Лекција 4: Една дебата – различни перспективи

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Дел 3 – Учество во политиката: учество преку комуникација » ТЕМА 8: СЛОБОДА » Лекција 4: Една дебата – различни перспективи

Учениците размислуваат за дебатата

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Анализа и оцена на заедничко искуство.
Крајна цел на учењето Медиумите ја создаваат нашата перцепција за реалноста.
Правилата обезбедуваат еднакви можности за практикување на правата на слобода.
Задачи на учениците Учениците ги споредуваат новинарските стории за дебатата.
Учениците размислуваат на искуството од дебатата.
Материјали и извори Материјал за ученици 8.1.
Новинарски стории од учениците.
Метод Презентации.
Дискусија.
Временски буџет 1. Три новинарски извештаи со дискусија. – 15 мин
2. Размислување: како правилата влијаеа на дебатата – 15 мин.
3. Испитување – 10 мин.

 

Информационо поле

Учениците размислуваат за часот од две перспективи, една за содржината, а друга за рамката од правила. Учениците можеби ќе бидат позаинтересирани за еден аспект од другиот и според тоа ќе се менува фокусот, давајќи повеќе време за една тема.

Испитувањето дава можност за учениците да дадат повратна информација за темата.

Учениците подготвиле информации со што сите имаат можност да учествуваат во часот. Затоа наставникот може и треба да даде повеќе време за учениците да говорат. Може да се очекува информациите од учениците да траат целиот час (видете ги прашањата за инфо. од учениците). Наставникот го води часот и дава кратки информирања за да ги сумира и структурира дискусиите.

Опис на лекцијата

Појаснување на агендата за часот

Наставникот ја претставува агендата за часот и истакнува дека кореспондира со клучните прашања за домашната на учениците. Ако учениците се согласат и не дадат предлози за фокусирање на една одредена точка, наставникот ја претставува првата фаза од лекцијата.

1. Три новинарски известувања со дискусија

Наставникот најавува дека трите новинарски тимови сега ќе ги претстават нивните стории. Учениците имаат задача да слушаат и споредуваат бидејќи новинарите работат за различни типови на весници. За да ги споредуваат сториите, учениците треба да се спремни за фаќање белешки. Наставникот ја појаснува задачата со цртање на едноставна матрица на таблата:

Новинарска сторија Број 1 Број 2 Број 3
Изразување
Расудување

Наставникот ги споменува весниците само по број, оставајќи на учениците да го претстават нивниот весник. Изразувањето е фактор со кој може да се споредуваат сториите и учениците можат да фаќаат забелешки за тоа што ќе го воочат. Ако претпочитаат еден тип на весник и новинарска сторија, тоа треба да го објаснат.

Наставникот гледа дали учениците немаат веќе прашања за задачата и потоа дава збор на трите новинарски тимови. Тие ги читаат нивните стории една по една, без дискутирање и коментирање меѓу сториите.

Потоа учениците даваат повратна информација. Наставникот слуша и ги охрабрува учениците да објаснат кои критериуми ги користеле за споредба и оцена на сториите.

Наставникот ја сумира дискусијата истакнувајќи еден клучен аспект: трите тимови на репортери присуствуваа на истата дебата, а сепак сликите кои ги создале за читателската публика значително се разликуваат. Ова покажува дека медиумите ја пренесуваат реалноста за сите тие кои не биле присутни на настанот. Но со пренесувањето на реалноста, тие ја создаваат реалноста – со одбирање и истакнување на некои елементи и испуштање или давајќи помалку значење на други. Наставникот може да упати на одбрани детали од сториите или информациите од учениците за да ја поддржи оваа теза (видете ги материјалите за наставници 8.1).

2. Размислување: како правилата влијаеа на дебатата?

Наставникот повторно замолува за информации од учениците. Наставникот слуша, а исто така и учениците. Се очекува некои коментари да се доста критички (временското ограничување е „недемократско“, не дозволува слободно изразување), а некои ученици можеби ги поддржуваат правилата.

За време на дискусијата наставникот може да ги праша критичарите меѓу учениците да размислат што би се случило ако временското ограничување се тргне. Тие ќе сфатат дека на дебатата и е потребно повеќе време, а временскиот буџет на часот е најголемото ограничување и затоа правилата ја земаат реалноста предвид и времето е распределено фер, иако во многу мали залчиња. Говорниците треба да коментираат како се справиле со временското ограничување: дали успеале да се концентрираат на клучните точки?

3. Испитување

Овде учениците даваат општи повратни информации.

Наставникот не треба да се обидува да ја оправдува неговата работа поради критицизмот, ниту пак да ги оправдува критичарските коментари. Бидејќи и учениците имаа голем дел на активност и одговорност, успесите и неуспесите се нивни исто колку и на наставникот. Наставникот треба да го истакне ова ако учениците не се свесни за тоа.

Ако учениците уживале во дебатата, наставникот може да предложи продолжение во форма на дебатен клуб. Овде можат да се дебатираат некои од проблемите кои учениците ги предложиле. Дебатните клубови се многу застапени во земјите каде што се зборува англискиот јазик и исто така кај наставниците по англиски како странски јазик. Интернетот нуди богати материјали за наставници и ученици кои се заинтересирани за дебатирањето.