Час 3: Ние го правиме нашиот ѕиден весник

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Трет Дел: Учество » ТЕМА 7: Одделенски весник » Час 3: Ние го правиме нашиот ѕиден весник

Сите „да“ и само неколку „не“

Цел на учењето Во групи, учениците се согласуваат за опсегот на теми и цели. Тие соработуваат во група, споделувајќи ги своите идеи и способности со тимот.
Задачи за учениците Учениците одлучуваат за структурата што ќе ја има нивниот заеднички весник. Тие идентификуваат теми кои се значајни за нивното училиште и пишат одредба за нивниот дел од ѕидниот весник.
Материјали Во зависност од достапните материјални ресурси, резултатите ќе варираат од рачно напишани текстови до компјутерски принтови со дигитални фотографии.
Метод Носење заеднички одлуки. Тимска работа.

 

Часот

Во групи од три или четири лица, учениците ги споделуваат своите идеи за кои делови од весникот обезбедуваат значајни информации за животот во училиштето.

Наставникот подготвил мал ѕиден весник за секоја група, лепејќи три листови во А4 формат, ставени заедно. Потоа, на групите им се дава задача да дизајнираат главна структура на весникот, вклучувајќи име на весникот, можен дизајн и деловите кои ги одбрале учениците. Нивните резултати можат да изгледаат вака:

Ученичка хроника

Најнови вести

Спорт


Најчитанивести

Настани


Родителите

Нашиинтереси

Сугестиите, дадени од групите, се изложени на ѕидот во училницата и на учениците им се дава време да ги прочитаат постерите и да формираат сопствени мислења. Потоа „уредничката конференција“ ги носи следните важни одлуки:

  • Името на весникот (размена на гледишта, дискусија и финално гласање);
  • Избор на деловите кои се најзначајни и најсодржински за училиштето и учениците.

Учениците сега формираат мали тимови, при што бројот на тимови треба да кореспондира со бројот на делови кои треба да бидат направени, како и еден дополнителен тим кој е одговорен за продукцијата. На почетокот, продукцискиот тим се справува со практични прашања, како што е дизајнот и презентацијата на ѕидниот весник. Претходно, наставникот го информирал својот претпоставен за овој проект и добива негова согласност за изложување на училишниот весник во училишните простории.

Додека уредувачките тимови ги планираат првите статии за различните делови, наставникот дискутира со продукцискиот тим за техничките аспекти.

На учениците им се даваат задачи кои треба да бидат завршени за следната недела. Секој уредувачки тим поднесува статија и продукцискиот тим го прави ѕидниот весник, комплетно со насловен дизајн, покажувајќи го логото и името на весникот и деловите кои биле одбрани.

Оваа задача им дозволува на учениците да го искусат својот прв успех, но исто така, моментно ги соочува со присутните потешкотии. Целта на овој приод е да се постави постојан тим на уредници кои редовно ќе ги објавуваат училишните вести. Тимовите ќе бидат составени од посебно активни и заинтересирани ученици, кои се способни да продолжат со проектот за ѕиден весник во подолг временски период.