Материјал за ученици 5.4: Процедурални правила за конференцијата – предлог верзија

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 5.4: Процедурални правила за конференцијата – предлог верзија

Усвојување на процедурални правила

  1. Општеството усвојува предлог на процедурални правила со мнозинство од 50% или повеќе од сите дадени гласови.
  2. Ако не се предложат измени на овој предлог, тој може да се усвои со едно групно гласање. Измените треба да се изгласаат одделно.

Претседавач

  1. Со гласање на мнозинството, се назначува член на заедницата како претседавач. Претседавачот може да учествува во гласањето за предлог-рамките, но не може да биде и говорник (правило бр. 5).

Крајни изјави за промовирање

  1. Членовите на заедницата ја покажуваат наклонетоста кон одреден модел со кревање на рака. Тие формираат партии кои би лобирале за нивниот модел.
  2. Говорникот прави промотивна изјава за неговата/нејзината партија која не трае повеќе од две минути.
  3. За време на гласачката процедура, не е дозволено понатамошно дебатирање.

Гласачка процедура

  1. Гласање: членовите на заедницата го усвојуваат предлогот со гласање. Сите гласови имаат иста важност. Членовите гласаат со кревање на рака.
  2. Одлука од две фази: гласањето за предлозите се одвива во две рунди.
    8.1. Прва рунда: членовите гласаат за еден од предлозите.
    8.2. Втора рунда: повторно се гласа за двата предлога со најголем број на гласови. Заедницата го усвојува предлогот со највеќе гласови.
    8.3. Ако двата предлога добијат ист број на гласови, се прави дискусија пред повторување на гласањето.

Документација и авторизација

  1. Записникот на предлогот ги пишува датумот и времето на конференцијата на крајот од документот за правилата.
  2. Сите членови на заедницата го потпишуваат документот.