Материјали за наставници 2.3: Слобода и одговорност – три модули за предавање
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 2: ОДГОВОРНОСТ » Материјали за наставници 2.3: Слобода и одговорност – три модули за предавањеОва е комплет на модули за предавање, кои се бираат во зависност од потребите за учење на учениците – во рамките на темата со четири лекции/предавања или опционалното продолжение на темата. Модулите се занимаваат со условите на преземање одговорност во нашите модерни општества:
Модул број 1: Учење за тоа како преземањето одговорност е невозможно без преземање ризици.
Модул број 2: Како да успееме да преземеме одговорност во модерни и сѐ покомплексни општества кои го бараат нашиот максимум?
Модул број 3: Стабилноста на демократските општества има културолошка димензија – заедничките вредности не можат да ни бидат наметнати – за нив мора да се согласиме.
1. Дилемата на ризик-одговорност
Слободното правење избори е човеково право, но оваа слобода носи одговорност. Мораме секогаш да сме свесни за последиците од нашите одлуки и делувања за нас и за другите, денес и во иднината, тука или каде било во светот. (Види го моделот на одржливост во материјалот за ученици 4.2).
Од друга страна, учиме како да преземаме одговорност само во услови на слобода, што значи и слобода да се греши. На пример, младите луѓе сакаат да излегуваат навечер и во викенди, како што знаат и учениците. Нивните родители очекуваат тие да се вратат дома во одредено време, и младата личност има одговорност да го исполни ветувањето. Без слободата на движење и ризикување никој не може да научи како да презема одговорност.
2. Дилемата на комплексност-демократија
Во оваа тема учениците размислуваат за тоа како да преземаат одговорност во секојдневието. Често мораме да решаваме дилема за неколку секунди. Клучната задача (лекции 2 и 3) им овозможува на учениците да ги анализираат димензиите на одговорноста во забавено темпо, и со тоа тие ја тренираат нивната интуиција. Преземањето одговорност бара способност да се прегледаат комплексни ситуации за неколку секунди, а потоа интуитивно да се направи одлука која ќе трпи критичко размислување. Во нашето секојдневно искуство, тоа е „нормално“ и сите сме свесни на ризикот од правење грешки кога се соочуваме со тешки проблеми и временски притисок. Тренингот и искуството помагаат да се подобри интуицијата, но проблемот останува.
Комплексноста има различни квалитети на социјално или глобално ниво. На пример, често треба да одлучиме како да патуваме од А до Б, на пример од дома до училиште. Возењето со автомобил е најзгодната опција, а возењето со автобус или велосипед е подолго, да не ги споменуваме пак застоите, врнежите итн. Кој избор ќе го направиме? Нашиот критериум треба да се последиците од возењето за климатските промени. Но дали само мојот автомобил ќе направи разлика, посебно ако мал дел од луѓето одат со автобус и велосипед? Овој проблем е прекомплексен за една личност (види тема 4). Истото важи кога треба да учествуваме во политички дебати за ваков проблем – дали правиме доволно, или вистинските работи за да се избегнат климатските промени?
Ова зголемување на комплексноста е типично во модерните општества. Тие се поврзани преку глобалните пазари и зависат меѓусебно преку начинот на кој се справуваат со глобалните проблеми како климатските промени. Справувањето со комплексност прави преземањето на одговорност да е потешко. Ова на еден начин е цената која ја плаќаме за зголемување на стандардот во модерните општества, заради постигнувањата во науката, технологијата и образованието.
Интуицијата повеќе не помага во преземањето одговорност за комплексни проблеми како што е климатската промена. Ни требаат совети од експерти. Во демократиите, граѓаните и политичарите кои мораат да се потпрат на експертите за да го разберат светот се во опасност да западнат во еден вид на модерна, пост-демократска олигархија, владеење на експерти кои граѓаните не можат да ги контролираат. Ова е дилемата на комплексност-демократија.
Демократијата се издига и паѓа со ветувањето дека секој заинтересиран граѓанин може да учествува во одлучувањето. За да се прави тоа одговорно потребни се образовани граѓани. Образованието е единствената шанса која ја имаме за да ја решиме дилемата на комплексност. Ширењето на образованието не само што стана движечка сила во зголемувањето на комплексноста на модерните општества, туку е и клучот за надминување на дилемата комплексност-демократија.
3. Дилемата на слобода-стабилност: слободата, плурализмот и нашата потреба да имаме одредени заеднички вредности
Член 18Секој има право на слобода на мислење, совест и религија; ова право вклучува слобода да се смени религијата и верувањето и слобода, дали сам или во заедница со други и јавно или приватно, да ја манифестира религијата или верувањето преку поучување, практикување, обожување и церемонија. Член 19Секој има право на слобода на мислење и изразување; тоа право вклучува слобода на имање мислење без вмешување и барање, примање и давање информации и идеи преку кои било медиуми без разлика на границите. Универзална декларација на човекови права (10-ти декември 1948); целиот текст е во материјалот за ученици 2.5 |
Индивидуите кои ги практикуваат овие права создаваат плурализам во многу форми (види тема 3). Еден ефект е тој дека луѓето припаѓаат на различни религиозни и вредносни системи – дури и повеќе ако се присутни имигрантски заедници. Модерните општества се секуларни и плуралистички – нивните членови развиваат индивидуални погледи и идентитети. (види тема 1). Одговорноста има конструктивистичка димензија.
Од друга страна, секое општество се потпира на вредности за кои сите членови се согласуваат. Демократијата подеднакво зависи од силна држава и поддржувачка политичка култура.
Ова е дилемата на слобода-стабилност: демократската и секуларна држава зависи од културолошки услови кои нејзините институции и авторитети не можат да ги создадат или наметнат. Колективно прифатените и ценети вредности, правила и цели не можат да се земат здраво за готово. Наместо тоа, граѓаните имаат одговорност да ги преговараат и дефинираат нивните вредности, правила и цели. Образованието, поточно ОДГ/ОЧП има клучна улога во решавањето на овој предизвик. Човековите права се можеби единствените правила и принципи кои можат да бидат универзално прифатени. (види ја 4-та лекција од оваа тема, која се концентрира на Член 1 од УДЧП). Човековите права го истакнуваат принципот на заемно признавање – златното правило – но не промовираат никакви религиозни верувања или етички и морални филозофии. Од оваа перспектива човековите права не само што се изворот на проблемот, туку и клучот за решението.