Учество во демократија

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија

Наставни планови за образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права за повисоките години од средното образование….

Read More…

Ова е прирачник за наставници по Образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и Образование за човековите права (ОЧП), уредници на прирачници по ОДГ/ОЧП и развивачи на наставни програми. Деветте наставни теми со приближно четири лекции во секоја тема се концентрираат на клучни концепти во ОДГ/ОЧП. Плановите за час даваат упатства чекор-по-чекор и вклучуваат материјали за ученици и основни информации за наставници. На овој начин, прирачникот е погоден за обученици или почетници во предавачката профеција и наставници кои имаат обука по ОДГ/ОЧП на работното место. Искусните наставници можат да најдат идеи и материјали. Целосниот прирачник е целосна наставна програма за ученици во повисоките години на средното образование (класови II до IV, или 10 до 12), но бидејќи секоја тема е комплетна сама за себе, прирачникот дозволува голема флексибилност при користењето.

Целта на ОДГ/ОЧП е активниот граѓанин кој е желен и способен да учествува во демократската заедница. Затоа, ОДГ/ОЧП силно ја истакнува акцијата и учењето преку задачи. Овој прирачник за средно образование се концентрира на клучни концепти кои им овозможуваат на младите луѓе да учествуваат во демократското одлучување и да ги совладаат предизвиците на динамичното плуралистичко општество. Клучните концепти на ОДГ/ОЧП се предаваат како алатки за учење во текот на целиот живот.

$vol_num
Уредници

Ролф Голоб, Петер Крапф и Вилтруд Вајдингер

Автори

Петер Крапф

Книга (4)

од книгите за ОДГ/ОЧП I-VI Образование за демократско граѓанство и човекови права во училишната практика Распоред, концепти, методи и модели во наставата

Лектура

проф. д-р Златко Жоглев, проф. д-р Добри Петровски, м-р Пеце Трифуновски

Преведувач

Превод од англиски јазик: Драган Петровски