Материјал за ученици 7.1: Дали владеењето на мнозинството е неправедно за малцинството? Случај

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 7.1: Дали владеењето на мнозинството е неправедно за малцинството? Случај

Еден спортски клуб има голем број на подготвени одбојкари и помал број на еднакво подготвени шахисти. И двете групи учествуваат во шампионатски натпревари и успеале во привлекувањето на нови членови. Секој член ја плаќа истата сума како годишен придонес кон клубот. Еднаш годишно се одржува состанок на кој членовите одлучуваат како да се трошат парите со мнозинско гласање. Одбојкарите имаат голем список на барања, вклучувајќи и редовна набавка на нови топки, нова опрема за тимот и обновување на одбојкарскиот терен. На шахистите им се потребни материјали за обука на почетници, некои книги и списанија, а исто така им треба и поголема просторија со повеќе табли шах, маси и столчиња поради зголемувањето на бројот на членовите.

Говорниците на одбојкарите и шахистите ги искажуваат нивните случаи. Тогаш се одлучува со гласање на мнозинството. Секоја година шахистите се надгласани од одбојкарите. Сите пари одат за одбојкарските проекти, а шахистите мораат да се помират со тоа што го имаат.

Сега шахистите стануваат фрустрирани и нетрпеливи. Сепак, нивните придонеси се трошат на одбојкарските проекти. Тие се чувствуваат како граѓани од втора класа, а некои шахисти веќе изкажале желба да се поделат во два одделни клубови.

Повеќето од одбојкарите ги вртат главите. Мнозинството има моќ – таква е демократијата. Ако си надгласан – тоа е дел од играта. Но некои од одбојкарите сметаат дека ова гледиште е преедноставно, и фер играта значи дека треба да се прифатат и интересите на шахистите. Но како?

V4_P277_MACED

 

Структура на членството во спортскиот клуб – едноставен пример за плурализмот. Плуралистичките општества имаат  иса структура, но секако посложена. Различни групи имаат различни интереси кои можеби се спротиставени. Колку посложено е општеството, толку поголем е потенцијалот за конфликт. Демократијата и човековите права нудат алатки за праведно решавање на овие проблеми, а значи по мирен пат.

Случајот е адаптиран од: Дејвид Милер, Политичка филозофија. Многу краток вовед. Оксфорд, 2003, стр. 5.