Материјали за наставници 2.1: Како да се користи алатката за анализа на дилеми
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 2: ОДГОВОРНОСТ » Материјали за наставници 2.1: Како да се користи алатката за анализа на дилеми(материјал за ученици 2.2): пример за демонстрација
Упатствата се учениците треба да одберат неколку прашања и да размислуваат за нив внимателно. Затоа овој пример за демонстрација обработува некои одбрани прашања, но читателот слободно може да одбере поинаку или да ги одговори прашањата поинаку. Во оваа демонстрација методот е поважен од насоката на размислување. Ова е една причина зошто не се предложува ниедна одлука.
Случај број 4: Кои банани да ги купам? (материјал за ученици 2.3)
1. Соберете информација
Кој сѐ e вклучен?
Што сака/ат? (Нивните потреби, цели или интереси?)
Кој е вклучен? | Цели, интереси |
Јас како потрошувач | Купување евтина храна. Купување квалитетна храна. |
Супермаркет | Привлекување потрошувачи. Правење заработка. |
Фер трговија | Поддржување на малите производители на банани. |
Производители на банани | Заработувачка за поддршка на семејството. Продавање добри производи. Зголемување на производството. |
Што е проблемот/дилемата?
Купување на поевтини банани | Купување на поскапи банани |
Купувањето на поевтините банани ќе ми заштеди пари за други цели. Непомагањето на луѓе на кои им треба помош и до одреден степен зависат од моите одлуки, ми создава грижа на совест. |
Купувањето на поскапи банани им помага на малите производители на банани. Купувањето скапа храна има граница. |
Каква врска има овој случај со мене?
Јас сум директно вклучен во глобалниот пазар. Мојата одлука за тоа што да купам директно влијае на животот на другите.
Што не знаеме – што не разбираме?
Јас сум директно вклучен во глобалниот пазар. Мојата одлука за тоа што да купам директно влијае на животот на другите. Ние не се знаеме меѓусебно, но знаеме малку едни за други и сме поврзани со тоа што го правиме.
Не знам колку итно фармерите зависат од мојата помош. Можеби другите потрошувачи веќе купиле повеќе килограми од истите банани, но може да е и спротивното.
Колку е голем трудот за да се најде информацијата која недостасува?
Во секојдневни услови морам да се одлучам веднаш. Ми треба нешто за јадење и морам да одлучам без да имам целосна претстава; ова е правилото, не исклучокот.
2. Мисли на последиците.
Кои се алтернативните избори?
Каков ефект ќе има секој од изборите, и за кого…?
Алтернативни избори | Алтернатива 1: Купи ги евтините банани |
Алтернатива 2: Купи ги скапите банани |
Јас како потрошувач | Без разлика колку голем или мал ми е буџетот, нема да ја забележам разликата. Ако е потребно, можам да компензирам со штедење на еден хамбургер или чоколада. Ситуацијата може да е поинаква ако имам долг и морам да штедам секаде. |
|
Производител на банани | Нема поддршка. | Скромна поддршка, со значителен ефект (информација од Фер- трговијата) |
Супермаркет | Немаме точни бројки, но можеме да претпоставиме дека супермаркетот заработува се додека купуваме банани – биле тоа евтини или од Фер-трговијата. | |
Фер-трговија | Неуспех за Фер-трговијата. | Успех за Фер-трговијата. |
3. Одреди си ги приоритетите
До кој степен ги разбирам последиците од мојата одлука?
Јас немам целосна претстава и не можам да се потрудам да ја дознаам – освен ако тоа не стане еден од моите главни приоритети. Затоа морам да решам дали ќе се потпрам на информацијата која ми ја даваат другите, во овој случај Фер-трговијата. Тие ми велат дека дури и најмалата донација значи многу за производителите на банани од земјите во развој.
Кои религиозни или морални принципи се битни за мене?
Ова прашање очигледно е од големо значење. Можеме да го одговориме како што сметаме дека е правилно.
Дали мојата одлука е неотповиклива („точка од која нема враќање“, или можам подоцна да ја исправам?
Ваквата одлука може да се прави многупати. Можам да направам еден избор денес, а спротивниот утре. Можам да размислувам за одлуката, но не можам да преправам одлука од минатото.
4. Донеси одлука.
Дали морам да се определам за една цел и да ја прекршам другата?
Да. Обично купуваш евтини или скапи банани, но не и двете. Компромисот – купување по малку од двете – воопшто не е убедлив.
Со оглед на околностите, што ми вели интуицијата? Со која одлука најмногу се идентификувам?
Во секојдневните услови, нашата интуиција е веројатно нашата најважна водилка и често е поверодостојна од долго размислување. Правиме така како што чувствуваме дека е најдобро. Оттаму, преземањето одговорност значи разбирање и понекогаш ревидирање што ни вели нашата интуиција.