Тема 1.3: Основни информации за наставниците

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 1: ИДЕНТИТЕТ » Тема 1.3: Основни информации за наставниците

Конструктивистичкиот концепт за идентитет

Конструктивизмот кој е поврзан со концептот на идентитет значи дека го обликуваме нашиот идентитет со изборите и одлуките кои ги правиме. Конструктивизмот ја истакнува активната улога на индивидуатаи укажува на елементот на учење. Ние правиме грешки во животот и исто така стануваме свесни за грешките во изборите кои сме ги направиле. Ние можеби можеме да поништиме некои избори (да ги деконструираме) и исправиме, но некои избори се неповратни. Најпосле, времето можеме да го потрошиме само еднаш во животот. Конструктивизмот ја поврзува динамиката на правењето избори со резулатот – нашиот идентитет, кој станува статичен и стабилен до одреден степен.

V4_P58_MACED

 

Овој дел се концентрира на активната улога која ја имаме во обликувањето на нашите идентитети и обликувањето на туѓите идентитети, каде што имаме пасивна улога. Секако дека развојот на идентитет е многу покомплексен и зависи од многу други фактори (варијабли) кои ни ја одредуваат или ограничуваат можноста да ги обликуваме нашите животи и идентитети. Тие фактори се потеклото, класата, полот, економските/културолошките услови и природната средина.

Постојат две причини зошто овој дел се концентрира на конструктивистичката димензија на обликување на нашиот идентитет преку изборите. Прво, овој пристап го поврзува идентитетот со човековите права. Правењето избори е чин на слободата. Второ, учениците најдобро го разбираат овој пристап бидејќи одговара на нивното искуство и прашањата кои самите си ги поставуваат.

Не само што концептот за идентитет е покомплексен одколку што изгледа во овој дел, туку истото важи и за концептот на избори. Дијаграмот погоре го опишува дидактичкиот пристап на овој дел: учениците ги воочуваат врските меѓу двата комплексни концепти, но ниеден од концептите во целост.