ТЕМА 2: ОДГОВОРНОСТ
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 2: ОДГОВОРНОСТЗа средно образование
Вовед за наставници
Преземање одговорност – перспектива која влијае на сѐ
Ние постојано донесуваме одлуки, големи и мали. Што ќе ручаме денес? Дали да одам со автомобилот, или автобус? За која партија ќе гласам? Што сакам да работам по завшувањето на образование?
Со секоја одлука што ја носиме, ние одбираме одредени опции а одбиваме други. Без разлика дали сме свесни или не, нашите одлуки влијаат на другите. Што и да одлучиме може да се стави во прашање, бидејќи има алтернативи кои сме можеле да ги одбереме.
Преземањето одговорност значи да се размислат овие алтернативи и последиците од нашите одлуки. Во овој контекст, преземањето одговорност е перспектива која влијае на сѐ што правиме во животот – во нашата лична сфера, односите и врските со нашето семејство, пријатели, колеги и заедницата како целина.
Преземањето одговорност – човеково право и предизвик
Кога донесуваме одлуки го користиме човековото право на слобода. Слободата носи одговорност, но ние можеме и мораме сами да одлучиме кои принципи и начела да ги следиме. Слободата значи дека сме сами во таа одлука, и затоа преземањето одговорност може да биде многу тешко. До одреден степен, има вештини кои можат да се научат и учениците ќе го прават токму тоа во оваа тема.
Учениците ќе комуницираат едни со други за нешта за кои во пракса мораме самите да одлучиме –да пробаме да ги сфатиме дилемите со различна комплексност, избирањето и одредувањето на приоритети.
Конструктивистички концепт за одговорноста
Преземањето одговорност најдобро се учи и разбира во конкретни ситуации кои бараат донесување на одлука. Во овој поглед, дилемите се посебно интересни бидејќи тие бараат внимателно размислување за последиците на една одлука.
Во едно отворено, секуларно и плуралистичко општество ние не можеме да сфатиме здраво за готово дека постојат правила на кои секој веднаш ќе се согласи – но за стабилноста на заедницата ваквите правила се многу битни. Ние затоа мораме да комуницираме и да преговараме за основните принципи кои ги делиме со преземањето одговорност.
Преземањето одговорност е предизвик и постојан процес на учење: во овој поглед оваа тема усвојува конструктивистички концепт за одговорноста.
Замки во учењето за одговорност – и како да се избегнат
Постојат две замки во учењето за одговорност – апстрактно морализирање и индоктринација
Морализирањето значи зборување за тоа „да се биде добар граѓанин“ без обраќање на конкретен проблем. Учениците ја добиваат пораката дека преземањето одговорност е прашање на „дали сакаш или не?“ Тие не сфаќаат колку тешка може да е оваа задача и колку е битно да се искажуваат причините за донесување одлука.
Замката на индоктринацијата се однесува на наставниците кои се обидуваат да воведат одредена група на вредности. Тие немаат овластување за тоа и кои вредности и да ги одбрале, тие можат да се доведат во прашање и деконструираат.
За да се избегнат овие замки оваа тема е базирана на клучна задача која на учениците им ја дава можноста сами да носат одлуки. Наставникот е нивен тренер и олеснувач.
Учениците дискутираат за тоа како да решаваат дилеми. Случаите кои се обработуваат се однесуваат на секојдневното искуство на учениците, што на учениците им ја дава улогата на експерти.
Подготовка за темата
Препорачуваме наставникот да ја извршува истата задача како учениците (види материјали за ученици 2.1-2.4 и материјали за наставници 2.1 – 2.3). На овој начин наставникот ќе стане свесен за можностите за учење и тешкотиите на неговите ученици. Самиот резултат – одлуката како да се реши дилема – не е „точниот“ одговор, бидејќи постојат субјективни избори за кои учениците може, а не мора да се согласат.
Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга
Што покажува оваа табела
Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во втората тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во втората тема се развиваат во овие теми?
Како може да се користи оваа матрица
Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.
- Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, анализа, рефлексивна употреба на медиумите и одговорност
- Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини. Во овјо случај наставникот бира и комбинира повеќе теми.
Теми | Димензии на развојот на компетенции | Ставови и вредности | ||
Политичка анализа и расудување | Методи и вештини | Учество во демократија Донесување политички одлуки и делување |
||
2 Одговорност | Разбирање на проблеми со дилеми Анализирање последици од одлука Одредување приоритети и осмислување |
Внимателно разгледување и размислување Споделување на причини и критериуми за една одлука |
Донесување одлуки со нецелосна информација Свесност на ризикот од неуспех |
Менување на перспективите Признавање на интересите и правата на други Заедница базирана на човекови права |
1 Идентитет | Разбирање на ефектот од нашите избори врз другите | Менување на перспективите | ||
4 Конфликт | Дилема за одржливоста | Преговарачки стратегии | Решавање на конфликти | |
6 Влада и политика | Политика – процес на решавање проблеми и конфликти | |||
7 Еднаквост | Ценење на културолошката димензија на демократијата | Рамнотежа на правата на мнозинството и малцинството | Заемно признавање |
ТЕМА 2: Учество, преземање одговорност
Слободата носи одговорност
Тема на лекција | Стручно оспособување/цели на учење | Задачи на ученикот | Материјали и извори | Метод |
Лекција 1 Ќе ризикуваш да изгубиш пријател – или да прекршиш правило? |
Компетенции за донесување политички одлуки и делување: избирање и давање причини. Ние сме одговорни за изборите кои ги правиме во секојдневниот живот. Концепти за дилема и одговорност. |
Учениците размислуваат за изборите кои ги прават во секојдневни ситуации со дилема и ги споделуваат нивните причини. | Материјал за наставници 2.1 и 2.2 Материјал за ученици 2.1 и 2.2. |
Пленарна дискусија, предавање, работа во групи. |
Лекција 2 и 3 Што би правел/а? |
Компетенции за одлучување и делување: справување со дилеми. Правиме различни избори кога решаваме дилеми. Со тоа го практикуваме нашето човеково право на слобода. |
Учениците дискутираат за зададени случаи со дилеми и се осврнуваат на нивните лични искуства.. | Материјал за ученици 2.1-2.4. Материјал за наставници 2.2. Табли, маркери. |
Работа во групи. |
Лекција 2 и 3 Што би правел/а? |
Преземањето одговорност подразбира решавање дилеми, собирање информации, мислење на последиците, одредување приоритети,донесување одлуки. | Учениците дискутираат за зададени случаи со дилеми и се осврнуваат на нивните лични искуства. | Материјал за ученици 2.1-2.4. Табли, маркери. |
Работа во групи. |
Лекција 4 Кои вредности мора да ги имаме сите? |
Пресудување: размислување за критериумите и вредностите. Демократското општество зависи од заедничка група на вредности. |
Учениците одбираат случаи со дилеми, известуваат за нивните одлуки, споредуваат и дискутираат за нивните приоритети. | Материјал за наставници 2.2. Табли (подготвени од претходната лекција), маркери. Материјал за ученици 2.5; алтернатива е УДЧП, Член 1 на табла или проектор. |
Дискусија за заедничко планирање. Презентации. Дискусија. |
- Лекција 1: Ќе ризикуваш да изгубиш пријател – или да прекршиш правило?
Секаде се соочуваме со дилеми Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување...
- Лекција 2 и 3: Што би правел/а?
Ние преземаме одговорност за нашите одлуки Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното...
- Лекција 4: Кои вредности мора да ги имаме сите?
Преземање одговорност во заедница базирана на човекови права Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на...
- Материјали за наставници 2.1: Како да се користи алатката за анализа на дилеми
(материјал за ученици 2.2): пример за демонстрација Упатствата се учениците треба да одберат неколку прашања и да размислуваат за нив внимателно. Затоа...
- Материјали за наставници 2.2: Распоред на хартиените табли за споредба на решенијата за дилемите (лекција 4)
Треба по една хартиена табла за секоја од случаите со дилема. За предлози како да се фразираат алтернативните опции, видете го материјалот...
- Материјали за наставници 2.3: Слобода и одговорност – три модули за предавање
Ова е комплет на модули за предавање, кои се бираат во зависност од потребите за учење на учениците – во рамките на...