Час 4: Ученички парламент

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Четврт дел: Моќ и авторитет » ТЕМА 9: Влада и политика » Час 4: Ученички парламент

Како треба да се владее со училиштата?

Цел на учењето Учениците можат да ги дефинираат критериумите во однос на тоа како треба да се владее со училиштето и улогата на ученичките тела во овој процес.
Задачи за учениците Учениците размислуваат како би работел нивниот идеален ученички парламент.
Материјали Прашалник за секој ученик (материјал за учениците 9.3.) големо парче хартија и маркери за секоја група од 4-6 ученици.
Метод Презентации, индивидуална, мала групна работа и одделенска дискусија.

Концептуално учење

Младите луѓе се исто така граѓани. Тие имаат право на збор за работите кои влијаат врз нив и нивните заедници. Ова го вклучува и нивното училиште. Механизмите кои дозволуваат учениците да имаат збор во работењето на нивните училишта, не само што помага да се осигура дека младите луѓе го уживаат ова право, туку исто така им помагат да научат за демократските процеси. Сепак, какви можат да бидат овие механизми, е прашање за дебата. Некои луѓе мислат дека е важно секое училиште да има свој одделен ученички парламент, други велат дека тоа не е потребно и дека постојат други патишта за создавање на можности учениците да придонесат во работењето на нивното училиште.

Часот треба да започне со ученички инпути кои ги приготвиле како домашна работа. Во зависност од обемноста на нивниот материјал и потребата за дискусија, предвиденото време можеби треба да биде зголемено и на следниот час. Бидејќи постојат граници за оваа опција, наставникот може исто да ги собере ученичките работи и да им даде писмен одговор. Сепак, наставникот треба да се осигура дека на ученичката работа ѝ се придава внимание.

 

Часот

Учениците го започнуваат часот со презентирање на резултатите од нивните анкети кои покажуваат што мислат нивните семејства и пријатели за одговорностите како граѓани. Учениците дискутираат за нивните резултати. Наставникот го претставува новиот наслов упатувајќи на ученичкиот материјал, како соодветен, и прашувајќи ги учениците што мислат за тоа колку добро работи нивниот училиштен совет или ученички парламент. Ако моментно не постои ниту една форма на претставување на учениците, наставникот треба да ги запраша учениците дали тие знаат некои училишта кои го имаат тоа, и ако знаат во каква форма го изведуваат.

Наставникот им кажува на учениците дека нивната задача е да го замислат идеалниот ученички парламент – кој претставува група на демократски избрани ученици кои ги претставуваат интересите на ученичкото тело во нивното училиште.

Потоа го дава прашалникот (материјал за учениците 9.3.) кој учениците самостојно го пополнуваат.

Наставникот, потоа, ги дели учениците во групи од 4-6. Учениците во групите имаат некое време да ги споредат нивните одговори на прашалникот и да се прашаат меѓусебно одредени прашања. Следно, наставникот ѝ дава на секоја група големо парче хартија и маркери. Задачата за групите е да го скицираат уставот на нивниот идеален училиштен парламент. Наставникот треба да објасни што е устав и да даде некои примери на правилата кои може да се очекува да се најдат во уставот на ученичкиот парламент.

Кога групите ќе завршат, тие ја презентираат нивната работа пред остатокот од одделението и ги земаат предвид прашањата кои ќе произлезат, на пример:

  • Колку моќ треба да имаат учениците, а колку училишниот директор и наставниците?
  • Кој треба да го има последниот збор во одлуките кои влијаат на работењето на училиштето?
  • Дали училиштето може да биде демократија?

Конечно, учениците треба да направат одделенска презентација за училишниот директор, и ако сакаат, да направат некои конкретни предлози за нивниот сопствен училиштен парламент.

За домашна работа, учениците треба да спроведат анкета кај семејството и пријателите, прашувајќи ги:

  • Дали мислите дека секое училиште во државата треба да има ученички парламент? Зошто да и зошто не?
  • Учениците треба да ги презентираат резултатите од нивната анкета на почетокот од следниот час.