ТЕМА 1: ИДЕНТИТЕТ
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 1: ИДЕНТИТЕТВовед за наставници
„Кој ќе биде мојот партнер?“
„Дали сакаме да имаме деца?“
„Која работа да ја одберам?“
Фокусот на оваа тема: изборите го обликуваат идентитетот
Овие се трите најбитни избори кои ги правиме во нашите животи. Во тинејџерските и дваесеттите години од животот, самите сме ги барале одговорите на овие прашања – а исто така прават и нашите ученици. Со правењето на овие избори ние ги обликуваме нашите животи – ние одлучуваме какви ќе бидат нашите животи. Поништувањето на овие избори е болно и тешко а кога се во прашање деца – невозможно. Нашите одлуки не само што влијаат на нашиот живот, туку и на животите на другите луѓе.
Идентитет – Интимна, многу лична тема
Оваа тема за концептот на идентитет веројатно е поблиску поврзана со најинтимните искуства и желби на учениците од која било друга тема во прирачникот.Задачите во темата се направени како избори. Методот се осврнува на искуствата на учениците.
Преглед на тема 1
Првата лекција им ја претставува важноста на правењето избори на учениците. Во втората лекција учениците гледаат во минатото: Кои избори најмногу влијаеле на нивните животи и идентитети? Во третата лекција учениците гледаат во иднината, и обрнуваат внимание на трите клучни прашања погоре. Во четвртата лекција, се концентрираат на едно од прашањата – одбирање работа. Како прилог даден е проект за набљудување на работно место (види мат. за ученици 1.4).
Конструктивистички концепт за идентитетот
Во оваа тема концептот за идентитет се разбира на конструктивистички начин. Нашиот идентитет не е нешто статично и комплетно, туку нешто што се развива и обликува во текот на нашите животи, со помош на учењето и изборите кои ги правиме. Некои избори се неповратни; некои можат да се променат и поправат ако сакаме ( види мат. за наставници 1.3).
Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга
Што покажува оваа табела
Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 1-вата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции (коисе поддршка за учениците) во 1-вата тема се развиваат во овие теми?
Како може да се користи оваа матрица
Наставниците може да ја користат матрицата како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.
- Матрицата им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, избирањето со разбирање на плурализмот на идентитети, практикување на правата на слобода, одговорност во избирањата кои влијаат на други.
- Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини.
Теми | Димензии на развојот на компетенции | Ставови и вредности | ||
Политичка анализа и расудување | Методи и вештини |
Учество во демократија Донесување политички одлуки и делување |
||
1 Идентитет |
Правење избори и размислување за нивниот ефект Одбирање работа и размислување за критериумите |
Користење модели како аналитички алатки Презентации Учество во дискусии |
Одлучување – идентификување на критериуми, цели и приоритети | Одговорност – свесност за тоа како моите избори влијаат на другите Волја и способност да се биде свесен за лични барања, потреби и обврски |
2 Одговорност | Заемно признавање | |||
3 Разноликост и плурализам | Индивидуалните избори прават богата разноликост на идентитети | |||
6 Влада и политика | Донесувањето политички одлуки одговара на личните избори Целта на индивидуалната среќа одговара на целта за општото добро | Расправање и дебатирање во јавност (учество кога заедницата „ќе се одлучи“ | Волја и способност да се сослушаат луѓето со различни интереси и мислења | |
8 Слобода | Практикување на правата на слобода |
ТЕМА 1: Идентитет – Правење избори
Ние ги обликуваме нашите животи и животите на другите луѓе
Тема на лекција | Стручно оспособување/цели на учење | Задачи на ученикот | Материјали и извори | Метод |
Лекција 1 Ставови за изборите и идентитетот |
Појаснување на лични ставови и избори. Преку нашите избори, им кажуваме на другите кои сме и кој е нашиот идентитет. |
Учениците избираат цитат и го објаснуваат изборот на цитати. | Материјал за наставници 1.1 (три копии, со цитатите исечени во посебни ленти пред часот). | Работа во групи. Пленарна дискусија. |
Лекција 2 Поглед во минатото: Кои избори ме направија личноста што сум? |
Автобиографската перспектива. Нашите и туѓите избори имаат одлучувачки ефект на нашите животи. |
Учениците размислуваат на тоа кои избори имале голем ефект во нивните животи. |
Материјал за ученици 1.1. Табла, маркери во повеќе бои, ленти хартија (А6), лепило или самолеплива лента. |
Индивидуална работа со печатен материјал. Пленарна дискусија. |
Лекција 3 Поглед во иднината: Три избори кои ги обликуваат нашите идни животи |
Донесување одлуки, поставување приоритети. Човековите права ни даваат опции како да си ја обликуваме иднината – ние одлучуваме дали ќе ги искористиме. |
Учениците размислуваат за клучните избори кои ќе влијаат на нивниот понатамошен живот. | Материјал за ученици 1.2. Табла, маркери |
Индивидуална работа со печатен материјал. Пленарна дискусија. |
Лекција 4 Која работа ми одговара? |
Идентификување, балансирање и приоритизирање на критериуми за одлука. Клучниот критериум за избор на работа е „Која работа одговара на моите интереси и квалитети? |
Учениците бираат или одбиваат работа и го објаснуваат нивниот избор. |
Материјал за ученици 1.3 Материјал за наставници 1.2 (исечени во форма на картони за работа со околу 10 картони повеќе од бр. на ученици во класот). |
Индивидуална работа со печатен материјал. Пленарна дискусија. |
Додаток: набљудување на работно место |
Интервју со експерт; планирање на истражувачки проект. Појаснување на опции за работа |
Учениците планираат и прават истражувачки проект. | Материјал за ученици 1.4. | Проект. |
- Лекција 1: Мислења за изборите и идентитетот
Со чие мислење се согласувам? Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување...
- Лекција 2: Поглед во минатото: кои избори ме направија личноста што сум?
Кои избори имаа најголем ефект во мојот живот? Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на...
- Лекција 3: Поглед во иднината: три избори кои ги обликуваат нашите идни животи
Слободата се состои во способноста да се избере – или да не се избере Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба...
- Лекција 4: Која работа ми одговара?
Мојот критериум при бирањето работа Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување...
- Материјали за наставници 1.1: Цитати за изборите и идентитетот
Со изборите и делата во нашиот живот, ние ја создаваме личноста која сме и лицата кои ги носиме. Кенет Патон Одлуката е...
- Материјали за наставници 1.2: картони за работа
Државен службеник (општинска администрација) Автор на реклами Ветеринарен хирург Архитект Моден фотограф Наставник во основно училиште Механички инженер Водоинсталатерски раководител Банкар...
- Тема 1.3: Основни информации за наставниците
Конструктивистичкиот концепт за идентитет Конструктивизмот кој е поврзан со концептот на идентитет значи дека го обликуваме нашиот идентитет со изборите и одлуките...