Час 2: Ако ти беше претседателот

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Четврт дел: Моќ и авторитет » ТЕМА 9: Влада и политика » Час 2: Ако ти беше претседателот

За што служи владата?

Цел на учењето Учениците можат да ги објаснат функциите и одговорностите на владеењето.
Задачи за учениците Учениците замислуваат дека формираат влада и треба да решат како да се потрошат владините пари. Тие размислуваат за видовите на социјални идеали кои сакаат да ги постигнат.
Материјали Големо парче хартија, маркери и ливчиња за секоја група од 4-6 ученици.
Метод Постери, презентации, мала групна работа и одделенска дискусија.

Концептуално учење

Должноста на владата во демократското општество е да го промовира заедничкото добро. Тоа е повеќе отколку доброто на мнозинството. Тое е она што претставува основна полза на сите членови на општеството. Што значи тоа во практика, често е предмет на дебата. Бројни различни – понекогаш конфликтни социјални идеали се предлагани како – социјална помош, безбедност, правда, социјална хармонија, човекови права или просперитет. Давање предност на овие идеали во реалните потрошувачки планови може да биде тешко, особено кога достапните ресурси на владата се секогаш ограничени.

 

Часот

Наставникот го започнува часот со делење на учениците во групи од 4-6 и давање на секоја група големо парче хартија и маркери.

Тој им кажува на групите да замислат дека живеат во одреден момент од иднината и дека ги поставиле да бидат главни во владеењето на државата – со други зборови, тие се владата. Како влада, тие имаат за трошење 6 милијарди долари. Наставникот може да ја прилагоди оваа вредност на годишниот буџет на владата во земјата.

Задачата на групите е да решат како ќе ги потрошат овие пари во текот на следната година. Користејќи хартија и маркери, секоја група прави постер објаснувајќи како, како влада, ќе ги потрошат овие средства и потоа да дадат презентација опишувајќи ги идеите на остатокот од одделението. На крајот од секоја презентација, другите ученици имаат можност да ја прашуваат групата за нејзините планови за трошење.

Наставникот, исто така, ги прашува групите како начин на воведување на нова информација во врска со економијата и начинот на кој функционира владата, на пример:

  • Дали сте помислиле да искористите нешто од парите за да го отплатите надворешниот долг?
  • Дали треба да искористите дел од парите за да отворите работни места?
  • Колку важно е за владата да троши пари за образованието?

Наставникот потоа работи со целото одделение за да исцртаат листа, видлива за секој, за сите работи на кои тие мислат дека владата треба да троши пари. Следно, наставникот им кажува на учениците да се вратат во нивните групи и им дава на секоја група ливче хартија кое содржи листа на социјални идеали, кои една влада во демократското општество може да се обидува да ги постигне, на пример:

  • Социјална помош;
  • Безбедност;
  • Правда;
  • Социјална хармонија;
  • Човекови права;
  • Просперитет.

Групите треба да се обидат да ги согласат идеалите од листата со областите за трошење, кои веќе ги определиле, земајќи ги предвид кои од идеалите се постигнати со секој од нивните потрошувачки ставки.

Наставникот ги прашува учениците да ги презентираат нивните идеи пред одделението во целина, и го завршува часот со прашување на сите ученици:

  • Што мислите, која е најважната одговорност која владата мисли дека ја носи?

За домашна работа, наставникот ги замолува учениците да пронајдат некои од начините на кои се трошат владините пари во нивната земја. Тие можат да го направат тоа со гледање на телевизија или читање на весник. Учениците презентираат што откриле на почетокот од следниот час и размислуваат дали нивните приоритети би биле исти.