Материјал за ученици 8.6: Работен лист за новинари

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 8.6: Работен лист за новинари

Задачата

Формирајте три тандем-тимови.

Напишете новинарска сторија за дебатата и презентирајте ги вашите статии во следниот час. Закачете ги на ѕидот, ако е можно во две или три копии.

Секој тим работи со различен тип на весник/месечно списание:

  • таблоид;
  • квалитетен весник;
  • младинско списание.

Профилот на трите весника – тоа што го очекуваат читателите

Има некои општи правила за тоа како да се напише добра новинарска статија – видете го материјалот за ученици 9.1.

Но, од друга страна, секој весник известува на различна публика, така што вапата статија треба да им се допадне на оваа група на читатели ако сакате тие да го купат весникот кој вам ви дава работа. Тоа значи дека статиите ќе бидат доста различни, иако известувате за истата дебата. Погледнете како тоа се прави во вистински весник.

Тип на весник

Што очекуваат читателите

***Најголем приоритет/** важно /* убаво да се има

Забава Слики Информација (проблемот и аргументи)

Мислењето на младите луѓе

„личен печат“
Таблоид ** ** ** * ***
Квалитетен весник * ** *** * *
Младинско списание ** ** ** *** *