Час 1: Добар закон – лош закон

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Четврт дел: Моќ и авторитет » ТЕМА 8: Правила и закон » Час 1: Добар закон – лош закон

Што е она што го прави законот да биде добар?

Цел на учењето Да се биде свесен и да се разберат факторите што влијаат на онашто го прави законот добар.
Задачи за учениците Да  се дискутираат училишните правила и да се идентификува што е она што го прави училишното правило добро.
Да се дискутираат законите и да се идентификува што е она што го прави законот добар.
Критички да испитаат област од законот во нивната земја, пр. закони за алкохолот.
Да се предложи и оправда нивното ново училишно правило или закон.
Материјали Две картички за секој ученик – една означена со буква „A“ (во зелено), другата со буква „Б“ (во црвено). Прилог – Закони за алкохол во нашата земја.
Копии од материјалот за учениците 8.1 – една копија за секои два ученика.
Маркери и голем лист хартија за секоја група од 4-6 ученици.
Метод Мала групна работа и одделенска дискусија.

Информации за темата

Методот, искористен на овој час, е познат како „индуктивно учење“. Тоа е кога наставникот им помага на учениците да ги разберат апстрактните принципи, базирајќи ги на конкретни примери. Часот започнува со такви примери – во овој случај примери на правила и закони – и учениците се охрабрени да извлечат општи принципи од нив. Овде, принципите се критериуми кои можат да бидат применети на правила или закони за судење дали тие се добри закони или не: Дали се праведни? Дали се корисни? Дали се за доброто на сите? Дали полицијата ќе ги спроведува? Дали се едноставни за разбирање и исполнување?

Каде што е потребен конкретен материјал, на пример, закони за алкохол кои што се применуваат во земјата, наставникот или учениците ја имаат задачата за вклучување на овој материјал на часот.

 

Часот

Наставникот го започнува часот со давајќи им на учениците по две картички – една означена со буква „A“ (во зелено), другата со буква „Б“ (во црвено). Наставникот им објаснува на учениците дека тие ќе слушнат некои замислени училишни правила и тие треба да одлучат дали сметаат дека тие правила би биле добри или лоши. За добрите правила треба да ја подигнат картичката „A“, а за лошите правила картичката „Б“.

Наставникот ги чита замислените училишни правила едно по едно. Учениците мораат секогаш да истакнат една од нивните картички – во однос што мислат за правилото. Правилата би можеле да вклучат:

  • Домашната работа е забранета;
  • Без насилништво;
  • Учениците треба да плаќаат за доаѓањето на училиште;
  • Да не се носат гуми за џвакање на училиште;
  • Учениците мора да ги сакаат сите наставници;
  • Учениците да одбираат на кои часови сакаат да одат;
  • Постарите наставници треба да имаат полесен распоред;
  • Забрането користење на мобилни телефони во училиште.

За секое правило, наставникот треба да запраша два или три различни ученици за да ги оправдаат нивните одлуки:

  • Зошто мислиш дека тоа е добро/лошо правило?

Идеите на учениците не треба понатаму да се дискутираат или коментираат во оваа фаза.

Понатаму, наставниците треба да го поделат класот во групи од 4-6 и да ги замолат учениците да ги покажат факторите кои прават едно училишно правило да биде добро правило:

  • Што е она што го прави едно правило да биде добро правило?

Групите треба да ги презентираат своите идеи пред целото одделение.

Следно, наставникот ја повторува целата вежба со одделението – читање на изјави, учениците ги држат своите картички и ги оправдуваат своите одлуки, итн. – но сега повеќе фокусирајќи се на замислени закони, отколку на училишни правила. Законите кои се користат можат да вклучат:

  • Сите граѓани треба да следат иста религија;
  • Убивањето е погрешно;
  • Да не се кажуваат лаги;
  • Брзата храна треба да биде забранета;
  • На граѓаните треба да им се дозволи да одлучуваат сами на која страна од патот сакаат да возат;
  • Жените треба да бидат исто платени како и мажите;

Наставниците, потоа, треба да им кажат на учениците да се вратат во своите групи и да се обидат да ги покажат факторите кои прават еден закон да биде добар закон:

  • Што е она што го прави еден закон да биде добар закон?

Групите треба да ги презентираат своите идеи пред целото одделение. Со тоа, наставникот се обидува да го насочи мислењето на учениците кон бројни клучни критериуми кои можат да бидат применети врз законите и кои помагаат да се направат добри закони. Тие вклучуваат:

  • Праведност – правда и еднаквост, како еднакво плаќање на мажите и жените;
  • Корисност – беспрекорно управување со општеството, како законите за возење кои ги прават патиштата побезбедни;
  • Заедничко добро – не само поддршка на интересите на одредени групи, како на богатите;
  • Присилување – мнозинството е способно да ги почитува нив, полицијата ги гони оние кои ги прекршуваат;
  • Едноставност – лесни за разбирање и почитување, не премногу комплицирани.

Кога одделението се согласува за овие критериуми, тие треба да бидат прикажани на флип чарт во училницата за да може секој да ги види. Насловот на изложувањето треба да биде: „Што е она што го прави еден закон да биде добар закон?“

Наставникот, потоа, треба да ги замоли учениците, во нивните групи, да проучат закон или законска област од нивната земја (како законите за алкохол). Овој материјал треба да биде обезбеден во прилог. Ако има повеќе слободно време, учениците можат да добијат други материјали за кои се заинтересирани, на пример, правата и обврските на децата и тинејџерите. На секоја група им се дава маркер и големо парче хартија и се бара да приготват презентација за одделението, дали тие мислат дека законот, кој го одбрале, е добар или не – користејќи ги принципите кои тие претходно ги идентификувале и кои се истакнати на ѕидот во училницата.

Групите ги прават своите презентации за одделението.

Како конечна вежба или домашна работа, учениците можат да се замолат да предложат нов закон или ново училишно правило на тема по нивен избор, како животната средина, и да приготват аргументи за воведувањето преку клучните принципи кои тие ги идентификувале.