Лекција 3: Што е општото добро?

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 3: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ » Лекција 3: Што е општото добро?

Согласност преку дисидентство

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Учество: Преговарачки вештини.
Анализа: анализа на цели од заеднички интерес.
Крајна цел на учењето Политиката има две димензии: решавање на проблеми и борба за моќ.
Компромисот е цената која се плаќа за поддршка и договор.
Задачи на учениците Учениците преговараат за одлука.
Материјали и извори Ленти А4 хартија и маркери.
Демонстрациски ленти за „дијамантска анализа“
Метод Игра за одлучување; индивидуални, групни и пленарни сесии.
Временски буџет (Фази) 1. Учениците ги одредуваат нивните предлози – 10 мин.
2. Учениците преговараат на тркалезната маса.

Информационо поле

Оваа тема го прикажува процесот на преговарање за цели кои се одредени од заедничкото убедување за општо добро. Во оваа лекција, учениците имаат задача да целат кон таа цел. Можеби ќе успеат, можеби не. Битен е трудот и искуството бидејќи тоа е всушност резултатот.

Наставникот продолжува со улогата на олеснувач. На пример, тој ги претставува моделите за преговарање но не коментира за содржината.

Во првата фаза треба да се обрне посебно внимание на учениците кои не се приклучиле кон ниедна партија.

Опис на лекцијата

Почеток: наставникот информира за распоредот

Наставникот се осврнува на распоредот (мат. за ученици 3.1) и ги потсетува учениците на нивната задача. Во овој час тие преговараат за политичката агенда. Кои цели ќе ги предложат?

Фаза 1: Учениците ги одредуваат нивните цели

Учениците одлучуваат кои цели да ги предложат. Партиите и индивидуите можат да дадат предлог. Ова дава предност на индивидуалните ученици; од друга страна, предлог од некоја партија има поголема шанса да биде изгласан.

Говорниците на групите или индивидуалците подготвуваат краток промотивен исказ.

Учениците ги забележуваат целите на хартија со маркер.

Фаза 2: Учениците преговараат на „тркалезна маса“

Наставникот инсистира на точно почнување. Учениците седат во круг на столчињата; ова не е најслично на метафората „тркалезна маса“ но е најдобро за комуникација. Партиите кои формирале коалиција седат едни до други.

Чекор 2.1: Учениците ги даваат нивните предлози

Наставникот ги отвора дискусиите и дава збор на секој од говорниците и индивидуални ученици. Наставникот бара од нив да известат за каков било договор кој го направиле и да дадат предлог за заедничка одлука. Тие го ставаат нивното парче хартија на подот.

Чекор 2.2: Учениците ги анализираат своите цели и ги истражуваат можностите за компромис и интеграција

Откако сите зеле збор, наставникот ги прави можните врски и компромиси меѓу предлозите на учениците.

  • Дали некои од предлозите одговараат заедно? Дали може да се стават на купче?
  • Кои предлози меѓусебно се исклучуваат?  Или дали целите ја имаат истата намера, но бараат голем труд, средства или пари?
Чекор 2.3: Наставникот предлага модел за преговори

Наставникот предлага модел за создавање на политичка агенда на цели за општото добро. Со лентите хартија А4 кои се нумерирани како што е прикажано подолу, тој/таа го претставува моделот бр. 1 како поедноставена верзија на класичниот модел на „дијаманска анализа“ (модел бр. 3).

Во варијантата со четири цели, една цел има најголем приоритет. Две цели имаат второстепен ранг, а една цел која не е толку битна се рангира како трета (или се изостава – тогаш наставникот ја трга целта бр. 3).

Takingpart_EN.pdf

Овој строг модел со три или четири цели бара преговори бидејќи не можат да се вклучат многу цели. Од друга страна, полесно се имплементираат помалку цели отколку план кој секој го сака но е посложен за реализација ( дилемата меѓу вклучување и ефикасност). Наставникот ги дава лентите со кои моделот 1 се прави во моделите 2 и 3.

Наставникот истакнува дека сите модели дефинираат само еден најголем приоритет. Затоа понатамошна и радикална опција би било да се одреди една цел.

Takingpart_EN.pdf

Чекор 2.4. Учениците преговараат

Учениците имаат неколку прашања за кои треба да се согласат. Во исто време овие прашања отвораат различни насочувања кон компромис и поддршка од мнозинството.

  • Кој модел ќе го одбереме – колку цели сакаме да вклучиме?
  • Кои цели ќе имаат најголем приоритет?
  • Дали е можно сите да се согласиме за една цел?
  • Кои цели ќе ги вклучиме во нашата агенда? Цели кои се поткрепуваат или се исклучуваат меѓусебно? (Првата опција е за ефикасност, втората за вклучување)
  • Дали агендата има смисла како целина?

Овде е потребно внимателно размислување и дискутирање. Партиите имаат силна поддршка за нивните цели, но другите може да имаат подобри идеи. Затоа прашањето за тоа која идеја ќе има најголема поддршка е отворено.

Вклучувањето на цели кои меѓусебно се исклучуваат (пр. „зелена” + конзервативна) е типично за коалициите меѓу партии и владеењето на сите партии. Разионализираниот модел на цели (сите одредени од една партија) е покомпетитивен и ориентиран кон конфликти. Затоа изборот меѓу овие модели е избор на политички култури – начини за справување со плурализмот во демократијата. Наставникот набљудува како учениците се справуваат со овој проблем и одлучува дали да го истакне во часот за размислување.

Учениците  ги поместуваат листовите на подот и го создаваат нивниот модел на агенда (формирајќи дијамантска или пирамидна форма). Ако неколку модели ги вклучуваат истите цели, се користат дупликати за да може да се споредуваат моделите.

Накрај, листовите се прикачуваат на хартиените табли како постери. Ова ќе се користи во следниот час.

Чекор 2.5: Учениците гласаат

На крајот од состанокот учениците гласаат со кревање на рака. Ако се согласиле за еден модел на цели, се очекува едногласно изгласување.

Ако се изгласаат различни модели, учениците гласаат за тие модели.

Во овој случај наставникот ја предлага следната гласачка процедура, која мора да се одреди пред да започне гласањето за моделите: ако некој модел победи со мнозинство од над 50%, тој се прифака. Во спротивно се гласа втор пат, со тоа што тогаш се гласа за двата модела со највеќе гласови.Како објаснение за воздржаните, се прифаќа моделот со најголем број на гласови.