Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Преговарање за компромис.
Крајна цел на учењето Заемна зависност, конфликт на интереси.
Задачи на учениците Учениците анализираат сложен проблем.
Учениците (треба да) соработуваат за да развијат заедничко решение.
Материјали и извори Исто како во лекција 1.
Метод Учење преку задачи.
Временски буџет 1. Риболовна игра (4-та рунда). – 7 мин.
2. Преговори -15 мин.
3. Риболовна игра (рунди 5-7). – 20 мин.

 

Информационо поле

Учениците продолжуваат со играта, играјќи уште три или четири рунди.

По 4-тата рунда, наставникот ги советува учениците да разговараат едни со други, ако не го направиле тоа досега. Овој пат буџетот е сопрен, за учениците да имаат можност да ги разменат своите мислења и сугестии. Наставникот одлучува колкав ќе биде овој период пред учениците да продолжат.

Опис на лекцијата

Фаза 1: Учениците играат една рунда

Наставникот ги претставува резултатите. Ако учениците преземат иницијатива, наставникот ги остава да продолжат и им дава време. Насттавникот најавува дека интервалот меѓу риболовните сезони е продолжен за 10 минути.

Фаза 2: Преговори

Учениците се соочуваат со сериозен проблем – прекумерниот риболов – и немаат институционална рамка (правила на комуницирање, систем на риболовни правила и контроли, итн.) како поддршка освен ако не ја создадат.

Наставникот не треба да учествува во дискусиите на учениците на никаков начин (советник, коментатор, претседавач итн.), но внимава и слуша. Можноста за учење во пристапот на учење преку задачи лежи во проблемите, а учениците треба самите да се справат со нив како што е и во вистинскиот живот.

Фаза 3: Учениците играат три конечни рунди

Наставникот ги повикува учениците да продолжат со играта во нормално темпо. Зависно од резултатот од преговорите, играчите можат да ја сменат риболовната политика и резултатите ќе покажат успех при избегнувањето на колапс на рибниот фонд.