Материјал за учениците 6.4: Избор на картички: животот на Јелена Шантиќ

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Втор дел: Преземање на одговорност » ТЕМА 6: Одговорност » Материјал за учениците 6.4: Избор на картички: животот на Јелена Шантиќ
1.
Јелена Шантиќ беше родена во 1944. Таа беше Србинка.
2.
Јелена Шантиќ почина од рак во 2000.
3.
По смртта на Јелена, некои од нејзините пријатели зедоа камен од една бомбардирана зграда во Белград. Тој беше украсен од страна на деца- бегалци кои избегаа од Косово. Потоа, каменот, како симбол, беше однесен во Паркот на мирот „Јелена Шантиќ“ во Берлин.
4.
Јелена Шантиќ и Групата 484 го водеа проектот Пакрац во Хрватска, кој помогна да се изгради довербата помеѓу Србите и Хрватите, по војната во 1991. Во овој проект, нејзе ја вклучија волонтери и од двете страни, како и меѓународната заедница.
5.
Јелена Шантиќ беше основач и лидер на организацијата, наречена Група 484. Групата 484 е невладина организација (НВО). Групата 484 го поттикнува мирното решавање на конфликти, толеранцијата и соработката како основа за градење на хумани општества.
6.
Јелена напиша статии против национализмот и расизмот, кои беа публикувани на меѓународно ниво. Таа беше наградена со една меѓународна награда за нејзината работа, од страна на организацијата наречена Pax Christi.
7.
Во Берлин, постои Парк на мирот, наречен по Јелена Шантиќ, како признание за нејзината работа. Јелена зборувше на јавен митинг во овој парк.
8.
Јелена Шантиќ стана меѓународно позната балерина и наставник по балет.
9.
Јелена Шантиќ ги поддржуваше антивоените кампањи и се бореше за човековите права на сите луѓе. Таа и нејзината организација напорно работеа да им помогнат на бегалците кои се прелеваа во Србија.
10 .
Групата 484 го доби нејзиното име по еден од нивните први проекти, работејќи со 484 семејства од Хрватска кои војната ги направи бездомни. Групата 484 им даваше на бегалците помош, утеха и совет за нивните права.