1. Што нуди  овој прирачник? – Краток преглед

Овој прирачниксодржи девет наставни теми од Образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и Образованието за човекови права (ОЧП) Како што ни укажува насловот Учество во демократијата и насловната илустрација, темите во овој прирачниксе однесуваат на учениците и нивната улога како млади граѓани. Секоја тема нуди посебен пристап со цел учениците да се охрабрат и оспособат за учеството во нивните заедници.

Секоја тема може да се користи посебно или во комбинација со други теми на многу различни начини. Целиот прирачник формира една наставна програма за стручно оспособување за учеството во демократија.

Темите кои се состојат од четири лекции во секоја тема, се наменети за ученици во повисоките години од средното образование. Секоја тема се концентрира на клучен концепт кој е поврзан со ОДГ и ОЧП: идентитет – одговорност – разноликост и плурализам – конфликт – правила и закони – власт и политика – еднаквост – слобода – медиуми. Овој комплет на девет клучни концепти го поврзува  овој прирачник со придружните делови наменети за основно образование и пониските години на средно образование (ОДГ/ОЧП книги II и III).1 Трите книги заедно формираат еден спирален распоред на клучни концепти во ОДГ и ОЧП.

Секоја тема се концентрира на клучен концепт и се состои од четири лекции. За секоја лекција детално се опишани препорачани чекори во предавањето, доколку истите се разумно возможни. Постојат и печатени материјали (handouts) во посебен прирачник кој е наменет за ученици.

Затоа оваа книга е наменета за наставници а не ученици. Се надеваме дека обучуваните и тие кои се незапознаени со предавачката професија ќе ги ценат детално опишаните планови за час, но можеби и искусните наставници ќе сретнат некои идеи и материјали кои би ги вклучиле во своите предавања. Обучувачите на кадри исто така можат да ја користат оваа книга како прирачник за обучување на предавачи за ОДГ и ОЧП.

Оваа книга е исто така наменета за развивачите на наставни програми, уредници на учебници и преведувачи од државите членки на Советот на Европа. Книгата може да се преведува и адаптира кон потребите и специфики на нивниот образовен систем.

Советот на Европа го претставува  овој прирачник во ревидирана верзија. Првата верзија беше развиена во Босна и Херцеговина како поддршка за новововедениот предмет Демократија и човекови права (2002). Од 1996, Советот на Европа е ангажиран за обука на наставници и обучувачи на наставници во областа на ОДГ и ОЧП, со тоа што се обезбедени обуки на работното место и развојни материјали. Ролф Голоб и Петер Крапф (ко-уредници) припаѓаа на меѓународниот тим на обучувачи кои учествуваа во овој проект.

2. Што е ОДГ/ОЧП ? – Трите димензии на ОДГ/ОЧП

Целите и принципите на Образованието за демократско граѓанство и Образованието за човекови права се поврзани со три димензии на предавање и учење. Учениците во повисоките години на средното образование се млади граѓани кои:

  • треба да ги познаваат своите човекови права и да ги разбираат условите од кои тие зависат (учење за демократија и човекови права);
  • го доживеале училиштето како микро-општество во кое се почитува слободата и еднаквоста на учениците, и се обучени да ги практикуваат своите човекови права (учење преку демократија и човекови права);
  • се затоа конкурентни и способни да ги практикуваат своите човекови права, со созреано чувство на одговорност едни кон други и кон заедницата (учење заради на демократијата и човековите права)

Овој краток преглед на ОДГ/ОЧП најдобро се опишува со пример – правото на слободно мислење и изразување. Воведот на ОГД/ОЧП книгаIII (стр.5) се однесува на истиот пример; во овој прирачник размислата за ова човеково право се носи неколку чекора понапред (спирална наставна програма).

2.1 Когнитивната димензија на ОДГ/ОЧП: учење за демократијата и човековите права

Во предавањата наОДГ/ОЧП за средно образование, учениците задолжително треба да ги проучат клучните документи како Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) и Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи (Европската конвенција за човекови права;ЕКЧП) (види материјали за ученици 2.5 и 2.6) Тие треба да знаат дека секоја личност ги ужива правата на слободно мислење и изразување, и слободен пристап до информации преку нецензурирани медиуми (ЕКЧП, член 10). Учениците треба да разберат колку ова право е важно и незаменливо за да се оствари демократијата.

Учениците исто така треба да го разберат членот 14 од ЕКЧП. Тој придонесува кон слободата на мислење, изразување и информирање давајќи клучен принцип на еднаквост и недискриминирање: мажи и жени, богати и сиромашни, млади и стари, домашни и доселеници – сите ги уживаме овие права еднакво.

Заклучно, учениците треба да разберат зошто слободите бараат законска рамка и носат одговорности (УДЧП, член 29). Слободата на изразување им дава на граѓаните да ги искажат своите интереси во плуралистичко општество, а во таква конкурентна средина ќе има и победници и губитници. Затоа мора да постои рамка составена од устав, правила и закони која ќе ги ограничи слободите на силните а ќе ги заштити слабите – без да се изедначуваат разликите. Правилата не можат да го решат секој проблем, така што членовите на заедницата мораат да го делат ставот на меѓусебна одговорност.

Конвенција за заштита на човековите права и основни слободи (Европска конвенција за човекови права; 4-ти ноември 1950)

Член 10
Слобода на изразување

1. Секој има право на слободно изразување. Ова право вклучува слобода да се има мислење, да се прима и дава информација и идеи без вмешување од јавната власт без разлика на границите. Овој член не ги оневозможува Државите да бараат лиценцирање на емитувањата, телевизијата или кинематографијата.

Член 14
Забрана на дискриминацијата

Уживањето на права и слободи кои се искажани во оваа Конвенција ќе бидат обезбедени без дискриминација на какво била основа како што се: пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, народно или социјално потекло, припадност на народно малцинство, имотност, раѓање или друга основа.

Универзална декларација за човекови права (10-ти декември 1948)

Член 29

1. Секоја личност има должности кон заедницата во која е овозможено негово/нејзино слободно и целосно развивање на личноста.

2. Во практикувањето на личните права и слободи, секоја личност ќе биде подложна на ограничувања со закон кој постои исклучиво поради признавањето и почитта кон правата и слободите на другите и поради правичните услови како моралноста, јавниот ред и општата благосостојба во демократското општество.

Накратко, овие три члена ја прикажуваат тензијата помеѓу индивидуалните слободи и врамувањето на слободата со помош на јавниот ред кој истовремено ги ограничува и штити овие слободи.

Учениците кои можат да го објаснат ова научиле многу за демократијата и човековите права, а читателот може да увиди дека оваа клучна тематика е присутна низ сите теми наовој прирачник. Ова е когнитивната димензија на ОДГ/ОЧП.

V4_P9_MACED

 

Дијаграм: „Архитектура“ на човековите права – лајтмотивот на овој прирачник

2.2  Партиципативната димензија на ОДГ/ОЧП: учење заради демократија и човекови права

Насловот на  овој прирачник, Учество во демократија нѐ потсетува дека учениците треба да научат како да ги практикуваат своите права на слобода, на пример нивното право на слободен пристап кон информации, слободно мислење, став и изразување. Тие исто така треба да имаат активно искуство во меѓусебна интеракција – на пример, промовирање на нивните интереси, преговарање за компромис, или согласување за тоа како да се дефинира „општата благосостојба“ (УДЧП, член 29). Тие треба да имаат развиено став на одговорност за благосостојбата на другите и заедницата како целина.

Накратко, учениците не само што треба да ги разберат последиците и врските меѓу трите члена за човекови права наведени погоре, туку и да научат да ги ценат нивните основни вредности и да делуваат според нив. Со правењето  така, тие мора да се способни да ги урамнотежат своите интереси со интересите на другите и заедницата како целост.

Учениците кои се обучувани во оваа насока научиле како да учествуваат во демократија. Ова е акциски-базираната димензија на ОДГ/ОЧП – учење заради демократија и човекови права.

На младите граѓани кои сакаат да учествуваат во демократијата  им е потребен комплет од мултидимензионални  компетенции кои се покажани во моделот подолу.

Компетенциина учество и донесување политички одлуки

Компетенции за анализа и расудување Методи и вештини

Ставови и вредности засновани на човекови права

Овие компетенции треба да се ориентирани кон вредности; како пример – во рацете на расистите, тие би се претвориле во закана за демократското општество.Овој прирачник се концентрира на развитокот на вакви компетенции. Воведот на секоја тема содржи матрица која им овозможува на корисниците да ги комбинираат темите со што би создале наставна програма за стручно обучување, која би зависела од специфичните побарувања на учениците или нивната училишна програма. Еве ја табелата на компетенции за тема 2 (клучен концепт: одговорност).

Теми Димензии на развивање компетенции Ставови и вредности
Политички анализи и расудување Методи и вештини Политичко одлучување и делување
2 Одговорност Разбирање на проблеми со дилема
Анализирање на последици од одлука
Одредување приоритети и осмислување
Внимателно обмислување и размислување
Споделување причини и критериуми за одлука
Донесување одлуки со нецелосна информација
Свесност за ризикот од неуспех
Замена на перспективи
Признавање на интересите и права на други
Општество засновано на човекови права
1 Идентитет Разбирање на ефектот на нашите избори за другите Замена на перспективи
4 Конфликт Дилема за одржливоста Стратегии за преговарање Решавање на конфликти
6 Власт и политика Политика – процес на решавање проблеми и конфликти
7 Еднаквост Appreciation of the cultural dimension of democracy Балансирање на правата на мнозинството и малцинството Заемно признавање

 

2.3  Културолошката димензија на ОДГ/ОЧП: учење преку демократија и човекови права

Учествувањето во демократија е сложена работа – компетенциите можат и мораат да се учат и развиваат во училиштето. Затоа ОДГ/ОЧП имаат и културолошка димензија. Културата на предавање и учење мора да ја пренесува пораката на ОДГ/ОЧП. Еден начин да се стекне знаење е преку инструкција (слушање на предавање, читање); компетенциите се развиваат преку обука (демонстрирање, вежби и подучување). Самопочитта и вредностите на заемно почитување се стекнуваат преку процесот на социјализација во училиштата. Искуството на часовите и примерот кој го даваат родителите, наставниците и врсниците имаат влијание во развојот на ставови и вредности кај една млада личност. Иако учењето за демократија и човекови права е задача назначена на посебни предмети (пр. општествени науки, историја, граѓанско образование), учењето преку демократија и човекови права е предизвик за целото училиште – човековите права и демократијата ќе станат педагошка водилка за училишната заедница.

Овој прирачник го истакнува пристапот на учење преку задачи: секоја тема содржи клучна задача која на учениците им дава можност да развијат специфични компетенции. Ние ги развиваме нашите компетенции како што ни требаат и токму затоа овие задачи се однесуваат на проблеми за кои нема едноставно решение – како што е во вистинскиот живот. Во ОДГ/ОЧП, овој метод спроведува битен дел од пораката.

3. Концептуалната рамка на овој прирачник – трите „С“(це) во ОДГ/ОЧП {Предизвици(Challenges), Конструктивизам (Constructivism), Компетенции (Competencies)}

Младите граѓани кои учествуваат во демократијата го прават тоа како слободни индивидуи со еднакви права, но нееднакви можности.

Како членови на динамични плуралистички општества кои се глобално независни, тие се соочуваат со сè посложени предизвици (пр. климатски промени, трошење на природните ресурси, неуспешни држави) за кои училиштата не можат да дадат конкретни решенија, но можат да понудат стручно обучување со кое на младите генерации би им се дале „алатките“ за развивање на решенија.

Како ќе се совладаат овие предизвици е работа на обиди и грешки и преговарање за компромиси помеѓу различни интереси. Резултатот на ваквиот процес на одлучување може да се разбере како обид на постигнување на цел која е за општото добро. Резултатот е секогаш нецелосен и истовремено отворен за критички дискусии и подобрувања. Затоа во плуралистичката демократија постои конструктивистичкиот пристап кон водење политика. Затоа и демократијата е несигурна состојба која зависи од компетенциите и одговорноста на секоја генерација. Исто така, конструктивизмот е принципот зад развивањето на компетенции – процес кој постојано трае.

Токму овие се трите „С“ (це) – главните концепти кои се присутни во секоја тема и секој чекор во учењето на овој прирачник:

  • Предизвиците (Challenges) во динамичните плуралистички демократски општества;
  • Компетенциите(Competencies) за учествувањето во демократија
  • Конструктивизмот(Constructivism) како парадигма на демократското донесување на одлуки и развивање на компетенции.

Во секоја тема се поврзува клучен концепт на ОДГ/ОЧП со специфичните предизвици кои создаваат можност за развивање на конструктивистички компетенции. Затоа концептите не претставуваат девет изолирани модули на когнитивно учење. Наместо тоа тие создаваат мрежа од вештини, вредности и гледишта меѓусебно поврзани на многу начини. Следната матрица е преглед на концептуалната рамка на овој прирачник.

Конструктивистичко читање…
Број на тема
Клучен концепт
… на клучни концепти како предизвици: … на развивањето компетенции како процес низ целиот живот
Учениците се обучени…
Тема 1
Идентитет
Која работа ќе ја одберам?
Кој ќе ми биде партнер?
Дали сакаме да имаме деца?
Да размислуваат за, да ги артикулираат и приоритизираат своите лични интереси и цели
Тема 2
Одговорност
Кои се последиците од моите одлуки?
Кои ми се приоритетите при дилема?
Кон кои вредности и принципи се придржувам?
Да сносат одговорност при ситуации со дилеми – собираат информации, согледуваат последици, одредуваат приоритети, прават избори
Тема 3
Разноликост и плурализам
Кои се моите интереси?
Кој компромис го предлагам?
Што се дефинира како општо добро?
Да преговараат за фер и ефикасни компромиси во плуралистички и компетенциски ситуации
Тема 4
Конфликт
Што е проблемот?
Кои интереси се вклучени?
Кое решение е погодно и изводливо?
Да решат судрувања на интереси на ненасилен начин
Тема 5
Правила и закон
Кои правила се потребни за власт врз нашето однесување?
За кои правила се согласуваме?
Да ја ценат функцијата на институциите – устави, закони, правила и заеднички вредности
Тема 6
Власт и политика
Кои проблеми се вклучени а кои исклучени од политичката агенда?
Кој проблем се дискутира?
Што е решението, и како се спроведува?
Да го разбираат и учествуваат во процесот на правење демократски услови – во и надвор од институциите
Тема 7
Еднаквост
Кои се интересите на мнозинството и малцинството?
Кој компромис ќе го предложам?
Што мора малцинството да прифати?
На кој начин се штитат инересите на групата со човековите права?
Да ја поддржуваат социјалната кохезија со урамнотежување на интересите на мнозинските и малцинските групи
Тема 8
Слобода
Која е мојата главна поента?
Која е мојата стратегија во дискусија?
Која е стратегијата на мојот противник?
Да ја практикуваат слободата на мислење и говор преку нивните вештини на дебатирање
Тема 9
Медиуми
Кому сакам да се обратам?
Која е мојата цел?
Која е мојата порака?
Каде да ја пронајдам информацијата?
Да го користат потенцијалот на комуницирањето преку медиумите

4. „Европскиот пристап“ кон ОДГ/ОЧП

Советот на Европа преку една деценија го иницираше развивањето и имплементирањето на ОДГ/ОЧП во државите кои се членки. ОДГ – координаторите, експерти, наставници и обучувачи од многу држави членки имаат учествувано во дискусии кои ги мотивираа уредниците и авторите да го создадат овој серијал од шест дела .

ОДГ/ОЧП се залага за „Европски пристап“ кон учењето на демократско граѓанство и човекови права. Во специфичниот контекст на нашите училишта и образовни системи, нашите традиции на предавање и учење, димензиите на предавање „за“  и „заради“ демократијата и човекови права веројатно се разликуваат. Но го делиме размислувањето дека ОДГ/ОЧП се залага за давање педагошка водилка за училиштето како целина. Се согласуваме дека во ОДГ/ОЧП методот ја носи пораката – учење преку демократија и човекови права.

Со ова ОДГ/ОЧП издание, уредниците и авторите се обидуваат да ги соберат плодовите од ОДГ/ОЧП активностите во Советот на Европа. Изворите на поддршка кои ги добивав додека го пишував овој прирачник го одразуваат „Европскиот пристап“. Поточно, сакам да го споменам следното.

Г-ѓа Мануела Дрол и г-ѓа Карен О’шеј ми беа ко-автори во правењето на предвесничка верзија од овој прирачник за обука на ОДГ-предавачи во Босна и Херцеговина. Г-дин Емир Аџовиќ, координаторот за ОДГ/ОЧП проектот на Советот на Европа во БиХ го направи организациониот распоред за нашиот проект. Рамката на клучни концепти ја развивме со г-дин Дон Роу, г-дин Тед Хадлстон и г-дин Вим Телман. Дон прочита некои од нашите предлог-верзии, а Тед беше еден од најкритичките и конструктивни партнери за дискутирање.

Г-ѓа Олеф Олафсдотир и г-ѓа Сара Китинг-Четвинд беа наши партнери и координатори за овој проект во Советот на Европа. Тие го помогнаа овој проект со трпеливост и решителност.

Пети Вискеман го збогати овој прирачник со насловна илустрација која дава богат и стимулирачки коментар за клучните тематики на деветте теми, а симболизира сложувалка на соодветните клучни концепти. Г-ѓа Вилтруд Вајдингер и г-дин Ролф Голоб ме поддржаа како ко-уредници и партнери во безброј дискусии.

Мојата соработка со г-дин Кристијан Фалегер се истакнува во повеќе аспекти. Тој дискутираше со мене додека беа раните фази на пишувањето, и придонесуваше со вредни идеи и предлози, а потоа ја прочита конечната предлог-верзија на овој прирачник; Неговата критичка и конструктивна повратна информација ми го исполнуваше времето во целиот тек на работата.

Јас немаше да ја напишам оваа книга без поддршката и инспирацијата на сите овие колеги, соработници и пријатели. Јас сум длабоко благодарен на секој од нив; истовремено, одговорен сум за секоја неисправност и грешка која читателот можеби ќе ја забележи.

Петер Крапф

Цирих и Улм

Декември 2009

Материјали за наставници

Материјалите за наставници се како додаток и се на крајот на секоја тема.

Печатени материјали (handout) за ученици

Во описот на темите често се споменуваат печатените материјали. Тие се вклучени во посебен прирачник за ученици кој не е вклучен во ова издание и тој може да се печати како целина или во делови и да се даде на учениците.

1. ОДГ/ОЧП книга II: Растење во демократија – ОДГ/ОЧП планови за час за основно образование; ОДГ/ОЧП книга III: Живеење во демократија – ОДГ/ОЧП планови за час за пониски години на средно образование.