8.1. Дополнителни информации за наставниците: Интеграција, не криминализација
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Четврт дел: Моќ и авторитет » ТЕМА 8: Правила и закон » 8.1. Дополнителни информации за наставниците: Интеграција, не криминализацијаТомас Хамарберг (Thomas Hammarberg), Комесар за човекови права, Совет на Европа
Во повеќето европски земји, тинејџерите не се мнозинство во целокупните криминални статистики. Исто така, малолетничките криминални показатели остануваат повеќе или помалку стабилни, од година во година, низ целиот континент.
Тоа не значи дека проблемот не е значаен. Загрижувачки тренд, укажан од неколку земји, е дека некои злосторства, извршени од млади прекршители, станале многу понасилни или посериозни. Ова е предупредувачки сигнал самиот за себе. (…).
Во моментов, постојат два различни тренда во Европа. Еден е да се намали возраста за кривична одговорност и да се затвораат повеќе деца на помлади години. Другиот тренд е – во духот на Конвенцијата за правата на детето на ООН – да се избегне криминализацијата и да се бара некој вид на семејно или други видови на социјални алтернативи за затворање.
Тука ќе расправам за вториот приод. Во тоа сум поддржан не само од Конвенцијата при ООН, туку и од Европската мрежа на детски правобранители. Во изјава во 2003 година, не помалку од 21 народни правобранители нагласија дека децата во конфликт со законот се првенствено деца кои сеуште имаат човекови права.
Тие предложиле дека возраста за кривична одговорност не треба да биде намалена, туку зголемена – со цел прогресивно да се достигнат 18 години – и тие иновативни системи за одговарање на малолетничките престапници под таа возраст, треба да бидат судени, фокусирајќи се на нивното образование, реинтеграција и рехабилитација.
Конвенцијата за правата на детето – ратификувана од сите европски земји – им укажува на владите да воспостават минимална возраст под која се претпоставува дека децата немаат капацитет да го прекршат казнениот закон. Договорот не опишува на која возраст точно треба да се повлече линија. Како и да е, Комитетот, кој ја набљудува имплементацијата на Конвенцијата, изразува загрижување за ниската возраст во неколку земји. Во повеќето европски земји, децата се сметаат за кривично одговорни помеѓу 12 и 15 или 16, но исто така, постојат примери каде возрасната граница е 7, 8 и 10 години.
Иако пораката на Конвенцијата за правата на детето е дека криминализацијата на децата треба да се избегне, тоа не значи дека младите прекршители треба да се третираат како тие да немаат одговорност. Спротивно, важно е дека младите луѓе треба да се сметаат за одговорни за нивните акции и, на пример, да земаат учество во поправањето на штетата која ја предизвикале.
Прашањето е каков вид на механизам треба да го замени обичниот кривичен правен систем во такви случаи. Процедурите треба да ја препознаваат штетата кон жртвите и треба да направат младите прекршители да разберат дека делото е неприфатливо. Таков одделен малолетнички механизам треба да има за цел признавање на вината и рехабилициони санкции.
Во процесот за санкции се наоѓа разликата во однос на обичната кривична процедура. Во малолетничката правда треба да нема одмазда. Целта е да се воспостави одговорност, и истовремено, да се промовира реинтеграцијата.
Младите прекршители треба да ја научат лекцијата и никогаш да не го повторат лошото дело.
Тоа во реалност не е лесно. Се бараат иновативни и ефективни општествени санкции. Во принцип, родителите на прекршителот, или друг законски старател, треба да бидат вклучени, освен ако тоа не се смета за контрапродуктивно за рехабилитацијата на детето. Во кој и да е процес, треба да постои можност детето да им се спротистави на обвиненијата и дури да упати жалба.
Интересна процедура на „спогодување“ е воведена во Словенија. Таму, случај на обвинет малолетник може да се упати на медијатор, ако на тоа е согласен обвинителот, жртвата и обвинетиот. Медијаторот потоа бара да постигне спогодба која би била задоволителна и за жртвата и за обвинетиот и според тоа судењето може да биде избегнато.
Треба да се истакне уште еден аспект: важноста на брз одговор кон прекршителот. Одложените процедури – кои се проблем во неколку европски земји денес – се посебно несреќна околност кога станува збор за млади прекршители, чии лоши постапки треба да се согледаат како повик за моментна помош. (…)
Томас Хамарберг (Thomas Hammarberg), Комесар за човекови права, Совет на Европа, извадок од „Димензија на човековите права во малолетничката правда“, презентација дадена пред Конференцијата на главни обвинители од Европа, Москва 5-6 јули 2006. Извор: http://www.coe.int/t/commissioner/