Лекција 4: Како можеме да учествуваме?
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 2: Учество во политиката: надминување конфликти, решавање проблеми » ТЕМА 6: ВЛАДА И ПОЛИТИКА » Лекција 4: Како можеме да учествуваме?Политичкиот циклус како алатка за политичко учествување
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Методи: правење и слушање на презентации. Учествување: идентификување на можностите за политичко учествување. |
Крајна цел на учењето | Моделот служи како алатка за анализирање на дел од комплексна целина. Политиката има две страни: решение на проблемите и борбата за моќ. Моделот на политички циклус се концентрира на првиот аспект. |
Задачи на учениците | Учениците се испитуваат едни со други за резутатите. Учениците размислуваат на производот и процесот на нивната работа. |
Материјали и извори | Материјал за ученици 6.2, со белешки од учениците. |
Метод | Презентации на отворен простор, пленарна дискусија. |
Временски буџет | 1. Презентации на учениците – 15 мин. |
2. Дискусија и размислување – 25 мин. |
Опис на лекцијата
1. Презентации на учениците
Часот почнува со информациите од учениците. Групите седат на клупи наредени покрај ѕидот, со отворен простор во средината. Секоја група назначува два говорници кои ги претставуваат групите. Ова овозможува сите ученици да ги посетат другите групи и да добијат извештај за нивните резултати.
Ова децентрализирано поставување дава простор за повеќе учениците да се симултано активни. Ниеден ученик нема да има целосна слика на крајот. Ова ќе потрае подолго, а количината на информација ќе биде преголема за запаметување.
Наставникот им се придружува на учениците и слуша наместо да прашува или коментира.
2. Дискусија и размислување
Учениците се собираат во пленарната сесија. Седнуваат во круг или U-форма за да се гледаат едни со други.
Прво учениците и наставникот мораат да се согласат за агендата. Наставникот предлага тие да се концентрираат на моделот наместо на проблемите кои учениците ги проучувале и учениците треба да се согласат пред часот да продолжи како предложеното.
Наставникот прашува отворено прашање и потоа дава збор на учениците:
„Што функционираше добро кога го применивте моделот на политички циклус на конкретен пример а што не функционираше?“
Учениците одговараат како експерти, потпирајќи се на искуството од истражувачката задача. Тие можат да ги пријават техничките проблеми како наоѓањето информации или недостаток на време. Тие можат да посочат на аналитички потешкотии, на пример, одлучување во која фаза припаѓа одреден настан: правење агенда, дебата за одлуки или реакција на резултатот од одлука. Тие можеби имаат мислење за самиот модел, прашувајќи дали прецизно ја претставува реалноста.
Не е потребно да се коментира и одговара на секоја точка која учениците ја изнесуваат, но секако дека учениците и наставникот можат тоа да го направат и да го испланираат времето според тоа.
Има најмалку три клучни искази за моделот на политички циклус за кои вреди да се размислува (видете го материјалот за наставници 6.2). Наставникот не мора да го претстави целиот комплет; ова е една можност меѓу другите. Можеби е корисен исказот кој одговара на коментарите на учениците. Во спротивно, наставникот бира еден или повеќе искази, како кратко излагање како заклучок на дискусијата.