Лекција 4: Учество во плуралистичка демократија
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » 1 Дел: Учествување во заедницата » ТЕМА 3: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ » Лекција 4: Учество во плуралистичка демократијаУчениците размислуваат за нивното искуство
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Анализа и расудување: Структурирање на резултатите од одредена работа. Методичарски вештини: давање кратки изјави, давање повратна информација. |
Крајна цел на учењето | Плурализмот значи фер и ефективно одлучување. „Согласност преку дисидентство.“ Јас ги промовирам своите интереси преку учеството во демократија. |
Задачи на учениците | Учениците размислуваат и дискутираат за нивното искуство и даваат повратна информација за темата. |
Материјали и извори | Материјал за ученици 2.5 (УДЧП) и 2.6 (ЕКЧП); хартиени табли и маркери. |
Метод | „Ѕид на тишината“. Индивидуална работа, презентација и дискусија. „Блиц“ рунда. |
Временски буџет | Фаза 1: Учениците размислуваат за нивното искуство („Ѕид на тишината“) – 20 мин. |
Фаза 2: Дискусија – 15 мин. | |
Фаза 3: Учениците даваат повратна информација – 5 мин. |
Информационо полеРазмислувањето е конструктивистичко учење. Учениците ги формираат нивните погледи и ги споделуваат едни со други. Улогата на наставникот е да ја даде рамката на соодветни методи и распоредот. Ова е пример за предавање преку човекови права: учениците го практикуваат правото на слободно мислење и изразување. Строгата рамка дава можност за секој ученик да учествува. Овие можности никогаш нема да бидат толкувани како еднакви бидејќи различните методи на учење различно одговараат на методите кои ги одбрал наставникот. Наставникот одзема само мал дел од времето за говорење. Но неговото лидерство се чувствува постојано, бидејќи тој ја одредува рамката и распоредот за часот. Како и во другите теми, учениците го искусуваат парадоксот – фактот дека правилата и водството не само што се пожелни за слободата, туку се и потребни. |
Опис на лекцијата
Подготовки:
Се закачуваат моделите на политичка агенда за кои учениците гласаа во предходниот час.
Четири хартиени табли („Ѕидовите на тишината“) се закачуваат околу училницата, и се поставуваат 2-3 маркери со различна боја во близина. Таблите треба да се пристапни, со 5-6 столчиња наместени во полукруг околу таблите. Како алтернатива таблите може да се положат на 2-3 споени клупи.
Наставникот ги подготвува таблите пред часот со тоа што ги впишува клучнита прашања (види подолу). Треба резервни хартиени табли ако на учениците им е потребно повеќе простор за пишување.
Начинот на седење овозможува добра комуникација. Нема вообичаено седење, туку столчиња во круг или клупи во отворен квадрат – во зависност кое подобро одговара на поставувањето на таблите.
Фаза 1: Учениците размислуваат за нивното искуство („ѕидови на тишината“)
Чекор 1.1: Наставникот ги учи учениците како да ги користат „ѕидовите на тишината“10
Учениците и наставникот седнуваат. Наставникот се осврнува на темата на лекцијата во распоредот (материјал за ученици 3.1) – со размислување и ретроспектива наместо преземање нови информации и работа на нова задача. Во размислувачката сесија учениците треба да размислат, да ги споделат идеите и да дискутираат за нив.
Наставникот го претставува методот „ѕид на тишината“ и објаснува зошто е тој одбран: тој е добар метод за поддршка на размислувањето, и на учениците им дава максимално време за размислување и комуницирање.
Наставникот се осврнува кон четирите постери – четирите „ѕидови на тишината“:
- Плурализам
Како јас го искусив плурализмот? - Согласност преку дисидентство?
Од кои причини ние успеавме или не успеавме да се согласиме за одлука која е за општото добро? - Различна распределба на моќ
Како се чувствувавме кога бевме едни од појаките или послабите играчи? - Човекови права
Кои човекови права ги практикувавме во овие часови? (Се делат копии од материјалот за ученици 2.5, Универзалната декларација за човекови права, и 2.6, Европската конвенција за човекови права.)
Упатства:
- Треба да има тишина за време на вежбата – оттаму е и името „Ѕид на тишината“. Тоа е дискусија во писмена форма.
- Секој ученик може да пишува колку што сака.
- Минимален критериум: два записа, секој на два различни „ѕида на тишината“.
- Учениците можат да го запишат нивниот одговор на клучните прашања или да коментираат за запис од друг ученик. Може да се користат стрелки, линии и симболи.
- Учениците можат да се движат, или да останат на еден постер.
Чекор 1.2: Учениците ги запишуваат идеите на „ѕидовите на тишината“.
Учениците ја проследуваат вежбата за размислување според упатствата. Наставникот ги следи размените на идеи и мислења кои излегуваат на таблите, но не учествува. Наставникот инсистира сите да го почитуваат владеењето на тишината.
Оваа фаза трае 10-15 мин.
Фаза 2: Последователна дискусија
Наставникот ги повикува учениците да заземат место (круг на столчиња или во отворен квадрат) и ја најавува следната фаза: последователната дискусија, водена од наставникот.
Најпрво учениците треба да се договорат за кои теми сакаат да разговараат. Наставникот ги потсетува на потребата да се направи избор во рамките на даденото време. Ова би значело да се концентрира на еден или два „ѕида на тишината“ отколку кратко да се коментира за секој од нив, но за ова треба да одлучат учениците.
Ваквата дискусија е пример за конструктивистичко учење. Наставникот не смее и не треба да предвиди што ќе кажат учениците. Задачата на наставникот е да даде структура на придонесите на учениците.11
Фаза 3: Повратна информација („блиц“ рунда)
Наставникот го најавува крајот на дискусијата и почетокот на рундата за повратна информација. Овој метод се состои од серија на „блиц“ искази. Секој ученик ја довршува следната реченица:
„Најинтересното или најбитното нешто што го научив во оваа тема е…“
Еден по еден, секој од учениците прави краток исказ од 1-2 реченици. Не се дозволени коментари. Учениците слободно можат да ги повторат и истакнат меѓусебните искази.
Повратната информација им помага на учениците во создавањето на формана одржливо учење. Наставникот добива информација со која се евалуира темата. И учениците и наставникот можат да примат идеи за планирањето на нивната идна дејност во полето на ОДГ/ОЧП (упатувања кон други теми, продолженија).
10. Овој метод е варијанта на вежбата 7.1, „Ѕид на тишината“, во ОДГ/ОЧП, книга VI, Предавање демократија, во издание на Советот на Европа, Стразбург, 2008, стр. 62
11. Видете го поглавјето во воведот за конструктивистичкото учење.