ТЕМА 6: ВЛАДА И ПОЛИТИКА
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 2: Учество во политиката: надминување конфликти, решавање проблеми » ТЕМА 6: ВЛАДА И ПОЛИТИКАМоделот на политички циклус
Вовед за наставници
Двете димензии на политиката
Според класичната дефиниција на Макс Вебер, политиката има две димензии: од една страна, тоа е борба за моќ а од друга страна, политиката е „ продупчување на дупки низ дебели штици, со страст и добро расудување.“15 Оваа метафора го претставува обидот да се реши политички проблеми. Таквите проблеми треба да се решаваат, бидејќи се итни, влијаат на општеството како целина и оттаму се комплексни и тешки.
Оваа тема се концентрира на тоа како се одвива ова „продупчување на дупки низ дебели штици“, и како граѓаните кои сакаат да учествуваат во демократијата можат да ја одиграат својата улога во решавањето на проблемите кои имаат приоритет.
Моделот на политички циклус
Учениците учат како да користат алатка за да ги опишат и разберат процесите на политичко одлучување – моделот на политички циклус (види материјал за ученици 6.1). Политиката е процес на дефинирање на проблеми,а потоа дебатирање, одбирање и спроведување решенија. Јавното мислење и реакциите од луѓето и групите чии интереси се засегнати покажува дали решенијата ја постигнуваат целта и дали тие да се прифатат. Ако обидот да се реши проблем бил успешен, политичкиот циклус завршува; ако обидот е неуспешен, циклусот повторно почнува. Во некои случаи решението на еден проблем создава нови проблеми кои мора да се решат со нов политички циклус.
Политичкиот циклус истакнува битни аспекти од политичкото одлучување во демократските системи:
- Хевристички (конструктивистички) концепт за политичките проблеми и општото добро;
- создавање на конкурентна агенда; во плуралистичките општества, политичките аргументи често се поврзуваат со интереси.
- процесот на политичко одлучување како процес на колективно учење; отсуството на сезнајни играчи (како што се лидерите на партии со спасувачки идеологии);
- силно влијание на јавното мислење и медиумска покриеност; можноста на граѓаните и групите од интерес да интервенираат и учествуваат.
Како работи моделот – што тој покажува, а што изостава
Политичкиот циклус е модел – дизајн кој работи како мапа во географијата. Тој покажува многу и создава логика за разбирање. Затоа моделите се често користени во образованието и науката, бидејќи без моделите ние би разбирале многу малку во нашиот комплексен свет.
Прирачникот за ученици содржи материјали кои се создадени како модели:
материјали за ученици:
- 1.2 Три опции кои ја обликуваа нашата иднина;
- 3.4 Како демократскиот политички систем се справува со разноликоста и плурализмот?
- 3.5 Концептот за општото добро;
- 3.6 Мапа на социјални поделби и политички партии.
Никогаш не ја заменуваме мапата со пејзажот кој таа го претставува – мапата покажува многу, но само затоа што многу изостава. Мапа која би покажувала сè би била прекомпликувана за разбирање. Истото е вистинито за моделите како што е политичкиот циклус. Овој модел исто така не треба да се замени со реалноста. Тој се концентрира на процесот на политичко одлучување – “бавното продупчување на дебели штици“ – но обрнува помалку внимание на втората димензија на политиката, потрагата и борбата за моќ и влијание.16
Во демократските системи, двете димензии на политиката се поврзани: политичките одлучувачи се справуваат со тешки проблеми, и се справуваат меѓусебно како политички спротивници. Во моделот на политички циклус, фазата од политичката агенда покажува како овие две димензии одговараат заедно. За да се овозможи разбирање на одреден политички проблем кој е во агендата е прашање на моќ и влијание.
Еве еден пример. Една група вели, „Даноците се многу високи, па ги одвраќаат инвеститорите“, а друга група вели „Даноците се многу ниски, затоа има помалку финансии за образованието и социјалното осигурување“. Зад секоја дефиниција од проблемот со данокот стојат интереси и основни политички погледи, а решенијата покажуваат во различни насоки: намалување или зголемување на данокот за групите со поголеми приходи. Првата дефиниција на проблемот е нео-либерална, а втората е социјал-демократска (видете го материјалот за ученици 3.6).
Граѓаните треба да се свесни за двете страни. Моделот на политички циклус е алатка која им помага на граѓаните да го оценуваат трудот на политичките одлучувачи за решавање на проблеми во општеството.
Потенцијалот за учење при користењето на циклусниот модел
Потенцијалот за стручно оспособување кој го има оваа тема е следниот:
Компетенции за анализа и расудување:
- Учениците се обучени да бидат активни корисници на медиумски информации.
- Тие развиваат вештини на дебатирање за правењето агенда и различните фази на политичко одлучување.
- Учениците ги ценат преговорите за компромиси меѓу страни со различен интерес (хевристички концепт за политички проблеми и општото добро).
Компетенции за политичко учествување:
Учениците се способни да ги идентификуваат фазите во процесите на политичко одлучување во кои можат да интервенираат и извршат влијание (фази пред и по одлуката).
Дидактичка рамка за темата
Учениците се запознаени со моделот на политички циклус како алатка и ја применуваат во истражувачка задача. На последниот час тие ги споделуваат и размислуваат за нивните откритија и работата на проектот. Првата лекција содржи напреден организатор кој го истакнува клучниот елемент на политичкиот циклус – проблемот за правење на политичката агенда. Учениците ќе го разберат моделот подобро по симулацијата на дебата за правење агенда на часот. Темата овозможува високо ниво на ученичка активност.
Темата ја содржи алатката за правење анализа на процесите на политичко одлучување, но не содржи материјал за истражување на случај. Ова дава можност но и потреба за наставникот и/или учениците да одберат погодна тема. Критериумите за бирање на тема за истражување на случај се следните: релевантност, разбирливост, или покриеност од медиумите.Ќе се обработува актуелен случај во иницијалните фази на моделот на политички циклус, но покриеноста од медиумите е подостапна. Од друга страна, некој случај од минатото овозможува да се погледне историјатот на имплементацијата и оценувањето на решенијата на проблемот. Треба да се земат предвид и уставните, правните и институционите рамки.
Се препорачува една сесија за повратна информација за да се оцени резултатот од учењето и да се искористи потенцијалот за учење кој го нудат учениците со својата повратна информација. Сепак, за ова треба да се оддели и петти час.
Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга
Што покажува оваа табела
Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 6-тата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во 6-тата тема се развиваат во овие теми?
Како може да се користи оваа матрица
Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.
- Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, анализа на проблем, оценување на ефектот на правилата, истражување на важноста на личната одговорност.
- Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини. Во овој случај наставникот бира и комбинира повеќе теми.
Теми | Димензии на развојот на компетенции | Ставови и вредности | ||
Политичка анализа и расудување | Методи и вештини | Учество во демократија Донесување политички одлуки и делување |
||
6 Влада и политика | Јавно дебатирање и преговори: практикување на човековите права, есенција на демократското одлучување. | Критериуми за избирањето информации | Стратешки пристап при интервенирањето во процеси на одлучување | Почит кон преговорите и натпреварот на интереси |
3 Разноликост и плурализам | Плурализам Натпревар на интереси Преговарање за општото добро Две димензии во политиката |
Правење кратки излагања | Преговарање за компромиси и согласување на привремен концепт за општото добро | Заемно признавање |
4 Конфликт | Концепт за политички проблем | Идентификување на проблем, обиди за наоѓање решение | ||
5 Правила и закон | Важност на заемното вреднување на институционата рамка, вклучувајќи ја политичката култура во демократските системи | Создавање на институциона рамка за процес на мирно донесување одлуки | Вреднување на праведноста при правењето компромиси | |
8 Слобода | Расправање | Говорење во јавност | Промовирање на идеи и интереси во јавност | Вреднување на ненасилни начини на решавање конфликти |
9 Медиумите | Правење на агенда и цензура преку медиумите и корисниците на медиуми | Деконструкција на информацијата која е трансформирана преку медиумите Критериумите за бирање на информации |
Усвојување на ограничувачката перспектива на медиумите: одредување на политички проблеми |
ТЕМА 6: Влада и политика – моделот на политички циклус
Како демократската заедница ги решава своите проблеми?
Тема на лекција | Стручно оспособување/цели на учење | Задачи на ученикот | Материјали и извори | Метод |
Лекција 1 „Нашиот најитен проблем е…“ |
Расудување: правење избор, искажување причини. Учество: заемно признавање на личното искуство, интересите и вредностите. Политичкиот проблем е прашање, не факт. |
Учениците прават дискусија за правење политичка агенда. | Хартиени табли, маркери во различни бои, селотејп. | „Ѕид на тишината“ – работа во групи. Презентации и дискусија. |
Лекција 2 Политика – како демократската заедница ги решава своите проблеми |
Работење со модел. Политиката служи за решавање на проблеми кои влијаат на заедницата.. |
Учениците го применуваат моделот на политички циклус на конкретни примери на нивниот избор (истражувачка задача). | Материјал за ученици 6.1 и 6.2. Харт. табли и маркери. Весници. |
Предавање. Работа во групи. |
Лекција 3 Примена на моделот на политички циклус (истражувачка задача) |
Анализа и расудување: Опишувањње и оцена на процесот на политичко одлучување. Разбирање на моделот на п. цикл. |
Учениците го применуваат моделот на конкретен проблем. | Материјал за ученици 6.1 и 6.2. Весници. |
Работа на проект. |
Лекција 4 Како можеме да учествуваме? |
Методи: правење и слушање на презентации. Учество: идентификување можности за политичко учествување. Моделот служи како алатка за анализа на дел од комплексна целина. |
Учениците меѓусебно ги кажуваат резултатите. Учениците размислуваат за производот и процесот на нивната работа. |
Материјал за ученици 6.2, со белешки од учениците. | Презентации во отворен простор. Пленарна дискусија. |
Лекција 5 Сесија за повратна информација (опционално) |
Размислување за личниот процес на учење и развивање на компетенции. Давање конструктивна повратна информација. Размислување за заедничката одговорност на наставникот и учениците за успехот на часовите по ОДГ/ОЧП. |
Учениците размислуваат за нивната работа (резултат од учењето и процес на учење). | Материјал за ученици 6.3 (повратна информација од учениците). Табли со маркери во разл. бои. Една хартиена табла со голема копија на мат. за ученици 6.3. |
Индивидуална работа, пленарна презентација и дискусија. |
15. Макс Вебер, Politik als Beruf (Политиката како професија), Преработка: Штутгарт, 1997, стр 82. (Мој превод, П.К.)
16. Споредете со материјалите за наставници 6.2.
- Лекција 1: „Нашиот најитен проблем е ...“
Дискусија за правењето политичка агенда Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување...
- Лекција 2: Политика – како демократската заедница ги решава своите проблеми
Моделот на политички циклус Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно...
- Лекција 3: Примена на моделот на политички циклус
Истражувачка задача Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува...
- Лекција 4: Како можеме да учествуваме?
Политичкиот циклус како алатка за политичко учествување Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот....
- Лекција 5: Сесија за повратна информација
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП....
- Материјал за наставници 6.1: Илустрација на моделот на политички циклус – како да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди?
Концепти и клучни прашања Белешки 0. Тема Што е проблемот? Како да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди? 1. Проблем Кој ја...
- Материјал за наставници 6.2: Клучни искази за моделот на политички циклус
Политиката има две страни: решение на проблемите и борбата за моќ. Циклусот како модел се концентрира на првиот аспект – решение на...