Лекција 1: Кога би бил претседател…
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 3: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ » Лекција 1: Кога би бил претседател…Учениците ги одредуваат нивните политички приоритети
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Учество: одредување политички приоритети, делување во ситуации на јавна дискусија и одлучување, живеење со отворени ситуации на „конфузија“. Судење: избирање, и размислување на критериумите. Анализа: создавање матрица базирана на категории. Методи и вештини: давање краток исказ и давање причини. |
Крајна цел на учењето | Учениците се способни да ја одредат нивната позиција меѓу четирите основни политички погледи: либерален, социјал-демократски, конзервативен, зелен |
Задачи на учениците | Учениците ги дефинираат, претставуваат и споредуваат нивните политички приоритети. |
Материјали и извори | А3 хартија (прашалник за учениците). Материјал за наставници 3А. Материјал за ученици 3.1. Лента хартија за секој ученик, пожелно со маркер. |
Метод | Презентирање и анализирање на политички искази; индивидуална работа; пленарна дискусија. |
Временски буџет | 1. Учениците ги одредуваат политичките цели. – 25 мин. |
2. Учениците ги анализираат нивните одлуки. |
Информационо полеНа првиот час учениците го доживуваат класот како микро-општество. Тие создаваат разноликост на индивидуални и политички погледи. Учениците сфаќаат дека таквата ситуација треба да биде појаснета. Ако секој од нив замисли дека тој/таа е политички лидер на државата и ги одреди своите приоритети, очигледно е дека мора да се направат неко избори. Наставникот го овозможува овој процес, и тој што следи во другите часови. Ако учениците сериозно ги сфатат своите цели, ќе бидат заинтересирани за преговарање за одлука која не можат да ја прифатат. |
Опис на лекцијата
Фаза 1: Учениците ги одредуваат политичките цели
Чекор 1.1: Подготовка
Учениците и наставникот седнуваат во круг со отворен простор на средината. Клупите се тргнати настрана; барем една клупа во секој агол може да се користи.
Учениците ја имаат опремата при рака за правење белешки.
Секој ученик добива лента хартија, пожелно со маркер.
Наставникот го има листот А3 при рака („ Кога би бил претседател…“), види подолу.
Чекор 1.2: Учениците одлучуваат8
Наставникот објаснува дека ова е почетокот на нова тема. Учениците се запознаваат со темата преку активност со следната инструкција:
Замислете дека само што станавте претседател9 на државата.
Кога би бил претседател на нашата држава, |
Наставникот го поставува прашалникот во средината на кругот.
Кој би бил твојот најголем приоритет?
Довршете го овој исказ. Ова се неколку точки за размислување:
Можете да изберете да направите конкретна мерка за одеднаш да постигнете цел – или да го направите првиот чекор во постигнувањето долгорочна цел.
Која група, став или проблем најмногу ве загрижува?
Учениците размислуваат за овие прашања во тишина и ги пишуваат нивните одлуки на нивните ленти хартија. Тие не треба да ги споделуваат идеите бидејќи тоа ќе го направат во пленарната рунда.
Секој ученик треба да претстави само една одлука. Ако имаат повеќе опции, тие треба да ги запишат во белешките.
Чекор 1.3 Учениците ги претставуваат нивните одлуки
Учениците еден по еден ги претставуваат нивните одлуки. Тие го довршуваат исказот „Мојот најголем приоритет би бил…“ и ги кажуваат главните причини. Ја спуштаат лентата хартија во слободниот простор на подот.
Се очекува некои ученици да имаат слични идеи. Кога ова ќе се случи наставникот го истакнува тоа и предлага овие искази да се групираат. Лентите се собираат заедно и се дава соодветен наслов, како „Борба против сиромаштијата“, или „Подобрување на образованието“.
Наставникот ги охрабрува учениците да се придружат во структурирањето на информациите. Нема дискусија или коментари за одлуките се додека секој од учениците не зел збор.
Резултатот ќе биде неколку слични искази, а можеби и неколку единствени искази.
Фаза 2: Учениците ги анализираат своите одлуки
Чекор 2.1: Учениците ја опишуваат разноликоста на нивните избори
Наставникот го овозможува овој чекор со отворено прашање:
- Опишете го „политичкиот пејзаж“ што сте го создале.
Неколку ученици треба да одговорат. Тие можат да се осврнат на следното прашање; ако не, тоа го прави наставникот:
- Која е основната идеја која ги поврзува сличните идеи и од кои причини другите ученици одбрале друга положба?
Учениците ќе ја опишат структурата на разноликоста. Бидејќи се справуваат со можности за политичка одлука а не отворена размена на идеи, тие ќе станат свесни за потребата да се дојде до согласување – со прифаќање на некои предлози и отфрлање на други. Богатството на идеи е производ од многуте граѓани кои учествуваат во дискусија, ја практикуваат нивната слобода на мислење, став и изразување. Одлуката мора да се направи, но кој ќе ја направи?
Ако е потребно наставникот ги упатува учениците при ова согледување.
Чекор 2.2: Наставникот дава информации за основните политички погледи
Секој агол од училницата претставува еден од политичките погледи. Наставникот ги поделил информационите листови (заедно со исечоците од материјалите за наставници 3А) на клупите. Наставникот го претставува секој поглед, а еден ученик ги чита исказите на класот.
Наставникот предложува учениците да ги користат овие информации:
- Кој основен поглед одговара на нивниот политички исказ, или групираните искази, а кој не одговара?
- Дали се идентификуваат со некоја од позициите, или се некаде помеѓу? Дали би сакале да одредат нова позиција?
Наставникот ги дели материјалите за ученици 3.1 – распоредот на темата. Предизвикот за учениците е тие да ја најдат нивната позиција во „политичкиот пејзаж“. Политичките партии се важни медијатори меѓу различни интереси, вредности и приврзаности. Затоа учениците се поканети да направат партии со што ќе ги промовираат целите кои ги изнесоа на овој час. Наставникот додава дека учениците го практикуваат човековото право на политичко учествување. Имаат слобода да се придружат или да напуштат партија, да формираат нова или воопшто да не се занимаваат со партии. Распоредот создава процес на политичко одлучување – од политички цели во умовите на луѓето до привремен договор за општото добро.
Чекор 2.3: Учениците се здружуваат во новите партии
Учениците се здружуваат во нивните партии во последните минути на часот. Тие ги добиваат материјалите за ученици 3.2 и 3.3 како поддршка за нивната дискусија.
Наставникот зборува со учениците кои одбрале да не се придружат или формираат партија. Тие треба да разберат дека во таа состојба, како и во реалноста, партиите се појаките играчи и ќе го преземат водството. Ако тие сериозно ги сфатат своите цели, треба да покажат интерес за да ги овозможат во пракса. За ова да се случи неопходен е елементот на моќ. Партиите се способни да создадат ваков потенцијал за моќ. Затоа учениците треба да земат предвид една од следните опции:
- ако имате додатни опции, кои можеби се забележани предходно, размислете за приклучување на партија поради таквите цели.
- Зборувајте едни со други за да видите дали може да формирате партија.
- Чекајте за политичките изкази на партиите и потоа направете избор.
8. Овој метод е варијанта на вежба 6.3, „Кога би бил магионичар“ во ОДГ/ОЧП, книга VI, Предавање демократија, во издание на Советот на Европа, Стразбург, 2008, стр. 59.
9. Наставникот го користи официјалниот термин за шефот на државата во земјата.