Материјал за ученици 2.1: Концептот на дилема

Living Democracy » Textbooks » Учество во демократија » Прирачник за ученици » Материјал за ученици 2.1: Концептот на дилема

Што е дилема?

Дилема е ситуација во која се соочуваме со два алтернативни избори, а мораме да направиме одлука. Секој од овие избори има последици кои не ги сакаме, или од одредени причини не можеме да ги оправдаме, на пример:

  • Морални или религиозни обврски;
  • Очекувања од улогата (како другите очекуваат да се однесуваме, пр. како наставник, ученик, брат, пријател или претседател);
  • Правни прописи (права и должности);
  • Почитување на човековите права;
  • Лични врски со семејството и пријателите;
  • Финансиски причини (потребата да се штеди пари, можноста да се има заработка);
  • Практични причини (поддршка или одбивање на решение за сложен проблем).

Во дилемата ние се соочуваме со конфликт меѓу принципи или цели кои ни се битни подеднакво. Дилемите се случуваат секојдневно, а и во политиката. Политичкото одлучување често значи справување со дилеми и секој проблем има далекусежни последици. Затоа мораме да ја решиме дилемата со одредување на приоритети – одбирање една цел, прекршување на другата. Во некои случаи можно е да се направи компромис.

Случаи

Ветувањето на Лена

Лена има осум години. Таа сака да се качува на дрва и е најдобриот јазач во нејзиното соседство. Еден ден таа паѓа од дрво, но не е повредена. Нејзиниот татко ја гледа несреќата и е многу загрижен. Тој и вели на Лена да вети дека никогаш повеќе нема да се качи на дрво. Лена ветува и го запечатува ветувањето ракувајќи се со татко ѝ.

Истото попладне таа ги среќава пријателите. Паула, нејзината најдобра другарка, е многу загрижена. Нејзиното мало маче се качило на дрво и се плаши да се симне. Нешто мора веднаш да се стори, пред мачето да падне од дрво. Секое дете знае дека Лена е најдобриот јазач, па Паула ја замолува да го спаси нејзиното маче.

Но Лена се сеќава на ветувањето што го даде на нејзиниот татко. Што треба да направи?

Дилемата на затворениците

Полицијата апси двајца осомничени. Полицијата нема доволно докази за пресуда и откако ги одделува двајцата затвореници, ги посетува за да им го понуди истиот договор. Ако едниот сведочи против другиот (го предаде) а другиот не проговори (соработува со другиот), предавникот е на слобода а соработувачот добива казна од 10 години затвор. Ако и двајцата не проговорат, двајцата се казнети со само шест месеци за помал прекршок. Ако и двајцата меѓусебно се предадат, секој добива казна од пет години затвор. Секој затвореник мора да одбере дали да не проговори или да го предаде другиот. Секој од нив е охрабрен дека другиот затвореник нема да знае за предавството до крајот на истрагата. Како да делуваат затворениците?

(Извор: http://en.wikipedia.org/wiki/Prisoner’s_dilemma)