Час 3: Јас и мојата улога

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Четврт дел: Моќ и авторитет » ТЕМА 9: Влада и политика » Час 3: Јас и мојата улога

Што треба една држава да очекува од нејзините граѓани?

Цел на учењето Учениците учат за должностите на граѓаните во демократското општество.
Задачи за учениците Учениците размислуваат за тоа кои обврски ги имаат граѓаните и како тие можат да бидат охрабрени посериозно да ги прифатат нивните обврски.
Ресурси Сет од картички за дискусија (материјали за учениците 9.2.) големо парче хартија и маркери за секоја група од 4-6 ученици.
Метод Презентации, мала групна работа и одделенска дискусија.

Концептуално учење

Граѓаните во демократското општество треба да очекуваат да им бидат доделени определени права како: граѓански права, политички права, социјални права, културни права и права за животната околина. Што би требале да бидат овие права е материја за дебата, како што е и прашањето за одговорностите кои доаѓаат со овие права. Некои луѓе мислат дека граѓаните треба да имаат само една одговорност – да го почитуваат законот. Други сметаат дека општеството бара граѓаните да имаат многу поголем обем на одговорности.

 

Часот

Наставникот го започнува часот со делење на учениците во групи од 4-6 и им дава на секоја група сет од картички за дискусија (материјал за учениците 9.2.). Секоја од картичките содржи по една граѓанска должност.

Наставникот им кажува на групите да ги сортираат картите во три категории – во зависност од тоа дали сметаат дека предложената должност на картичката треба да се примени на:

  1. СИТЕ граѓани;
  2. НЕКОИ граѓани; или
  3. НИТУ ЕДЕН граѓанин.

Наставникот потоа им кажува на учениците да ги презентираат нивните одлуки пред целото оддление и да го образложат своето размислување.

Учениците се враќаат во нивните групи и им се дава голем лист хартија и маркери. Наставникот им кажува на групите дека нивна задача е да нацртаат „граѓанска повелба“. Тие треба да го поделат листот хартија на две колони. Во првата колона треба да напишат што мислат во врска со тоа дека граѓаните треба да очекуваат од нивната држава ( под насловот „ПРАВА“), а во втората, што се очекува од граѓаните за возврат на тоа (под насловот „ОДГОВОРНОСТИ“).

Кога тие ќе завршат, групите треба да ги презентираат нивните идеи на остатокот од оддленето и да им дадат можност на другите ученици да ги испрашуваат за нивната работа.

Конечно, наставникот треба да го запраша целото оддление:

  • Дали мислите дека граѓаните во вашата држава секогаш ги спроведуваат нивните одговорности како граѓани, онака како што треба? Зошто да, или зошто не?
  • Кои видови на работи мислите дека би можеле да бидат направени за луѓето да се охрабрат посериозно да ги преземаат нивните одговорности како граѓани?
  • Дали мислите дека на граѓаните треба да им се одземат некои права, ако тие соодветно не ги спроведуваат нивните одговорности како граѓани? Зошто да, или зошто не?

За домашна работа, учениците треба да спроведат анкета во семејството и кај пријателите, прашувајќи ги што мислат дека одговорностите треба да бидат. Тие треба да ги презентираат резултатите пред одделението на почетокот од следниот час.