Кој доказ треба да се вреднува во суд?

Цел на учењето Да се разберат правилата на докази во суд.
Задачи за учениците Да се размислат видовите на докази, кои треба да се вреднуваат на суд, и видовите на докази кои би биле грешни да се користат.
Ресурси Картички за дискусија (материјал за учениците 8.2) за секоја група од 4-6 ученици.
Метод Мала групна работа и одделенска дискусија.

Информации за темата

Еден од клучните елементи во секој систем на криминална правда е сет на правила кои определуваат кои видови на докази треба и не треба да се користат на суд со цел процесот да биде праведен. На пример, дали е фер да се користи „ти реков – ми рече“ доказ (тоа е доказ не директно добиен од сведок, туку кажан од некој друг), доказ добиен како резултат на измачување или закана за насилство или доказ добиен преку „насочувани прашања“, тоа се прашања кои ги ставаат зборовите во устата на сведокот?

 

Часот

Наставникот го започнува часот со покажување на следната одредба од ЕКЧП (1950), и тоа усно и во пишувана форма на училишната табла или флип чартот:

“Секој, кој е обвинет за криминален престап, ќе се смета за невин додека не се докаже вина според законот.”

Европска конвенција за човекови права (1950), член 6, бр. 2

Наставникот ги поканува учениците да ја објаснат оваа одредба. Наставникот може да ја додаде категоријата на почетна пресумција на невиност. Учениците треба да ја разберат важноста на овој принцип за праведно судење и треба да научат дека обвинета личност може да биде осудена само ако се дадени доволни докази кои ќе ја докажат неговата/нејзината вина. На овој час, учениците ќе погледнат во правилата за доказ на суд.

Учениците треба да формираат групи од 4-6.

Наставникот, потоа, им кажува на групите за кривичното судење кое се случува. Се однесува на млад човек, кој се вика Мануел, кој е обвинет за крадење на автомобил кој припаѓа на г-дин. Кеј. Автомобилот исчезнал пред куќата на г- дин. Кеј доцна навечер и бил откриен напуштен, надвор од селото, следното утро. Автомобилот бил потурен со бензин и запален. Мануел бил уапсен од полицијата, подоцна таа недела, и обвинет за кражба и штета.

Наставникот, потоа, им дава на групите шпил од картички за дискусија. Секоја од картичките содржи некој доказ што обвинителот го користи на суд за да докаже дека Мануел е виновен

Наставникот им кажува на групите:

  • Да ги стават доказите во ред – од најсилен до најслаб;
  • Да одлучат дали некој доказ треба да се отстрани целосно, бидејќи е, или не значаен или неправеден.

Групите ги презентираат нивните идеи пред остатокот од одделението и се обидуваат да се согласат за оние докази кои треба да се прифатат и оние кои целосно треба да се отфрлат.

Наставникот им кажува на учениците да се вратат во нивните групи и да размислат:

  • Кои  прашања би сакал судот да ги постави на овие сведоци  или  на Мануел? Зошто?
  • Дали постојат некои прашања кои би било неправедно судот да им ги постави? Ако да, кои видови и зошто?

Групите ги презентираат своите идеи пред одделението, работејќи колективно, обидувајќи се да изготват листа на видови на докази и типови на прашања кои мислат дека би било грешно да се користат на суд. Ако дозволува времето, овој час може да води до истражувачка задача. За домашна работа, учениците треба да ги истражат правилата на доказ кои се применуваат во кривичните судења во нивната земја и да ги презентираат откритијата пред одделението на следниот час.