го почитуваат законот.
Одговорностите често се спротивност на правата. На пример, правото на слободен говор ја носи со себе одговорноста да им се дозволи истото право и на останатите. Како и да е, луѓето кои извршуваат криминални дела не ги губат своите права, туку им ги оспоруваат правата на другите (како што е случајот со убивањето или дискриминацијата). Подеднакво, луѓето имаат обврски, кои не се заемни, на пример, одговорностите кон децата.
Морална одговорност
Во ОДГ, многу е значајно да се негува капацитетот на младите луѓе морално да размислуваат. Без овој капацитет, не може да постои критичко оценување на општествените закони или социјални структури во услови дали тие се праведни. Поради оваа причина, кога учениците учат за законите кои ги засегаат, тие исто така би требало да бидат охрабрени, критички да ја оценуваат нивната функција и цел и дали тие би требале да бидат сменети на некој начин.
Поучување за одговорноста
Со истражување на причините зошто луѓето се однесуваат на про-социјален начин, или ја потенцираат големината на потребите на другите луѓе, наставниците можат да им помогнат на учениците да станат посвесни за потребите и правата на другите. Исто така, важно за наставниците е да покажат став на одговорност пред учениците.
Учениците учат да бидат одговорни граѓани, не само преку лекции во училницата, туку и преку давање на можност тоа да го практикуваат. Со почитување на ова, доброто училиште за ОДГ ќе има желба да ги охрабри учениците да се вклучат во училишниот живот и животот на пошироката заедница, на пример, преку училишни совети.
Во оваа тема учениците ќе:
|
ТЕМА 6: Одговорност
Какви видови одговорности имаат луѓето?
Наслов на часот | Цели на учењето | Задачи за учениците | Материјали | Метод |
Час 1: Одговорности во домот |
Да се истражува степенот на одговорностите кои луѓето ги имаат. Да сфатат дека одговорностите можат да влезат во конфликт, една со друга. | Учениците ја анализираат моралната дилема. Учениците дискутираат за можните анализи. Учениците прават индивидуални изјави. | Копии од приказната „Милан избира“. Хартија за пишуваните задачи. | Индивидуална и дискусија во мали групи. Пленарна дискусија. Индивидуал- на пишувана работа. |
Час 2: Зошто луѓето би требале да го почитуваат законот? |
Да се истражува моралното расудување под кое лежат одлуките во врска со конфликтите на одговорноста. | Учениците анализираат морална дилема. Учениците критички ги оценуваат причините за законската послушност. Учениците предлагаат ситуации во кои моралната должност може да ја надмине должноста да се почитува законот. | Копии од приказната „Дилемата на Шмит“ Хартија за пишуваните задачи. Табла | Споделени анализи за моралната дилема. Анализи поддржани од наставникот. Пишување приказна. Пленарна дискусија. |
Час 3: Чиј проблем е тоа? |
Да се истражува природата на законските одговорности на луѓето. Да се истражува разликата помеѓу моралните и законските обврски. | Учениците дискутираат за одреден социјални проблеми. Учениците ја комплетираат рамката за размислување. Учениците создаваат пишувани одговори за покренатите прашања. | Копии од „писмото“. Табла Хартија за индивидуално пишување на учениците | Структурирана, критичка анализа. Анализи во мали групи и дискусија. Постигнување консензус и преговарање. Лично пишување. |
Час 4: Зошто луѓето стануваат активни граѓани? |
Да се сфати споделената природа на одговорноста за социјални проблеми. Да се сфатат причините зошто луѓето прифаќаат одговорност за страдањето на другите луѓе. Да ја истражуваат улогата на невладините организации во граѓанското општество. | Учениците работат во групи за да состават една приказна заедно. Учениците поставуваат хипотези за причините за социјално-мо- тивираното однесување. Учениците ја земаат во предвид и улогата на невладините организации. Во групи, учениците ја истражуваат работата на една НВО или организација која организира социјални кампањи. Во групи, учениците ги презентираат нивните заклучоци. |
Веќе исечени копии од парчињата за Јелена Шантиќ (материјал за учениците 6.4), Материјали за поддршка на истражување- то од страна на учениците. Материјали за групните презентации, на пр. големи парчиња хартија, дрвени боици. |
Групна работа. Преговарање. Морално расудување. Критичко оценување. Истражување. Групна презентација. |
- Час 1: Одговорности во домот
Луѓето ги искусуваат конфликтите на лојалност – како би требале тие да одлучат? Цел на учењето Да се истражува степенот на одговорностите...
- Час 2: Зошто луѓето би требале да го почитуваат законот?
Кои се најдобрите причини за почитување на законот? Цел на учењето Да се истражува природата на законските одговорности на луѓето. Да се истражува...
- Час 3: Чиј проблем е тоа?
Како се споделени социјалните одговорности? Цел на учењето Да се сфати споделената природа на одговорноста за социјалните проблеми. Задачи за учениците Учениците ја...
- Час 4: Зошто луѓето стануваат активни граѓани?
Зошто луѓето сакаат да го променат општеството и како тие можат да го направат тоа? Цел на учењето Да се сфатат причините...
- Материјал за учениците 6.1: Милан избира
Милан, речиси беше подготвен да замине на училиште, кога неговиот татко влезе во кујната. „Милан, денес навистина ми е потребна твојата помош...
- Материјал за учениците 6.2: Дилемата на Шмит
Единствената ќерка на Шмит е многу болна. Нејзе ѝ е потребна една итна операција, но единствените лекари, во таа област, кои можат...
- Материјал за учениците 6.3: Работите излегуваат надвор од контрола!
Размисли за следното писмо кое се појави во еден локален весник. Како група на локални жители, ние сме многу загрижени за бројните...
- Материјал за учениците 6.4: Избор на картички: животот на Јелена Шантиќ
1. Јелена Шантиќ беше родена во 1944. Таа беше Србинка. 2. Јелена Шантиќ почина од рак во 2000. 3. По смртта на...