Материјал за ученици 5.2: Основни прашања кои треба да се забележат при создавањето на институции

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 5.2: Основни прашања кои треба да се забележат при создавањето на институции

Кога создавате рамка на правила, вие правите некои основни избори. Одлучувате кој модел на владеење (одлучување) го претпочитате и кој треба да ги поседува рибите кои се ловат. Можете да создадете различни комбинации со овие основни форми и да добиете многу различни решенија.

Сопственост \ Владеење Хиерархија (државен авторитет) Соработничка мрежа
Приватен имот
Јавен имот

Деловите подолу даваат повеќе информација за различните можности.

1. Избирање на модел на владеење

Клучен фактор Држава Локални мрежи
Клучни концепти Моќ и власт Лични односи, комуникација и заеднички интереси
Принцип на создавање на рамка Хиерархија (вертикала) Партнерство (еднакво ниво)
Јаки страни Мир и безбедност
Законите јасно дозволуваат или забрануваат одредени однесувања на луѓето
Ако се прекршат, законите може да се наметнат.
Висока стручност и флексибилност во решавањето проблеми и служејќи на интересите на луѓето
Слобода да се импровизира и реагира брзо
Слабости и ризици Опасност од злоупотреба на моќта
Нефлексибилност
Слаби стимулации за лична иницијатива
„Вето-играчите“ можат да блокираат одлуки
Ако се прекршат правилата, тешко се наметнуваат.
Решенија Демократија и човекови права
Владеење на правото
Проверки и рамнотежи во уставот
Морални санкции
Култура на одговорност

2. Проблемот со сопственоста: кој го поседува уловот на риби?

Две основни опции, и критериуми за размислување:

Приватна сопственост Јавна сопственост
Правила на сопственост Секој рибар е сопственик на тоа што го лови
Тој може да прави што сака со уловот
Секој рибар го носи уловот до јавен претставник
Рибите потоа се дистрибуираат на членовите на заедницата
Мотивација за рибарите
Ефект на тоталниот улов на риби
Ефект на рибниот фонд

 

3. Понатамошни прашања за разгледување при создавањето на институции

  • Дали сакате да одредите цел која мора да се постигне?
  • Кој ја има моќта да донесува одлуки?
  • Дали сакате да направите алатки за спроведување на правилата?
  • Дали има опасност за злоупотреба на моќта?