Лекција 1 и 2: Зошто на заедницата ѝ требаат правила?

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 2: Учество во политиката: надминување конфликти, решавање проблеми » ТЕМА 5: ПРАВИЛА И ЗАКОНИ » Лекција 1 и 2: Зошто на заедницата ѝ требаат правила?

Правила за решавање проблеми

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Работа на проект (соработка, управување со време, самоконтролирано учење, ориентација кон производ, решавање проблеми).
Аналитичко размислување, планирање задачи, идентификување на политички проблем.
Крајна цел на учењето Правилата и законите се моќни алатки за влијаење и контрола на човечкото однесување.
Општеството без правила може да биде нарушено од неконтролирани конфликти меѓу неговите членови.
Рамката од правила е институционалниот „’рбет“ на заедницата.
Задачи на учениците Учениците прават нацрт-рамка од правила за нивната заедница.
Материјали и извори Материјал за ученици 5.1, 5.2, 5.4.
Табли, маркери, проектори или печатени материјали.
Метод Игра на одлучување, работа на проект.
Временски буџет (лекција 1) 1. Наставникот ја претставува задачата. – 20 мин.
2. Учениците формираат групи и работат на проектот. – 20 мин.
Временски буџет (лекција 2) 3. Учениците работат на проектот – 40 мин.

 

Информационо поле

Правилата на играта го следат принципот на учење преку задачи: учениците се соочуваат со проблем и мораат да најдат решение. Тие се информираат за фазите на процесот и временската рамка и потоа работат самите.

Играта бара од учениците да ги продолжат нивните улоги како членови на рибарската заедница и повторно да станат играчи, сè до лекцијата 4. Но, учениците сега работат на поинакво ниво на размислување и со нова задача. Екстремниот временски притисок сега веќе не е проблем, како што беше случајот за време на риболовната игра.

Новата задача на учениците е да создадат рамка од правила. Таквата задача има политичка димензија: играчите мораат да донесат одлука, бидејќи заедницата не може да преживее без правила. Учениците ја сфаќаат политиката како практично работење. За да се избегнат пристрасни решенија групите треба да вклучат членови од сите рибарски села и да ги земат различните погледи и искуства предвид.

Наставникот ја има улогата на раководител на играта. Раководителите со материјали пристапуваат кон наставникот за да ги земат нивните материјали за работа. На почетокот на втората лекција, наставникот прави петминутно предавање.

Во оваа прилика наставникот ги предава нацрт-правилата за конференцијата во лекцијата 4. Со појаснување на процедурата пред конференцијата, четвртата лекција слободно ќе тече и ќе остане доволно време за размислувачката фаза која е со големо значење во учењето преку задачи. Ако учениците имаат прашања или предлози за подобрување на правилата, тие можат да ги изнесат овие точки во втората лекција и заедно со наставникот да одлучат што да прават со предлозите.

Опис на лекција 1

1. Наставникот ја претставува задачата

Учениците го дискутираат нивното искуство во риболовната игра

Наставникот веднаш ги вклучува учениците поттикнувајќи ги да се присетат на нивното искуство во риболовната игра:

1. Опишете ги проблемите со кои се соочивте во играта.

Се очекува учениците да се осврнат на одржливите цели. Во зависност од тоа за што се дискутирало и нивното разбирање, тие исто така ќе зборуваат за тешкотиите во балансирањето на овие цели и нивното постигнување во долг временски период. Возможни се многу различни одговори. Учениците можеби ќе одговараат едни на други, додека наставникот претседава со почетната рунда.

2. Искажете го своето мислење за вашите обиди за решавање на овие проблеми.

Прашањето вклучува сè: целите на играчите, нивниот начин на комуникација, нивната волја и способност за соработка, длабочината на разбирање на проблемот, конечниот резултат – успех или неуспех. Ако е потребно наставникот го намалува фокусот на ова опширно прашање.

Се очекува учениците да го посочат отсуството на јасни правила. Зависно од нивните одлуки, тие можеби се обиделе да развијат вакви правила.

Исто така, учениците можеби ќе предложат одредени пристапи: правилата бараат државна авторитарност или најдобро функционираат во мали групи на неформални правила. Тие исто така можеби помислиле на проблемот со приватното или јавното поседство на рибниот фонд. Наставникот ги забележува ваквите коментари, бидејќи тие може да се поврзани со материјалот за ученици 5.2.

Наставникот ја претставува задачата.

Иницијалното размислување го дава контекстот на задачата. Наставникот објаснува дека рибарската заедница доживеа сериозни проблеми поради отсуството на јасна рамка на правила која го одредува начинот, а можеби и целта на интеракцијата.

Искуството на учениците во играта може да се генерализира:

  • Не постои човечко општество без конфликт.
  • Човечкото општество нема да опстои без соработка.
  • Ниедна заедница не може да соработува или решава конфликти на мирен начин, без институционална рамка на правила.

Учениците сега можат да истражуваат кои правила најмногу одговараат за заедницата. Тие се враќаат во нивните улоги на членови на рибарската заедница, но сега играта е поинаква. Тие се создавачите на правила. Тие формираат групи и оформуваат правила, ги споредуваат и оценуваат, а на конференцијата конечно гласаат за усвојување на рамката од правила за нивната рибна заедница.

Распоредот за одлучување

Учениците го добиваат материјалот за ученици 5.1.

Наставникот објаснува дека играта е модел за процесот на правење политички одлуки –посебен процес кој се занимава со спроведувањето на основни правила, наместо процес кој се одвива во веќе воспоставена рамка.

Играта продолжува сè до лекцијата 4, кога учениците излегуваат од играта и размислуваат за искуството. Материјалот за ученици 5.1 ја опишува агендата и дава информација за тоа зошто баш овој метод се користи. Во играта како и реалноста, прашањето што е тоа што создава добра рамка за општеството е практично прашање, а не академско. Учениците мораат да донесат одлука.

Наставникот го дели материјалот за ученици 5.2 како упатство за некои клучни прашања кои вреди да се проследат. Ако учениците во дискусијата обработиле некои точки кои можеби се поврзани со материјалот за ученици, наставникот го посочува тоа на учениците.

Штом учениците се подготвени да започнат, тие формираат групи.

2. Учениците работат на нивниот проект (лекции 1 и 2)

Учениците формираат групи од четири до шест ученика. Секој од членовите на рибарските екипи  го впишува своето име на список на таблата, внимавајќи на тоа нивната екипа да е претставувана од најмалку еден член на секоја група. Наставникот објаснува дека битно е да се земе предвид различното искуство и перспективите на сите четири екипи. Наставникот ги забележува членовите на групите.

Членовите на групите најпрво ги назначуваат основните задачи: 1-2 презентери, раководител на групата, раководител со време и материјали, надгледувач. Групите се среќаваат на маси кои се наместени колку што е можно пошироко. Раководителите на материјали ги собираат материјалите за нивните групи.

Учениците работат во групи за време на втората половина на лекција 1 и лекција 2.

Тие имаат слобода да ја планираат нивната работа и домашна работа.

Опис на лекција 2

Учениците ги споделуваат нивните клучни избори

На почетокот на втората лекција, наставникот ја прашува секоја група да извести за нејзините основни избори – хиерархија, деловно контактирање, или мешoви систем? Дали сопственоста на рибниот фонд да е јавна или приватна? Ако две или повеќе групи го имаат направено истиот избор, наставникот ги поттикнува да ги споделат нивните резултати во некој момент за време на часот. Таквите размени можат да бидат од голема помош за конференцијата, бидејќи сличните модели можат да се спојат во еден.

Групите кои сакаат самостојно да работат не треба да се вознемируваат.

Согласување за процедуралните правила однапред

Штом наставникот зел збор на почетокот на втората лекција, тој/таа ги дели материјалите за ученици 5.4 и им вели на групите да ги прочитаат нацрт-правилата и да одлучат дали се прифатливи. На крајот на лекцијата, групата треба да гласа. Ако има приговори или прашања, учениците треба да ги спом(е)нат за време на часот.

Групите ги подготвуваат презентациите.

Раководителите на материјали ги собирааат материјалите за презентација за време на часот.

Наставникот не интервенира ако некоја група доцни. Тој/таа може да ги потсети групите дека одговорноста презентацијата да е готова пред третото предавање на учениците, што дозволува конечните детали да се изработат дома.

Наставникот бара од записниците да подготват конечен документ од нивниот нацрт – во писмена форма или испечатено – да може да биде потпишано од сите членови на заедницата (видете ги процедуралните правила во мат. за ученици 5.4).