Членовите на заедницата се согласуваат за рамката на правила

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Донесување одлука.
Крајна цел на учењето Компромис, консензус за рамката на правила.
Задачи на учениците Учениците се обидуваат да донесат едногласна одлука.
Учениците размислуваат за нивното искуство.
Материјали и извори Материјал за ученици 5.4-5.6.
Метод Гласање.
Предавање на наставникот и дискусија.
Временски буџет 1. Учениците ја одржуваат конференцијата. – 20 мин.
2. Учениците размислуваат за нивното искуство – 20 мин.

 

Информационо поле

За учениците, конференцијата во врска со уставот и неговите основачи е вежба за учеството во демократијата. Учениците ја имаат улогата на уставни законодавци. За самата конференција потребни се правила за кои учениците мораат да се согласат пред да почне конференцијата. Учениците, со давање структура на процедурата, можат да ја преземат целата одговорност вклучувајќи и го претседавањето со состанокот.

Учењето преку задачи секогаш бара размислување. Учениците можат да научат само ако размислуваат за тоа што го прават или веќе го направиле. Која е важноста? Фазата на размислување ги дава клучните проникнувања. Учениците разбираат што може да се генерализира. Во овој дел тие учат зошто на општествата им е потребна институционална рамка и кои се проблемите и ризици при давање моќ на властите.

За оваа тема, предлагаме наставникот да направи кратко предавање за да ја истакне разновидноста на идеи. Учениците одговараат на ова со дискусија и прашалник за повратна информација.

Опис на лекцијата

Распоред на седење

Во двата дела на лекцијата – конференцијата и размислувањето – учениците седат во круг, без клупи, или во квадрат на клупите. Претседавачот седнува на катедрата со хартиената табла или таблата покрај него.

1. Учениците ја одржуваат конференцијата

Учениците ја одржуваат конференцијата според правилата за кои се договориле. Наставникот гледа и слуша. Тој/таа не треба да интервенира на каков било начин, освен ако учениците наидат на сериозен проблем (пр. ако има расправии за тоа како се спроведуваат правилата) но тоа е малку веројатно.

Наставникот ги набљудува учениците во нивните улоги. Тој/таа ја користи можноста да го адаптира последователното предавање на искуството на учениците.

2. Учениците размислуваат за нивното искуство

Наставникот ги сумира темите 4 и 5 во предавање

Учениците ги добиваат материјалите 5.5 пред предавањето. Во него, наставникот се навраќа на тоа што се случило во двете игри, риболовната и играта на одлучување. Тие моделираат еден историски процес во кој едно општество се развива во заедница со институциона рамка на правила. Зависно од изборот кој бил направен на конференцијата, општеството можеби основало држава, вклучувајќи устав и јасно определена законодавна моќ и спроведување на законот. Можеби пак, членовите на заедницата го одбрале моделот на деловно контактирање, со цел да се избегне проблемот на злоставување на моќта. Наставникот го адаптира предавањето на резултатите на играта. Исто така, учениците се обиделе да го надминат изворот на конфликт во рибарската заедница со одредување на одржлива политика.

Суштествено, ова е процес на модернизација. Игрите прикажуваат важни паралели со социјалната и историската реалност, но исто така и значајни разлики (видете ги заклучоците).

Учениците одговараат на предавањето

Ваквото предавање ги поттикнува учениците да размислуваат. Тие ги знаат сите факти од нивната перспектива во играта. Новата и битна работа за нивното размислување е – што може да се генерализира и примени на други примени и задачи.

Учениците имаат слобода да поставуваат прашања и даваат коментари – со што се согласуваат а со што не.

Ова може да создаде прашања за точки кои ги интересираат. Ова дава можност за наставникот и учениците заедно да планираат за идни лекции и теми. Што може да се обработи во другите теми, на пример во овој прирачник? Што може да се поврзе со наставната програма? Колку време ни е достапно? Дали учениците се заинтересирани за истражувачка задача?

Можеби учениците ќе предложат повторно да се разгледа риболовната игра – да се игра уште неколку рунди со нивото на размислување и разбирање кое сега го постигнале.

Учениците ја даваат нивната лична повратна информација

Наставникот го дели материјалот за ученици 5.6 на учениците. Ова е прашалник кој им помага на учениците при размислувањето за нивниот процес на учење. Овие искази исто така даваат битна информација за наставникот и подобрувањето на неговата идна работа. Ако учениците имаат портфолио, овој прашалник треба да се смести тука.

Ако наставникот сака да го прочита прашалникот, некои ученици можеби ќе сакаат да го одговорат анонимно.