Лекција 5: Сесија за повратна информација
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 2: Учество во политиката: надминување конфликти, решавање проблеми » ТЕМА 6: ВЛАДА И ПОЛИТИКА » Лекција 5: Сесија за повратна информација
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Размислување за личниот процес на учење и стручно оспособување. Давање конструктивна повратна информација. Размислување на заедничката одговорност на наставникот и учениците за успехот на часовите по ОДГ/ОЧП. |
Крајна цел на учењето | Повратната информација е важна алатка за подобрување на процесот на предавање и учење. |
Задачи на учениците | Учениците размислуваат на нивната работа (резултатот и процесот на учење). |
Материјали и извори | Материјал за ученици 6.3 (повр. информација од учениците). Табла со маркери во разл. бои. Една харт. табла со голема копија од ?мат. за ученици 6.3. |
Метод | Индивидуална работа, пленарна презентација и дискусија. |
Временски буџет | 1. Индивидуална повратна информација – 7 мин. |
2. Пленарна дискусија за резултатите од повр. информации. – 13 мин. | |
3. Последователна дискусија – 20 мин. |
Информација за наставникот
Оваа теба е одбрана како еден од двата примери во овој прирачник18 како демонстрација како повратната информација може да се користи за евалуација на темата. Оваа сесија е опционална, но ја препорачуваме.
Учениците даваат повратна информација за нивната работа на проектот – концентрирајќи се на процесот на предавање и учење. Кои беа потешкотиите, а што одеше добро? Кои вештини ги поседуваат учениците, а кои би сакале да ги развијат во иднина?
Сесијата за повр. информација е корисна алатка за оценување на ефектот на часовите по ОДГ/ОЧП преку споредување на мислењата на учениците едни со други и со наставникот. За ова треба време, но инвестицијата дава награди бидејќи се очекува да се подобри работната атмосфера и ефикасноста на планирање на часовите. Оваа сесија се состои од изнесување информации (чекори 1 и 2,) и дискусија (чекор 3).
Опис на лекцијата
Следната процедура се препорачува на ученици кои не се запознаени со давањето повратна информација. Подолу е прикажана алтернативната процедура за класови и наставници со одредено искуство во давањето повратна информација.
1. Индивидуална повратна информација
Копијата од материјалот е прикачена на ѕид или табла за да можат сите ученици добро да ја гледаат. Наставникот ја објаснува целта на часот: учениците нема да обработуваат нова тематика, туку ќе зборуваат и ќе ги погледнат резултатите и нивниот процес на учење. Тие треба да ги одговорат прашањата искрено и чесно, пишувајќи ги на материјалите кои ќе ги добијат. Тие не треба да ги пишуваат своите имиња.
Во последователната дискусија, класот и наставникот ќе ја погледнат повратната информација со цел да дознаат како можат да го подобрат резултатот на учењето во ОДГ/ОЧП – со забележување што функционирало добро и менување што не функционирало добро.
Секој ученик добива копија од материјалот за ученици 6.3. Наставникот истакнува дека учениците не треба меѓусебно да гледаат во материјалите – ова не е тест со број на очекувани одговори.
Првиот дел на материјалот се состои од осум искази за различни аспекти во предавањето и учењето – алатката на политичкиот циклус, методите на учење и предавање, соработка и интеракција со другите ученици и наставникот. Овие прашања се одговараат со ставање точка на таблата за пикадо – ставање точка во центарот (бр.5) значи „потполно се согласувам“, а точка во надворешниот круг (бр.1) значи “воопшто не се согласувам“.
Во вториот дел учениците можат да го впишат нивниот личен „полн погодок“ и „промашување“ – која била најинтересната и важна работа – која вреди да се памети – а ја научиле во оваа тема? А што било посебно неинтересно, непродуктивно или здодевно – и ќе го заборават брзо?
2. Пленарна презентација на резултатите од повратната информација
Учениците работат во тишина. Двајца ученици ги собираат листовите и ги носат на таблата. Еден ученик ги чита резултатите од таблата за пикадо на секој материјал, а друг ги запишува на големата копија која е на табла. Еден ученик може да го пресмета вкупниот резултат со додавање на резултатите во секој сектор а потоа делење на резултатите со бројот на ученици кои учествуваат.
Личните повратни информации (дел 2) исто така се читаат и запишуваат на две големи табли кои се лево и десно од таблата за пикадо и на секоја стои наслов кој се однесува на прашањето за повр. информација – пр. што сметам дека е интересно/неинтересно.
Алтернативна процедура
Оваа процедура бара време, но ќе им олесни на учениците кои прв пат работат ваков тип на вежба. Може да се примени подиректен метод ако:
- учениците имаат некое искуство со давање повратна информација;
- (поважно) можат да му веруваат на наставникот дека нема да го санкционира отворениот критицизам, пр. со ставање лоши оцени или лични вербални напади;
- (најважно) учениците можат меѓусебно да си веруваат и да ги почитуваат заемните мислења и искуства кои се различни.
Чекор 1: Еден по еден, учениците доаѓаат до таблата и ги впишуваат своите поени директно на постерот. Тие не го пополнуваат материјалот за ученици 6.3. Наместо тоа, учениците добиваат црвени и зелени ленти хартија (може и бела хартија соодветно обележана) и ги пишуваат нивните лични повратни информации. Потоа овие се собираат и двајца ученици ги презентираат. По можност, учениците можат самите да излезат и да ги читаат своите искази и да ги коментираат, секако ако имаат желба. Овие ленти се прикачуваат на таблите и се ставаат заедно ако повторуваат одредена информација. Поднасловите и клучните зборови даваат структура на табелата за повратна информација.
Основно правило за време на изнесувањето на повратна информација: нема коментари, нема дискусии
Без разлика кој пристап се применува, важи едно основно правило: не се коментираат исказите за време на изнесувањето на информации. Може да се наруши временскиот распоред ако се почне прерана дискусија и се игнорира принципот на еднакви можности за сите. Наставникот претседава со фазата за изнесување и интервенира ако учениците коментираат, се смеат или исмејуваат нечив исказ.
3. Последователна дискусија
Сесијата за повратна информација има своја агенда, така што не може да се даде совет како да се структурира содржината. Еве некои основни точки кои ќе му помогнат на класот во читањето на главните пораки.
Табла за пикадо:
- Кои прашања покажуваат групирања на согласувачки или несогласувачки искази? Зошто?
- Кои прашања покажуваат широко растојание од една екстрема во друга? Зошто?
Лични повратни информации:
- Дали има групирања – искази кои се повторуваат?
Последователната дискусија може да ги обработи точките како што се:
- Кои се квалитетите на нашите часови по ОДГ/ОЧП? Треба ли да продолжиме на начинот на кој работевме досега?
- Кои се слабостите на нашите часови по ОДГ/ОЧП? Што треба да промениме или подобриме? На кој начин?
(Следните прашања можат да се вклучат во продолжение на материјалот за ученици 6.3).
- Која е мојата лична одговорност? Што можам јас да придонесам за нашиот успех?
- Што би сакал јас – како индивидуален ученик – да учам следно? Кои задачи ме интересираат или најмногу ми користат?
Учениците и наставникот одлучуваат – можеби и заеднички – кои резултати од сесијата можат да ги продолжат во планирањето на следните часови. Едно од најважните работи кои учениците – а можеби и наставникот – треба да ги сфатат е дека учениците и наставникот завистат едни од други како професионалци и ученици, од аспект на успешноста.
18. Видете го материјалот за ученици 5.6 (за темите 4 и 5).