Лекција 4: Кои вредности мора да ги имаме сите?
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 2: ОДГОВОРНОСТ » Лекција 4: Кои вредности мора да ги имаме сите?Преземање одговорност во заедница базирана на човекови права
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Расудување: размислување за критериумите и вредностите. |
Крајна цел на учењето | Демократската заедница зависи од заедничките вредности. Човековите права ни даваат вредности со кои сите можеме да се согласиме. |
Задачи на учениците | Учениците бираат случаи со дилеми, известуваат за нивните одлуки, споредуваат и дискутираат за приоритетите. |
Материјали и извори | Материјал за наставници 2.2. Хартиени табли (подготвени од предходниот час), маркери Материјал за ученици 2.5; алтернатива е Член 1 од Универзалната декларација за човекови права на таблата или проектор. |
Метод | Дискусија со заедничко планирање, презентации, дискусија |
Временски буџет | 1. Одлучување со заедничко планирање – 10 мин. |
2. Презентации и дискусија – 15 мин. | |
3. Размислување за темата 15 мин. |
Информационо полеКлучната задача им овозможува на учениците да создадат многу материјал и веројатно е дека тоа ќе биде многу повеќе одколку што може да се дискутира на еден час. Затоа мора да се направи избор. Учениците треба да учествуваат во оваа одлука, бидејќи проблемот и одговорноста се нивни исто колку и на наставникот. Брзото одлучување заштедува време за другите делови од лекцијата. Како и да е, ако учениците не сметаат дека некои делови од нивната работа треба да се дел од дискусијата, тогаш нивните забелешки имаат приоритет. За да се избегне разочарување меѓу учениците, важно е да разберат дека повеќе ќе научат од темелна дискусија за помалку избрани делови одколку да чујат кратки искази за сѐ што дискутирале. Класот мора да ги реши дилемите како што се: времето, јавното внимание и ограничените извори – не само во организацијата на часот, туку и во вистинскиот живот. Цензурирањето и создавањето на агенда се голема потреба, како и практикување на моќта (види ја 9-тата тема за поопширен опфат на ова прашање) Ова е одлична можност за учење на организација на часот – учење во духот на демократијата и човековите права. Што поскоро учениците одберат на што да се концентрираат тоа подобро, но никој не смее да се чувствува занемарен. Учениците мораат да направат баланс помеѓу ефикасноста и фер правилата на учествување. На крајот ќе одлучи мнозинството (види ја тема 8 за проблемот при надгласувањето на малцинствата) Во крајната фаза на размислување, предложуваме да се концентрира на два клучни проблема кои секогаш ги има при преземањето одговорност во отворените општества: дилемите на комплексност и стабилност (види материјали за наставници 2.3, модули за предавање бр. 2 и 3). Дилемата на комплексност се однесува на дознавањето дека преземањето одговорност е тешка задача и овие тешкотии се зголемуваат колку што нашите социјални системи стануваат покомплексни. Ако учениците го нагласат ова искуство, наставникот треба да ја одбере оваа тема. На учениците можеби ќе им треба охрабрување да го прифатат ризикот за неуспех,но секако не треба да избегнуваат да донесат одлуки. Дилемата на стабилност се однесува на фактот што кога одлучуваме, препуштени сме самите на себе и не треба да сфатиме здраво за готово дека сите се придржуваме до истите вредности. До кој степен е потребен ваквиот договор, и како тоа да се постигне? Човековите права нудат вредности кои се врзани со принципот за почит кон човечкото достоинство, а тоа е прифатено во сите големи религии. Затоа оваа лекција е важна лекција од образованието за човекови права (ОЧП). |
Опис на лекцијата
Подготовка
Наставникот ги поставил табелите за презентација во училницата пред часот.
Фаза 1: Одлучување за заедничко планирање
Наставникот претседава со првата фаза од овој час. Тој/таа се приближува до секоја од четирите табли со случаите со дилема и се осврнува на двете алтернативни опции. Учениците гласаат за една од опциите со кревање на рака, а наставникот ги запишува резултатите на таблата.
Групите кои размислувале за нивното лично искуство даваат извештај за проблемот и ја презентираат одлуката на учениците. Тие ги поставуваат нивните додатни табли.
Наставникот истакнува дека учениците ќе немаат доволно време да дискутираат подетално за сите одлуки и затоа треба да бираат со кревање на рака. Ако учениците се согласуваат, не треба понатамошни дискусии.
Ако учениците имаат тешкотии во избирањето на проблеми, наставникот треба да предложи еден или два. Критериумите за изборот на проблеми може да се:
- дискусија за проблем кој учениците го сметаат за посебно интересен
- едногласна одлука – дали учениците имаат исти вредности и приоритети?
- контроверзна одлука – дали учениците се согласуваат за одредени вредности и приоритети?
- претпочитање на лични искуства од учениците
Критериумите кои ќе важат зависат од избирањата кои се забележани на таблите.
Фаза 2: Презентации и дискусија
Презентерите стануваат и ги објаснуваат причините за одлуката на групата. Вториот член од групата помага за презентацијат со запишување на белешки на таблата.
Упатувани од наставникот, учениците ги споредуваат нивните критериуми и дискутираат за нивните избори. Наставникот претседава со дискусијата.
Резултатот од дискусијата не може да се предвиди. Учениците можеби ќе се согласат за принципите на преземање одговорност во дадена ситуација, а можеби и нема. Долната третина од хартиената табла може да се искористи така што таму ќе се запише резултатот од дискусијата.
Фаза 3: Размислување
Наставникот одбира еден од следните проблеми врз основа на зборувањето и забелешките кон учениците за време на клучната задача. Заедничкото одлучување не би било пригодно, бидејќи наставникот ќе треба да ги објаснува опциите со долго предавање.
Прва опција: дилемата на комплексност
Учениците размислуваат за тешкотиите при преземањето одговорност
Пленарната сесија почнува со фаза на повратна информација. Што помина добро, што беше тешко?
Можеме да очекуваме учениците да забележат дека преземањето одговорност е тешко и долготрајно. Целта да се разберат последиците од тоа што го правиме – мисли на резултатот, (respice finem), често е невозможна.
Одговорот на наставникот кон оваа забелешка е совршено оправдан – но кои се алтернативите? Да се престане да се одлучува и презема одговорност? Да се инсистира на целосно информирање уште на почетокот? Секако дека животот ќе продолжи и ќе мораме да го прифатиме ризикот на правење грешки со нашите одлуки. Но свесноста за ризикот на нашиот неуспех и предизвикот на модерното општество (види материјал за наставници 2.3, модул за предавање бр. 2) прават значителна разлика. Затоа образованието и обуката од типот на претставените во оваа тема е многу битно.
Опција 2: Дилемата на стабилност
Учениците размислуваат за нивните искуства во однос на човековите права
Наставникот се осврнува на вредностите и приоритети за кои учениците се согласиле или не се согласиле во предходната дискусија, а тоа го поттикнува следното прашање?
- Кои вредности ни се заеднички?
Ова е темата на овој час; наставникот ја запишува на таблата како наслов; може и да се закачи парче А3 хартија на ѕид.
Учениците ја прегледуваат нивната дискусија која беше забележана на хартиените табли.
Ова размислување води до понатамошни прашања:
- За кои вредности не се согласуваме? Дали тие заемно се исклучуваат?
- За кои вредности треба да се согласиме?
Наставникот објаснува зошто ова прашање е толку битно: Зависиме едни од други во преземањето одговорност во истата насока. Кои може да се насочувањата?
Учениците ќе знаат или сфаќаат дека нема религија или етичка филозофија која сите ја прифаќаме и никој нема да прифати вредности кои му се наметнуваат. Единствениот извор на вредности и правила за кои можеби ќе се согласиме се човековите права.
Наставникот упатува на Универзалната декларација за човекови права, Член 1
„Сите човечки суштества се родени слободни и еднакви по достоинство и права. Тие имаат разум и совест и треба меѓусебно да се однесуваат во духот на братството.“ Универзална декларација за човекови права (10 декември 1948) Член 1; Целосниот текст е во материјалот за ученици 2.5. |
Учениците го наоѓаат овој член во материјалот за ученици 2.5, или наставникот го презентира на час.
Само овој член може да не однесе многу далеку:
- Ние сме родени со човекови права; тие се неотуѓиви, никој не може да ни ги одземе.
- Ние сме слободни.
- Ние сме еднакви.
Наставникот демонстрира како треба да се чита ваков член – полека, збор по збор. Учениците продолжуваат:
- Ние имаме човечко достоинство: треба да се однесуваме меѓусебно со почит.
- Ние имаме сигурни права.
- Ние сме „дарувани со разум“: Можеме да мислиме самите за себе.
- Ние сме „дарувани со совест“: Можеме да сме одговорни.
- „Треба да се однесуваме меѓусебно во духот на братството“: треба да сме одговорни едни за друти, што значи грижа за оние кои зависат од помошта од другите.
Наставникот истакнува дека човековите права немаат само вертикална димензија – односот меѓу авторитетот на државата и индивидуалниот граѓанин – туку имаат и хоризонтална димензија – односот меѓу индивидуалците како членови на заедницата. Ние имаме многу слобода и плурализам во општество базирано на човекови права, општество кое ни ја дава рамката на вредности за која можеме сите да се согласиме.
Можности за поопширно учење
Двете опции во фазата за размислување вреди да се дискутираат. Во додатокот од оваа тема може да се дискутира вториот клучен проблем.
Перспективата на одговорност може да се поврзе со секоја тема на овој прирачник. Видете го делот со упатувањата на почетокот на ова поглавје.