Лекција 3: Дебатираме – одлучуваме – известуваме
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 3 – Учество во политиката: учество преку комуникација » ТЕМА 8: СЛОБОДА » Лекција 3: Дебатираме – одлучуваме – известувамеДебатирање и одлучување во јавност
Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Слободно говорење: расправање со противник, соработка во тим. Набљудување и оценување на размена на аргументи. |
Крајна цел на учењето | Поврзано со темата за која се дискутира. |
Задачи на учениците | Учениците учествуваат, ја набљудуваат и слушаат дебатата. Последователни задачи за групите како подготовка за сесијата за размислување. |
Материјали и извори | Материјал за ученици 8.2-8.5, 9.1. |
Метод | Дебата, работа во групи (гласање), испитување. |
Временски буџет | 1. Дебатата – 25 мин. |
2. Гласање на публиката – 10 мин. | |
3. Домашна задача: информации за размислувањето – 5 мин. |
Информационо полеОвој час ја содржи клучната задача за целата тема, а тоа е дебатата. Проширената подготовка во предходниот час беше наменета да им даде самоувереност на учениците за да ги играат нивните улоги. Претседавачите се одговорни за раководење со дебатата и гласањето на публиката. Наставникот го отвора и затвора часот, и првенствено има улога на набљудувач. Материјалите за ученици им даваат правила на учениците за тоа како треба да ги играат своите улоги. Пристапот е типично учење преку задачи: часоте е структуриран преку различни задачи и строго врамен со правилата и распоредот, а наставникот скоро никогаш не зема збор. Како и да е, целите за учење кои наставникот ги има на ум се присутни низ целиот час – дури и повеќе од фронталното предавање, бидејќи сега учениците се „сопственици“ на часот. |
Опис на лекцијата
Материјалот за ученици 8.4 (улогата на претседавачите) дава детален опис за тоа како се одвиваат дебатата и гласањето на публиката. Затоа описот на овие фази може да е многу краток.
1. Дебатата
Наставникот ја најавува агендата за часот: дебатата, потоа гласањето на публиката и испитувањето. Ако е потребно, наставникот ги замолува учениците да ги наместат клупите и столчињата на начин како што е претставено во материјалот за ученици 8.2.
Потоа презема првиот претседавач. Учениците ги земаат своите места – дебатните тимови, претседавачот, публиката и новинарите. Наставникот седнува во публиката, пожелно во задните редови. Учениците не треба да воспоставуваат визуелен контакт со наставникот, туку меѓусебно. Тие ги играат своите улоги, а наставникот слуша.
2. Гласање на публиката
Вториот претседавач ја спроведува дискусијата на публиката и гласањето. Наставникот тука ја напушта публиката и ги набљудува учениците од дистанца. Додека учениците во публиката дискутираат за гласовите, дебатните тимови и новинарите слушаат.
По пет минути, претседавачот ја завршува дискусијата и го спроведува гласањето. Откако претседавачот ќе го затвори гласањето, наставникот го презема водството.
3. Домашна задача: информации за последователниот час (лекција 4)
Наставникот се заблагодарува на претседавачите за раководење со поголемиот дел од часот. Потоа тој/таа се заблагодарува на учениците и публиката, а ги пофалува тие што смета дека треба. Во овој момент не треба да се даваат критичарски коментари. Четвртиот час е со цел да се даде повратна информација и да се размислува за дебатата и гласањето, а ова наставникот го кажува на учениците.
Тој/таа им вели на учениците (со исклучок на новинарите) да размислат за нивните чувства, импресии и гледишта за дебатата, дискусијата и гласањето, и да подготват кратка изјава како информации за следниот час, обраќајќи се на следните клучни прашања:
- Искажете го мислењето за проблемот на дебатата. Објаснете кој аргумент највеќе ве натера да го формирате своето мислење.
- Од ваша гледна точка, опишете кој ефект го имаа правилата, поточно едноминутното ограничување на дебатата.
Новинарските тимови не треба да ја добијат оваа задача заедно со нивните новинарски стории. Наставникот ги повикува шестмината ученици за да одлучат како да се прошират сториите – со помош на три копии закачени на ѕид или со давање материјал на секој ученик.