Основен материјал за наставниците
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Трет Дел: Учество » ТЕМА 7: Одделенски весник » Основен материјал за наставницитеТри димензии за развивање на медиумска писменост
1. Прва димензија: проценка на медиумите
Проценката на медиумите може да биде резимирана во старогрчкиот глагол Κρινειν (krinein), што оригинално значи „да распознава“ и се однесува на постојаното стекнување и одразување на знаење и искуство.
Медиумското проценување е медиумска анализа. Оваа аналитичка под- димензија се однесува на способноста да се согледаат и разберат настаните во општеството, како што е процесот на концентрација во медиумскиот бизнис, кој може да ја загрози функцијата на медиумите во демократското општество. Во овој пример, важно е да се знае кој го поседува соодветниот весник и колку типови на медиуми се поседувани од истата компанија. Како и да е, ние не треба да заборавиме дека медиумите функционираат како комерцијални компании кои мора да создаваат профит. И дали сакаме или не, колку повеќе независни и глобализирани стануваат нашите животи, толку повеќе ние треба да се потпираме на медиумите. Анализата на медиумите ни овозможува критички да ги расудуваме медиумските настани – да правиме разлики – со што адекватно би имале корист од нашата медиумска писменост.
(Само) – одразувачката поддимензија значи дека треба да можеме да го поврземе и примениме нашиот аналитички потенцијал и знаење кон самите себе и нашата лична сфера на дејствување. Особено кога се работи со медиуми, ние имаме силна тенденција да зборуваме за „другите“ и да го игнорираме нашето лично учество. Способноста да се анализира и размислува вклучува трета под- димензија, етичка грижа за другите, која го балансира и дефинира аналитичкото размислување и само-рефлексијата, во однос на социјалната одговорност.
2. Втора димензија: знаење за медиуми
Тука упатуваме на „чистото“ знаење за медиумите и медиумските системи. Ова може да биде поделено во две поддимензии.
Поддимензијата на информации вклучува основно знаење за тоа како новинарите ја прават својата работа, типовите на програми кои се пренесуваат на телевизија и радио, причините за преференциите на гледачите кога гледаат телевизија и како компјутерот може да биде искористен ефективно да послужи за потребите на корисниците.
Поддимензијата на вештини, ја додава на медиумското знаење способноста да се користи нова опрема, без да се читаат прирачниците со инструкции. Ова го вклучува процесот на „учење преку правење“ – како да се работи со компјутер, како да се пристапи на интернет, како да се користи камера, итн.
3. Трета димензија: корист од медиумите
Користа од медиумите може исто така, да биде поделена во две поддимензии:
- Способноста за користење на медиумски производи, тоа е, примањето и конзумирањето на тоа што го произвеле медиумите. Гледањето на телевизија е пример за ова. Тоа е активност во која ние треба да го процесираме тоа што сме го виделе, и да го интегрираме во нашите мисловни структури и репертоар на замисли. Денес, можеме да ја збогатиме нашата способност за сфаќање, не само преку читање на текстови, туку и преку гледање на филмови.
- Активно користење на медиумска опрема. Оваа поддимензија се однесува на медиумското користење во социјалната интеракција. Примери се теле- банкарството, теле-купувањето, видео и телефонски конференции, традиционални и дигитални фотографии и видео продукција. Големиот избор на различни достапни медиуми ни го дава потенцијалот да го согледаме светот не само преку примање на информацијата, туку и со нејзино продуцирање. Часот за медиуми се фокусира прецизно на ова активно користење на медиумите, и исто така, вклучува поврзаност со другите две димензии на медиумско образование, споменати погоре.