Вовед: Што нудат деветте наставни единици (1.-9. одделение)
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Вовед: Што нудат деветте наставни единици (1.-9. одделение)
Да се осознаат детските права значи тоа да започне во прво одделение и станува се покомплексно до завршувањето на основното образование. Како тоа може конкретно да се реализира е тема на овој прирачник за наставникот.
Девет наставни единици даваат конкретни предлози за спроведување на детските права за првото одделение во основното училиште сѐ до последното одделение на основното училиште. Клучниот збор за тоа е: спирален курикулум.
Следните елементи го одликуваат овој прирачник:
- краток вовед со информации за концептуалната рамка и за учење врз основа на примери.
- девет конкретни наставни проекти (во следниот текст наречени „наставни единици“) по четири наставни активности (најчесто во обем од по една лекција); по една за секое одделение од 1-9.
- темелно коментирани планирања на лекциите.
- делувачки ориентиран приод; секоја наставна единица има по еден конкретен производ како цел.
- подесувања на отворено и кооперативно учење кои се усогласени со централните принципи на образование за демократија (Education for Democratic Citizenship/ politische Bildung).
- со помош на многустран наставен материјал (вкл. ја Конвенцијата на детски права) и базичните информации за детските права.
Овие материјали за да се преведат на германски јазик и да се преработат му беа доставени на училиштето Хомбрехтикон Цирих. Двата наставници Леа Гут и Фреди Зутер како и директорот Матијас Борер го прочитаа целиот прирачник и дадоа повратни информации за неговата примена. Врз основа на нивните критички забелешки се исчисти прирачникот и наново се одредени базичните информации.
Потоа во Хомбрехтикон беа издвоени наставни единици и како примероци испробани. Фреди Зутер го избра 4 поглавје (Нашите права – нашето богатство). Неговите ученици од основно училиште си избраа поединечни детски права и си ги составуваа своите ковчеџиња. Тие докажаа дека овој приод ориентиран кон делување нуди простор и време за да се приближат до клучните прашања на детските права. Леа Гут од нејзина страна се осмели со повисоките одделенија до комплексното поглавје 9 (Зошто мора да се следат правилата?). Таа со тоа избра аналитички пат и покажа дека е можно детските права да се осознаат полно со барања во повисоките одделенија. Тука отсликаните фотографии даваат впечаток на дотичната работа и на резултатите.
За поддршка на наставниот персонал секоја од деветте наставни единици на крајот на наставните цели содржи еден растер со клучни импулси и клучни прашања. Во неговата горна половина овој растер содржи импулси за наставникот, во долната половина прашања за учениците. На наставниците може растерот да им му помогне, да ги антиципира одговорите на учениците, но посебно треба на сите да им биде пред очи кон кои наставни и учебни цели се стреми. Растерите разликуваат димензии како што се „доживување“, „запознавање“ и „реализирање“. Со тоа станува јасно дека овој прирачник за наставници сака да ги почитува сите три аспекти на учењето: сознавање ориентирано кон доживување, когнитивните елементи на стручното знаење и способноста за реализирање на личното секојдневие.
Деловите два и три нудат еден сет на базични информации и материјали како што можат да бидат побарани од страна на самите наставниците или учениците на интернет или во соодветна стручна литература. Смислата на сето тоа беше на компактен начин да се спои сето она што го овозможува една непосредна настава без многу дополнително истражување. Потоа кратките текстови нудат и информации за кратки реферати како за наставникот така и за ученикот. Илустрираните детски права на крајот на прирачникот можат да бидат применети во поединечните наставни единици, но нудат и дополнително многу можности за учење. Така можат да настане играта мемори, но и картички за учење и идеи за сликовита реализација. Повратните информации од наставниците во многу земји покажаа дека покрај приодот на осознавње посакуван е и елементот на вежбање и учење напамет. Сепак тоа не смее да го замени постепеното разбирање и перманентните прашања.
Фотографии: Леа Гут, Фреди Зутер