Материјал за ученици 4.1: Случај: конфликтот во рибарската заедница

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 4.1: Случај: конфликтот во рибарската заедница

Takingpart_EN.pdf

I. Риболовната заедница

Замислете едно големо езеро полно со риби. На бреговите има четири мали села во кои живеат рибари – риболовната заедница. Секое село праќа екипа која лови риби. Во затворената сезона, рибарите оставаат рибниот фонд да се регенерира, а тие ги поправаат нивните мрежи и чамци. Немаат од што друго да живеат освен од риби. Тоа што не го јадат со семејството можат да го продадат на најблискиот пазар. Со овој приход рибарите се хранат, облекуваат и имаат дом за себе и нивните семејства. Нивниот животен стандард е скромен, но доволен.

II. Конфликтот за неправилното раководење со ресурси

Во последните две или три години, се создал сериозен конфликт во риболовната заедница. Некои рибарски екипи се обиделе да го зголемат приходот со ловење повеќе риби. Сега стапката на размножување е опадната, а рибниот фонд е намален за половина за три години. Риболовната заедница се соочува со серија на проблеми:

  1. Намалувањето на рибниот фонд, со опасност за целосно истребување;
  2. намалување на целосниот улов на риби;
  3. разликата меѓу две сиромашни и две богати рибарски села („победници и губитници“);
  4. опасност од насилен конфликт меѓу рибарските села.

Ова е конфликт поради неправилно раководење со заеднички ресурси. Се базира на три работи кои меѓусебно се засилуваат:

  1. Има стимулација за рибарите да ловат повеќе риби;
  2. Има целосно отсуство на правила, па рибарите можат да прават што сакаат;
  3. Рибарските екипи не комуницираат едни со други.

III. Анализа на конфликтот („дијагноза“)

1. Стимулација за исцрпување на рибниот фонд

Секој рибар знае дека заедницата зависи од рибниот фонд и затоа разумно е да остави рибниот фонд целосно да се обнови.

Од друга страна, секој рибар знае дека ако неговата екипа улови една риба повеќе, рибниот фонд веројатно нема да страда. Тоа би направило разлика во приходот на екипата, а трошоците – грижата за рибниот фонд – е на сметка на целата заедница. Оваа нееднаква дистрибуција на додатната заработка и додатните трошоци е предност за рибарите кои ловат повеќе риби. Ова е стимулација за прекумерен риболов. Од индивидуалната перспектива на рибарите, логично е да се лови повеќе риби.

V4_P263_MACED

Една екипа фаќа повеќе риби: нееднаква дистрибуција на додатниот приход, додатни трошоци и додатен профит за риболовната заедница

Сите рибари се свесни за оваа стимулација и целосно се информирани за ефектите кои секој ги создава. Најлошото сценарио е доста веројатно – тие сите го прават истото, и фаќаат повеќе риби. Како резултат, рибниот фон е исцрпен и веќе не може целосно да се регенерира. Се создава суров круг, бидејќи рибарите можат да компензираат за нивната загуба на приходи единствено со поголемо исцрпување на рибниот фонд.

2. Отсуство на правила

Рибарите делуваат вака бидејќи нема никакви правила – никакво водство, сигурност, општествени цели ниту санкции. Како што стојат работите, секој рибар може да прави како што сака и сé што лови му припаѓа нему.

Со овие околности, однесувањето на рибарите не е изненадување – од друга страна, ефектите врз заедницата и рибниот фонд се катастрофални.

3. Отсуство на комуникација

Досега, рибарите не се сретнале и разговарале за нивната ситуација. Тие прават како што мислат дека е најдобро и реагираат на одлуките кои ги направиле другите екипи.

4. Ефектот на неправилно раководење со ресурсите

Моделот на одржливост помага да се прецизира штетата која е направена од неправилното раководење на рибарите и може да помогне за одредување на модел на алтернативна политика (видете ги материјалите за ученици 4.2 и 4.4).

IV. Решавање на конфликтот

„Дијагнозата“ на конфликтот треба да се земе предвид кога се бира „терапијата“.