Час 3: Чиј проблем е тоа?
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Втор дел: Преземање на одговорност » ТЕМА 6: Одговорност » Час 3: Чиј проблем е тоа?Како се споделени социјалните одговорности?
Цел на учењето | Да се сфати споделената природа на одговорноста за социјалните проблеми. |
Задачи за учениците | Учениците ја дискутираат одговорноста за одредени социјални проблеми. Учениците ја комплетираат рамката за размислување. Учениците создаваат пишувани одговори за поставените прашања. |
Материјали | Копии од „писмото“. Табла. Хартија за индивидуално пишување на учениците. |
Метод | Структурирана, критичка анализа. Анализи во мали групи и дискусија. Постигнување консензус и преговарање. Лично пишување. |
Концептуално учењеСоцијален проблем: Проблем кој го искусиле сите или повеќето членови на заедницата, одговорност која е споделена од различни делови на заедницата или од заедницата како целина. Одговорноста за социјалниот проблем не се споделува подеднакво помеѓу вклучените страни. Степен на одговорност: Степенот до кој некој би можел да биде одговорен за еден социјален проблем. |
Часот
Наставникот го претставува имагинарното писмо до еден локален весник. Тоа содржи поплаки во врска со два социјални проблема поради кои се загрижени жителите на градот.
Наставникот ги замолува учениците како одделение да: а) ги идентификуваат прашањата и б) да направат листа ( и за двете прашања) до оние луѓе кои би можеле да се одговорни. Наставникот може да помага при овој процес, цртајќи рамка за размислување на таблата, како што е покажано подолу.
Кој е вклучен во овој проблем, на каков и да е начин?
Групна работа
Чекор 1
Подели го одделението во групи од тројца или четворица. Дај му на секој ученик во групата одреден број на поени еднаков на бројот на вклучените страни.
Чекор 2
Секој член од групата прво ги дели поените помеѓу страните, согласно со мислењето, како одговорноста за проблемот треба да биде споделена. На пример, децата и кучињата можеби нема да добијат поени, но сопствениците на кучиња и политичарите би можеле да си ги поделат поените или едни од нив би можеле да добијат повеќе поени од другите.
Чекор 3
Кога секој член од групата ќе ја донесе неговата/нејзината одлука, тие потоа ги споделуваат нивните идеи со сите други, наведувајќи ги нивните причини. Учениците можат да се премислат на овој степен. На крај, секоја група ги собира поените дадени на секоја страна. Ова го покажува размислувањето на групата, како целина, во врска со тоа како треба да биде споделена одговорноста за овој проблем.
Наставникот дискутира со целото одделение за постигнатите заклучоци од страна на различните групи. Наставникот ги истражува различните гледишта, кои се предложени, изнудувајќи ги од учениците нивните причини кои ги подвлекле во врска со овие судови.
Ако дозволи времето, повтори ја вежбата со проблемот за отпадоците и ѓубрето. Или замени го проблемот со некој кој е позначаен за реонот во кој се наоѓа училиштето, или некој кој повеќе ќе ја мотивира на групата.
Забелешка
Проблемот, даден во овие примери, е соодветен за ученици кои немаат многу искуство во дискутирањето за политички проблеми. Тоа е поради што тие се конкретни, видливи и релативно лесно се разбираат (иако тие речиси тешко се решаваат). Постарите, или поспособни одделенија, би требало да се замолат да дискутираат за пософистицирани проблеми, како што се невработеноста или расизмот, употребувајќи го истиот вид на рамка за размислување.
Чекор 4: Дискусија која произлегува од вежбата
Во последната пленарна сесија, наставникот ги замолува учениците да размислат дали во основа, луѓето преземаат доволно одговорност за нивните дејства. Ако не, да размислат како би можеле да се убедат да го сторат тоа. Дали образованието ќе помогне на некој начин? Или потребно е да се креираат нови закони или да се воведат построги казни?Ако локалната или националната влада би прифатиле одговорност за одредени проблеми, се прашуваат учениците во врска со можните трошоци и како ова би требало да се плати. Наставникот би можел, исто, да го замоли одделението да размисли за улогата на младите луѓе во адресирањето на социјалните проблеми од овој тип. Дали тие би требало да бидат ослободени од одговорност поради нивната возраст? Дали е правилно за младите луѓе да ги оставаат проблемите на возрасните во заедницата? Ваквите прашања би можеле да ја формираат основата на личната, пишувана задача.
Наставникот ја објаснува потребата, дека локалните и државните политичари треба да бидат свесни за проблемите, паралелно како што тие се развиваат. Политиката често се однесува на совладувањето на проблемите како една заедница. Ова не значи дека владите можат да го решат секој проблем, а многу проблеми не би се појавиле ако луѓето, најпрво преземат поголема одговорност за последиците од нивните активности.