Материјал за ученици 3.5: Концептот за општо добро: белегот на демократијата и диктаторството

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 3.5: Концептот за општо добро: белегот на демократијата и диктаторството

La multitude qui ne se réduit pas à l’unité est confusion;

l’unité qui ne dépend pas de la multitude est tyrannie.

(Разноликоста која не може да се сведе на единство е збунетост;

единството кое ја игнорира разноликоста е тиранија.)

Блез Паскал (1623-62)

 

Преговарање за општото добро во плуралистичките демократии Наметнување на општото добро со авторитарна власт и диктаторство
V4_P260a_MACED V4_P260b_MACED
Во плуралистичките демократии, за општото добро се преговара и дебатира. Никој не го знае резулатот однапред (АВ?). Обидите и грешките се често вклучени, така што одлуките можат, а некогаш и мораат да се поправат. Политиката е процес на колективно учење преку контроверзна дебата; на крајот, мора да се направи одлука. D1: Општото добро може објективно да се одреди преку божјо проникнување или научна анализа (пр. марксизам – ленинизам). Само владејачката елита е способна да го направи тоа (D2!). Општото добро ги оправдува сите средства, вклучувајќи сила, за да се надмине отпорот и опозицијата (Х). Критичарите на D1 и D2! се прогласени за непријатели.
Во плуралистичките демократии, групите промовираат различни цели, интереси и вредности (цели А и В). Секоја група се бори за своите цели (а1, а2, b1, b2), обидувајќи се да влијае на конечната одлука во нивна корист (ААВ?- ВВА?) Плурализмот создава конкуренција и контроверзија. Слободните медиуми ги поддржуваат живите дебати. Во диктатурите, групите или индивидуалците кои промовираат алтернатива или искажуваат критицизам се замолчени (Х симбол). Правото на учество се дава само на поддржувачи на режимот. Медиумите се цензурираат. Владејачот одлучува кои проблеми, интереси или цели ќе се стават во политичката агенда.
Контроверзијата се смета како потребна и продуктивна за постигнување на договор и компромис. Одлуките се отворени на критичарски осврти. Согласноста е наметната и преодредена од владејачот. Контроверзијата се смета за нехармонична и опасна, бидејќи тешко се контролира.