ТЕМА 3: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 3: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМВовед за наставници
1. Врската помеѓу разноликоста, плурализмот и демократијата
Разноликост – некои примери
- Вработените и работодавците дискутираат за платите и работното време.
- Родителите сакаат повеќе професори да се грижат за нивните деца. Лоби од плаќачи на данок сакаат даноците да бидат намалени.
- Докторите и непушачите сакаат комплетна забрана за пушење во барови и ресторани. Сопствениците и производителите на цигари промовираат слободно пушење секаде.
- Младината сака една празна зграда да се претвори во младински центар. Соседите во близина се плашат дека вревата навечер ќе биде преголема.
Концептот на разноликост се однесува на начините на кои луѓето се разликуваат – во нивните интереси, но и други работи: начин на живот, етничко потекло, верувања и вредности, социјален статус, пол, генерација, дијалект и регион (пр. урбан или рурален). Исто така, разноликоста се зголемува – како последица на социјалните и економските промени.
Дали разноликоста е проблем?
Според плуралистичките теории, одговорот е не. Во демократските системи, секој кој промовира индивидуални или групни интереси ги практикува човековите права – на пример, демонстрациите во јавност се практикување на слободата на изразување. Затоа плуралистичкиот концепт ја признава разноликоста – тоа е всушност нешто „нормално“, но поставува предизвик. Како да се усогласат различните интереси меѓу различни групи и индивидуалци? Кое е најдоброто решение на конфликтите и проблемите кои ги искажуваат тие? Ова е прашањето за општото добро.
Што е општото добро?
Според плуралистичките теории никој не знае што е општото добро пред да се направи јавна дискусија за тоа. Мораме да се согласиме за тоа што ни одговара најдобро. Општото добро е нешто за кое се преговара. Да ги разгледаме двата примери подолу:
- Работниците и работодавците мораат да се согласат со плата која на работниците им дава доволен животен стандард, а ги држи трошоците на работодавецот под контрола.
- Проблемот со младинскиот центар може да се реши со негово градење, но потоа поставување правила, со цел да се заштитат соседите од врева. Најдоброто решение мора да се најде преку дијалог и преговарање, а резултатот најчесто е компромис.
Затоа плурализмот е поврзан со конструктивистичкиот концепт за општо добро. Прво сите учесници ги искажуваат различните интереси, а потоа се бара решение кое сите ќе го прифатат. Затоа нема ништо „егоистичко“ во искажувањето на сопствените интереси. Напротив, тоа е дел од процесот, но никој не треба да очекува неговите интереси да се целосно исполнети. Конструктивистичкиот концепт истакнува дека има елемент на учење, следејќи го моделот на обиди и грешки. Праксата ќе покаже колку е добро решението, а тоа можеби ќе се смени или подобри – со нови дискусии и преговори.
На кој начин плурализмот е поврзан со демократијата?
Плурализмот е форма на натпревар. Играчите се натпреваруваат едни со други за да ги промовираат нивните интереси, а преговарањето вклучува способност и разум. Но овој тип на натпревар исто така осигурува дека ниеден играч нема да стане доминантен. Разноликоста и плурализмот создаваат структура на полиархија (владеење на многумина), која е социјалниот еквивалент на принципот на проверки и рамнотежи (checks and balances) во демократското уредување. Плурализмот се приближува до либерализмот со прошиување на конкурентноста од економијата до општеството и политиката.
Како во плурализмот се решаваат конфликтите на интереси на мирен начин?
Разноликоста и плурализмот дозволуваат голем степен на дисидентство за интереси и проблеми („дисидентска сфера“). Ова може да функционира само ако има „согласувачка сфера“. Плурализмот бара од граѓаните да се согласат за одредени основни вредности и правила:
- Заемно признавање: другите играчи се гледаат како противници, но не како непријатели.
- Ненасилство: преговорите се одвиваат по мирен пат, а тоа е вербално и без користење на физичка сила.
- Прифаќање на компромис: сите играчи сфаќаат и прифаќаат дека може да се донесе одлука само преку компромис.
- Владеење на мнозинството: ако се гласа за одлука, мнозинството одлучува.
- Обид и грешка: ако условите се променат или некоја одлука е неправилна, се прават нови преговори.
- Праведност: одлуките мора да се складни со човековите права.
Критика за плуралистичкиот концепт
Критичарите истакнаа дека во плуралистичкиот модел моќта е во рацете на многумина, но поради разноликоста таа е нееднакво распределена. Затоа некои играчи имаат поголеми шанси во натпреварот на интереси од другите.
Овој аргумент ја истакнува составната тензија помеѓу слободата и еднаквоста – таа е составна што значи дека е неискоренлива за демократијата и човековите права. Плуралистите го промовираат либералното разбирање на компетенциската демократија, а критичарите инсистираат на рамноправно толкување на демократијата.
Во плуралистичкиот модел тензијата меѓу слободата и еднаквоста е јадрото на прашањата за општото добро. Слободата значи конкуренција, а конкуренцијата создава победници и губитници т.е. нееднаквост. Затоа кога се одлучува за општото добро, играчите кои се вклучени мораат да помислат на потребите на послабите.
Дали има алтернатива на плурализмот?
Одбивањето на плурализмот подразбира препуштање на „апсолутистичкото искушение“. Властите го одредуваат општото добро, и кој не се согласува се прогласува за непријател. Комунистичките партии се пример за ова. Тие ја докажуваа апсолутната власт ослонувајќи се на тврдењето дека можат да го одредат општото добро со научни средства. Либералната и егалитарна демократија беше одбиена.
На крајот, алтернативата на плуралистичката демократија е форма на диктаторство. Ова се отсликува во забелешката на Винстон Черчил дека „демократијата е најлошата форма на владеење,со исклучок на сите други кои веќе беа пробани”. Плуралистичката демократија не е без ризици, но изгледа дека е најдобрата форма на власт која мирно се справува со разноликоста на нејзините членови.
2. Учество во демократија – што нуди оваа тема
Учениците мораат да научат дека учествуваат во плуралистичка демократија:
- Тие мораат да бидат слушнати ако сакаат нивните интереси и идеи да се земат предвид; учеството во демократија исто така значи учество во натпреварот на плурализмот.
- Учеството во демократија значи преговарање за општото добро.
- Учеството во демократија бара сите играчи да ги прифатат основните вредности на заемно признавање, ненасилство, волја за правење компромиси и владеење на мнозинството.
Оваа тема го користи пристапот на учење преку задачи. Учениците ја разбираат разноликоста од искуството во училиште и го разбираат плурализмот со тоа што се активни во процесот на преговарање за општото добро.
Лекција 1: Најпрво учениците треба да ги споделат идеите за прашањето – кои би биле нивните најголеми приоритети ако се претседател или шеф на владата во нивната земја? Учениците ќе увидат дека има разноликост во нивните мислења и идеи. Класот е модел за разноликоста во целото општество.
Лекција 2 и 3: почнува процесот на преговори. Учениците кои имаат исти погледи или пристапи формираат политички партии (другите типови на групи се изоставени во овој модел); другите можат да одберат да се сами. Учениците ги одредуваат нивните цели и приоритети и потоа преговараат. Можеби нема да најдат одлука или компромис за кој сите, или барем мнозинството ќе се согласат – како и во реалноста. Тие ќе ја увидат предноста на организациите како што се партиите наспроти индивидуалците во натпреварот на правење планови и решенија.
Лекција 4: Учениците размислуваат за нивното искуство и даваат повратна информација за целата тема.
Улогата на наставникот е тој да биде олеснувач. Учениците ја обработуваат темата со нивните активности. Се предлагаат неколку кратки упатства за клучните концепти од наставникот, со што тој/таа би го помогнал/а конструктивистичкото учење. Наставникот ги предава овие информации кога учениците се подготвени. Материјалите за ученици и материјалите за наставници ги содржат ресурсите и информациите.
Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга
Што покажува оваа табела
Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 3-тата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во 3-тата тема се развиваат во овие теми?
Како може да се користи оваа матрица
Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.
- Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, правење избори, разбирање на плурализмот на идентитети, практикување на правата на слобода, одговорност при правењето избори кои влијаат на другите.
- Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини.
Теми | Димензии на развојот на компетенции | Ставови и вредности | ||
Политичка анализа и расудување | Методи и вештини | Учество во демократија Донесување политички одлуки и делување |
||
3 Разноликост и плурализам | Препознавање области на ист интерес и конфликт Две димензии на политиката: решавање проблеми и борба за моќ |
Зборување во јавност Допадливост кај другите Управување со времето |
Идентификување на политички приоритети и цели Преговарање и одлучување |
Самодоверба, самопочит Волја за правење компромиси |
6 Влада и политика | Политика – процес на решавање проблеми и конфликти Димензија на моќта во правењето на агенда |
|||
4 Конфликт | Преговарање и одлучување | |||
5 Правила и закони | Согласување за рамка на правила | Заемно признавање |
ТЕМА 3: Разноликост и плурализам – согласност преку дисидентство?
Како да се согласиме за заедничкото добро?
Тема на лекција | Стручно оспособување/цели на учење | Задачи на ученикот | Материјали и извори | Метод |
Лекција 1 Кога би бил претседател… |
Одредување политички приоритети, делување на собири за јавна дискусија и одлучување, живеење со отворени ситуации на „конфузија“ Правење избор и размислување за критериумите. Создавање матрица базирана на категории. Давање краток исказ и давање причини. Четири основни политички погледи: Либерален, социјал-демократски, конзервативен, зелен (еколошки). |
Учениците ги дефинираат, претставуваат и споредуваат нивните политички приоритети. | А3 лист хартија Материјал за наставници 3А Материјал за ученици 3.1. Лента од хартија за секој ученик, по можност со маркер. |
Презентација и анализа на политички изјави; индивидуална работа, пленарна дискусија. |
Лекција 2 Кои цели сакаме да ги промовираме? |
Преговарање. Балансирање на доследност до своите цели и признавањето на туѓите цели. Политичките партии ја создаваат потребната моќ за промовирање на политички цели. Тоа го прават со групирање и правење компромиси. |
Учениците преговараат за заедничката агенда на политички приоритети. Тие ги претставуваат членовите на партијата на јавен настан. |
Материјал за ученици 3.1-3.4. Материјал за наставници 3Б |
Работа во групи, пленарни презентации, предавање. |
Лекција 3 Што е општото добро? |
Учество: вештини на преговарање. Анализа на цели за заеднички интерес. Политиката има две димензии: решение на проблемите и борбата за моќ. Компромисот е цената што се плаќа за поддршка и согласување. |
Учениците преговараат за одлука. | А4 ленти хартија и маркери. Демонстрациони ленти за „дијамантска анализа“. |
Игра за одлучување; индивидуални, групни и пленарни сесии. |
Лекција 4 Кои вредности мора да ги имаме сите? |
Структурирање на резултатот од нечија работа. Давање кратки искази, повратна информација. Плурализмот овозможува фер и ефективно одлучување. „Согласност преку дисиденство“. Ги промовирам своите интереси со учеството во демократија. |
Учениците размислуваат и дискутираат за нивното искуство и даваат повратна информација за целата тема. | Табли и маркери, примерок од материјал за ученици 2.5 (УДЧП) и 2.6 (ЕКЧП) | „Ѕид на тишината“ Индивидуална работа, презентација и дискусија. „Блиц“ рунда. |
- Лекција 1: Кога би бил претседател...
Учениците ги одредуваат нивните политички приоритети Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното...
- Лекција 2: Кои цели сакаме да ги промовираме?
Учениците создаваат политички партии Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно...
- Лекција 3: Што е општото добро?
Согласност преку дисидентство Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се...
- Лекција 4: Учество во плуралистичка демократија
Учениците размислуваат за нивното искуство Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување...
- Материјали за наставници 3А: Четири основни политички погледи
Либералниот поглед: индивидуална слобода на прво место Клучни принципи: лична слобода и одговорност. Заштита на човековите и граѓански права. Слободна трговија и...
- Материјали за наставници 3Б: Предавање: што е општото добро?
Овој нацрт ги опишува основните упатства за анализа. Наставникот треба да го адаптира предавањето на потребите на учениците и контекстот со темата....
- Материјали за наставници 3B: Предлози за продолженија и дополнувања
1. Како партиите размислуваат за поделбите во општеството? Материјал за ученици 3.5 и дискусија Какви поделби постојат во нашето општество? Како партиите...