Час 2: Нашиот весник е најдобар… зарем не се согласувате?

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Трет Дел: Учество » ТЕМА 7: Одделенски весник » Час 2: Нашиот весник е најдобар… зарем не се согласувате?

Што е тоа што еден весник го прави да биде добар весник?

Цел на учењето Учениците ги разјаснуваат критериумите за идентификување на добар весник или списание.
Со тоа, тие стануваат свесни за своите погледи, вредности и интереси.
Задачи за учениците Учениците ги оценуваат презентациите на другите групи и се согласуваат на компромиси.
Материјали Подготвени презентации од претходниот час. Табла или флип чарт.
Метод Групни презентации, пленарна дискусија и оценување.

Концептуално учење

Терминот „слобода на печатот“ се однесува на правата на новинарите слободно да ја работат својата работа, заедно со правото на нецензурирано објавување на информациите и мислењата. Слободата на печатот зазема конкретна форма во специфичните права на новинарите да одбијат да дадат доказ и ограничување на набљудувањето на новинарите со звучна опрема („прислушкување“), со цел да се заштитат изворите на информациите кои им требаат на новинарите за нивната работа. Пристапот до професијата новинар не е предмет на државна регулација и обуката на новинарите е организирана приватно и без никакво државно влијание.

 

Часот

Вториот час започнува со презентациите. Групите ги подготвиле своите постери и ги селектирале исечоците од весници или списанија. Може да биде корисно да им се дадат на групите пет минути на почетокот од часот за да ги прегледаат своите презентации. Учениците ги оценуваат презентациите, користејќи дефинирани критериуми. Наставниците можат да ги претстават овие критериуми и да подготват матрица како следната.

  Група 1 Група 2
Група 3
Група 4
Група 5
Поени
Име на весникот или списанието
Постер
Формални аспекти на презентацијата
Содржина на презентацијата
Формални аспекти на весникот или списанието
Содржина на весникот или списанието

 

На оценувањето не треба да му биде дадено задоцнето значење, туку треба, преку елементот на конкуренција, да ги мотивира учениците да испорачаат добра презентација.

По презентациите, учениците треба да ги оценуваат печатените медиуми кои ги виделе (критичко мислење), фокусирајќи се на следните прашања:

  • Што е она што го прави еден весник да биде „добар“ весник?
  • На која цел му служи?
  • Што мислиме за весниците кои ни биле презентирани?
  • Што може да биде подобрено?

Искуството покажало дека наставникот ќе поддржи и даде структура на дискусијата, забележувајќи дека идеите на учениците биле подготвени на флип чартот пред часот. Алтернативно може да се користи и училишната табла, но тоа има недостаток дека информацијата нема да биде достапна за следниот час. На крајот од часот, наставникот предлага дека учениците треба да направат и јавно да презентираат училиштен „ѕиден весник“. Учениците се замолуваат да размислат за задачата и да размислуваат кои делови треба да бидат вклучени, со цел да се даде сеопфатен поглед на училишниот живот, и кои делови ќе бидат заинтересирани да ги направат сами. Тие, исто така, треба да предложат име за нивниот весник.