ТЕМА 8: СЛОБОДА
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 3 – Учество во политиката: учество преку комуникација » ТЕМА 8: СЛОБОДАДебатирање во јавност
Зошто слободата (на говор) не функционира без строги правила?
Вовед за наставници
Зошто слободата (на говор) не функционира без строги правила?
За некои читатели ова прашање можеби ќе изгледа чудно. Сепак, слободата значи дека можеме да кажеме и направиме што сакаме. Демократијата е систем за отворени и слободни општества. Строгите правила не потсетуваат на нешто многу поинакво – на пример авторитарна власт. Па тогаш која е пораката зад ова прашање? Накратко, слободата и еднаквоста се близнаци. Сите ги уживаме правата на слобода, но ни требаат еднакви можности за да ги практикуваме – затоа постојат правилата. Во оваа тема учениците ќе ја увидат важноста на овој принцип за учеството во демократија.
Зошто оваа тема се концентрира на дебатирање
Граѓаните кои учествуваат во демократијата ќе учествуваат во дискусии и дебати , а со тоа тие ги практикуваат човековите права на слободно мислење и изразување. Расправањето во јавност е вештина која може да се научи, па затоа на учениците им треба обука во училиштата. Од оваа причина учениците вежбаат како да спроведат дебата и оваа тема е поврзана со клучниот концепт на слободата. Слободата на говор и изразување овде е посебно битна.
Што прават учениците во часот по дебатирање
Единаесет ученици учествуваат во дебатата. Има два дебатни тима од по пет ученика и еден претседавач. Другите ученици ја слушаат дебатата, но имаат активна улога. Три тандем-тимови на ученици пишуваат статија и го известуваат класот на последниот час за оваа тема. Останатите ученици се публика, а нивната улога е да ги оценуваат аргументите, да одлучат која страна ги убедила на крајот и да гласаат за која страна ја поддржуваат. Како и во политиката, една страна го освојува мнозинството на поддржувачи.
Што ќе научат учениците во оваа тема?
Дебатата следи строги правила кои се со цел секој ученик да добие еднакво време за говорење. Затоа претседавачот ќе ги прекинува учениците кои сакаат да зборуваат подолго од дозволеното. Ова правило е потреба, бидејќи го штити правото на секој говорник за слободно изразување – но во строга граница. Ете зошто слободата не функционира без строги правила (видете го поднасловот на оваа тема). Без овој принцип ниеден демократски систем нема да функционира, ниту пак човековите права ќе значат многу во животите на луѓето.
Која е улогата на наставникот во оваа тема
Во оваа тема учениците имаат многу време да работат самостојно, со што ќе ги усовршуваат нивните вештини за дебатирање и набљудување, но исто така за преземање одговорност затоа што го прават. Лекциите 2-4 почнуваат со информации од учениците. Кога учениците самостојно работат, наставникот има улога на инструктор: тој/таа ги набљудува учениците за да дознае што тие прават добро, а на кои од нивните квалитети им е потребно внимание и обука. Тој/таа ги поддржува ако тие побараат помош, но не треба да им ги даде решенијата за нивните задачи.
Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга
Што покажува оваа табела
Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 8-мата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во 8-мата тема се развиваат во овие теми?
Како може да се користи оваа матрица
Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.
- Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, анализа, рефлексивна употреба на медиумите и одговорност.
- Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини. Во овој случај наставникот бира и комбинира повеќе теми.
Теми | Димензии на развојот на компетенции | Ставови и вредности | ||
Политичка анализа и расудување | Методи и вештини | Учество во демократија Донесување политички одлуки и делување |
||
8 Слобода | Идентификување на клучни искази Поврзување и рангирање на аргументи: правење избор Анализа на селективната конструкција на реалноста од медиумите |
Дебатирање: давање кратки и јасни искази Играње во тим Пишување новинарска статија |
Донесување одлука со гласање на мнозинството | Етика на заемно признавање |
2 Одговорност |
Одговорноста е дури и поважна од правилата кои прават демократијата да функционира (теми 2 и 7) |
|||
7 Еднаквост | Анализа и решавање на проблемот со мнозинството/малцинството | |||
5 Правила и закон | Неутрализирање на потенцијалот за траен конфликт на интереси со создавање на закони и правила | |||
6 Влада и политика | Проучување на дебати за правење агенда и политичко одлучување | Идентификување каде граѓаните можат да интервенираат во процеси на политичко одлучување | ||
9 Медиумите | Анализа на селективната конструкција на реалноста од медиумите | Пишување новнинарска статија | Рефлексивна употреба на информацијата пренесена од медиумите |
ТЕМА 8: Слобода – дебатирање во јавност
Зошто слободата (на говор) не функционира без строги правила?
Тема на лекција | Стручно оспособување/цели на учење | Задачи на ученикот | Материјали и извори | Метод |
Лекција 1 Кои проблеми се за нас интересни? (3 недели однапред) |
Преземање одговорност. Критериуми за одбирање на проблеми за дебата на часот: политичка релевантност, интерес на учениците, врски со разбирањето и искуството на учениците. |
Учениците разменуваат идеи и собираат информации за проблеми за дебатата. | Материјал за ученици 8.1. Информации од медиумите. Записи од лично искуство. Хартиена табла. |
„Работа во тандем-тимови. |
Лекција 2 Подготовка за дебатата |
Учество: учениците прават избор преку гласање. Методи и вештини: тимска работа. |
Учениците ги подготвуваат своите улоги во дебатата. | Материјал за ученици 8.2-8.5, 9.1. Информации од медиумите. Таблоид и квалитетен весник, списание за млади. |
Работа во групи. Учење преку соработка. |
Лекција 3 Дебатираме – одлучуваме – известуваме |
Кратко говорење: расправање со противник, соработување во тим. Набљудување и оценување на аргументи. |
Учениците учествуваат или ја гледаат и слушаат дебатата. Последователни задачи за групите како подготовка за часот за размислување. |
Материјал за ученици 8.2-8.5, 9.1. | Дебата. Групна работа (гласање). Испитување. |
Лекција 4 Една дебата – различни перспективи |
Анализирање и оценување на заедничко искуство. Медиумите ја создаваат нашата перцепција за реалноста. Правилата значат еднакви можности за практикување на правата на слобода. |
Учениците ги споредуваат статиите за дебатата. Учениците размислуваат за нивното искуство во дебатата. |
Материјал за ученици 9.1. Статии напишани од учениците. |
Презентации. Дискусија. |
- Лекција 1: Кои проблеми се за нас интересни?
Учениците учествуваат во планирање на дебатата Ве молиме забележете: овој час се одвива три недели пред другите часови. Оваа матрица ја сумира...
- Лекција 2: Подготовка за дебатата
Клучни искази и стратегии за дебатирање Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното...
- Лекција 3: Дебатираме – одлучуваме – известуваме
Дебатирање и одлучување во јавност Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување...
- Лекција 4: Една дебата – различни перспективи
Учениците размислуваат за дебатата Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно...
- Материјал за наставници 8.1: Зошто слободата зависи од правилата и законите
Можности за учење во оваа тема Заемна зависност преку недостатокот на време Најдрагоцениот ресурс во предавањето, учењето и воопшто во нашите животи...