Материјал за ученици 8.4: Плански лист за претседавачите
Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 8.4: Плански лист за претседавачитеЗадачата на првиот претседавач –водење на дебатата
Претседавачот ја спроведува дебатата и внимава дебатирачите да ги следат правилата (видете го материјалот за ученици 8.2) и да се однесуваат меѓусебно со праведност и почит. Претседавачот е неутрален и не тежнее кон некоја од дебатните екипи.
Всушност, претседавачот е управувач со времето. Никој од говорниците не смее да зборува повеќе од една минута. Во пракса, ова значи дека откако ќе заврши едната минута, говорникот може да ја доврши последната реченица и потоа мора да сопре. Ако е потребно, претседавачот учтиво но цврсто го прекинува говорникот и му дава збор на следниот говорник од другиот тим.
Опрема
- Штоперица или часовник кој прецизно ги покажува секундите. Мобилните телефони имаат функција на штоперица.
- Лист за забележување и молив.
- Жолто и црвено парче хартија или картон, А7 големина.
- Додатни материјали за ученици 8.2, 8.5.
Задачата на претседавачот за време на дебатата
- Тој/таа ја отвора дебатата:
- Добредојде на тимовите, публиката и новинарите.
- Краток преглед на дебатата, без детали кои би помогнале на некоја страна.
- Потсетник за тимовите: фер-игра, почитување на правилата.
- Известување за правилата на време: по 50 секунди, претседавачот дава знак.
- По една минута, претседавачот го прекинува говорникот – за да обезбеди фер-игра.
- За време на дебатата:
- Претседавачот тивко ја слуша дебатата.
- Тој го следи времето на говорење и го дава знакот на 50 секунди. (Доста често, претседавачот треба да го прави само ова.)
- Претседавачот интервенира ако говорниците го надминат времето за говорење од една минута.
- Претседавачот интервенира ако дебатирачите ил публиката на каков било начин го прекинат говорникот.
- При многу сериозни случаи на лошо или неправедно однесување, претседавачот го покажува жолтиот или/и црвениот картон на говорник. Црвениот картон значи дека говорникот мора да ја напушти дебатата.
- По дебатата:
- Претседавачот изјавува дека дебатата е затворена.
- Претседавачот се заблагодарува на дебатирачите и публиката.
Улогата на претседавачот по дебатата
По дебатата, публиката има кратка дискусија за дебатата (пет минути) и потоа гласа за тоа која страна претставила поубедливи аргументи.
Втората задача на претседавачот – водење на гласањето на публиката и дискусијата
- Последователната дискусија
- Претседавачот најавува дека публиката има пет минути во кои ќе ги размени мислењата за дебатата. Столчињата се преместуваат во круг или полукруг со што учениците би можеле да се гледаат едни со други.
- Секој член на публиката направил забелешки за време на дебатата и размислил за прашањето која група била поубедлива. Претседавачот бара да се гласа со кревање рака – пробно гласање.
- Потоа учениците со различни мислења земаат збор. Претседавачот ги замолува да ги разменат нивните мислења на истиот начин на кој правеа дебатерите, бидејќи времето е ограничено.
- По пет минути претседавачот ја завршува дискусијата.
- Гласањето
- Претседавачот го најавува гласањето. Тој/таа го повторува проблемот и прашањето на кое се гласа: кој тим ве убеди повеќе – потврдниот или негативниот? Нема повеќе дискусија во оваа фаза. Претседавачот замолува ученик да ги забележи резултатите од гласањето на табла.
- Претседавачот прво ги замолува учениците кои се убедени од потврдната страна да ги кренат рацете. Тој/таа ги брои и го спроведува гласањето за негативната страна на ист начин.
- Конечно, учениците кои се воздржани – кои не гласале за ниедна страна – се повикани и избројани.
- Претседавачот го чита резултатот од гласањето, но не коментира за него. Тој/таа се заблагодарува на публиката за нивното гласање и дискусија и ја завршува сесијата.