Час 1: Одговорности во домот
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Втор дел: Преземање на одговорност » ТЕМА 6: Одговорност » Час 1: Одговорности во домотЛуѓето ги искусуваат конфликтите на лојалност – како би требале тие да одлучат?
Цел на учењето | Да се истражува степенот на одговорностите кои луѓето ги имаат. Да се сфати дека одговорностите можат да влезат во конфликт, една со друга. Да се истражува моралното расудување под кое лежат одлуките во врска со конфликтите на одговорноста. |
Задачи за учениците | Учениците ја анализираат моралната дилема. Учениците дискутираат за можните анализи. Учениците прават индивидуални изјави. |
Материјали | Копии од приказната „Милан избира“. Хартија за пишуваните задачи. |
Метод | Индивидуална и дискусија во мали групи. Пленарна дискусија. Индивидуална пишувана работа. |
Концептуално учењеОдговорност: Нешто што луѓето мора да го направат – одговорностите може да бидат законски, морални или социјални, во зависност од тоа од каде произлегуваат. Морален конфликт: Конфликтот, кој луѓето го искусуваат, кога треба да одлучат помеѓу два или повеќе правци на делување. Граѓанска одговорност: Должности на луѓето кон пошироката заедница. Овие одговорности се создаваат, бидејќи членството во заедницата донесува права во замена за одговорностите. |
Часот
Наставникот ја претставува идејата дека секој има одговорности од некаков вид и дека проблемите можат да се создадат кога луѓето, некои одговорности ги ставаат над другите. Тешко е да се избере. Наставникот ја чита на одделението приказната „Милан избира“ и ги замолува учениците да размислат за следните прашања. Некои прашања би можеле да бидат дискутирани во парови пред одговорите да бидат комплетирани. Заедно со другите, учениците би можеле да прават корисни белешки пред да ги споделат нивните идеи со одделението.
- Што вели приказната во врска со видовите на одговорност кои Милан ги има? Колку видови одговорност можеш да видиш (одговорност кон самиот себе, кон неговото семејство, кон училиштето, локалната заедница или кон поширокиот свет)?
- Што мислиш, што би требало да направи Милан и зошто? Дали сите во одделението се согласувате?
- Колку тешка одлука има Милан? Што ја прави тешка?
- Какви одговорности има таткото на Милан во приказната? Колку можеш да видиш?
- Дали мислиш дека таткото на Милан имаше право да го замоли да остане дома?
- Колку сериозно би било ако Милан не го послушаше неговиот татко? Дали ова би била тешка одлука за Милан? Кои се причините за твојот одговор?
Пишувана задача
Со свои зборови, напиши што мислиш дека Милан му напишал на својот татко. Спореди ја твојата верзија со оние на останатите ученици од одделението. Учениците ги споделуваат нивните идеи со одделението.
Генерализација
Можеби учениците веќе имаат идентификувано некои општи аспекти на моралниот конфликт.
Наставникот одговара на овие мисли или го замолува одделението да размислува погенерално во врска со видовите одговорности кои луѓето ги имаат кон:
- самите себе;
- нивното семејство;
- нивната локална заедница;
- националната заедница;
- поширокиот свет.
Учениците повторно работат во групи. Тие би можеле да користат табела за да ги сместат различните одговорности. Причините, зошто луѓето не се согласуваат за степенот до кој луѓето имаат одговорности за другите и за заедницата, потоа се дискутираат во одделението.
Поединечни изјави
Потоа, наставникот би требало да им даде следни информации на учениците.
„Во приказната, некои од одговорностите на Милан доаѓаат во конфликт една со друга. Размисли за некои твои примери каде одговорностите на луѓето би можеле да дојдат во конфликт. Одбери некои специфични примери и зборувај за твоето мислење како луѓето би ги решиле таквите конфликти на одговорност.“
Ако ова им е тешко за размислување на учениците, наставникот би требало да обезбеди некои специфични примери, кои го отсликуваат локалниот контекст.