Час 1: Весниците околу нас

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Трет Дел: Учество » ТЕМА 7: Одделенски весник » Час 1: Весниците околу нас

Кого тие информираат? Како тие информираат? Што тие соопштуваат?

Цел на учењето Учениците се запознаваат со различни печатени медиуми. Тие ги разбираат разликите во содржинската структура.
Задачи за учениците Учениците собираат и анализираат весници и списанија кои вообичаено се читани во нивните заедници. Тие креираат постер кој ги забележува нивните резултати.
Материјали Весници, ножици, лепило, големи листови хартија.
Метод Групна работа

Концептуално учење

Терминот „печатени медиуми“ се однесува на печатените извори на информации – таканаречените класични медиуми – вклучувајќи весници, списанија, книги, каталози, проспекти, флаери, мапи, дијаграми, поштенски картички, календари и постери.

Печатените медиуми, вообичаено, се печатат на хартија. Печатарските технологии подлежат на рапидни промени и дигиталното печатење станува многу значајно.

 

Часот

Неколку недели пред почетокот на овој час, наставникот ги замолува учениците да ги соберат сите весници и списанија кои се во нивниот дофат и да ги донесат на училиште. За да се поддржат учениците во нивната работа, се препорачува, настрана, да се постави маса во училницата, која ќе се користи за презентации. Со малку среќа, ученикот може да пронајде полица за весници од некој продавач на весници, што претставува идеално средство за презентирање на весници и списанија. Наставникот треба да се осигура дека се вклучени сите главни дневни весници.

Наставникот го започнува првиот час со информирање на учениците за целите и задачите на оваа тема. Наставникот треба да нагласи дека овој час е почеток на проект кој може, и треба, да биде продолжен барем за половина училишна година. Учениците, исто така, треба да сфатат дека овој проект им ја нуди можноста да соберат практично новинарско искуство. Искуството покажало дека идните новинари често ги започнувале првите чекори во проекти од ваков тип.

Учениците формираат мали групи, по можност од три или максимум четири ученици. Секоја група анализира различен весник или списание. Учениците се водени од следните прашања:

  • Кои рубрики се содржани во весникот или списанието?
  • По каков редослед се појавуваат рубриките?
  • На кои целни групи им се обраќаат рубриките? Кои членови на семејството се посебно заинтересирани во читањето на одделни рубрики?
  • Кои теми се покриваат во рубриките за прашањето кое групата го истражува?
  • Одберете по еден типичен запис од  секоја  рубрика.  Исечете  ги  овие записи и залепете ги на лист од хартија за да направите постер.

Постерот треба да го носи името на весникот или списането, по можност со оригиналниот наслов, и прашањата, прикажани погоре, треба да бидат одговорени. Ученикот треба да се потсети на важноста од јасен и подреден приказ.

Во оваа фаза, важно е учениците да ја разберат основната структура на нивниот весник, според тоа овозможувајќи им јасно презентирање и објаснување на часот.

Групите ги подготвуваат нивните презентации за следниот час со цел да го рекламираат нивниот весник и списание, нагласувајќи ги сите предности и способности. Откако ќе се слушнат сите презентации, одделението треба да одлучи кој весник тие го сметаат за најинтересен и информативен. Целта на овој чекор е да се добие бесплатна достава на овој весник за неколку недели, услуга која многу издавачи на весници имаат желба да им ја обезбедат на училиштата.

Во оваа фаза, наставникот има советодавна улога. Тој/таа ќе ги поддржи учениците во истражувањето на внатрешната структура на весникот, бидејќи не сите  весници се подеднакво лесни за анализирање. Наставникот, исто така, треба да ги набљудува учениците во нивната тимска работа за да се осигура дека секоја група е способна да направи добра презентација и да ја заврши својата работа до крајот на часот. Обидот да се биде премногу перфектен, ќе го наруши времето предвидено за оваа активност.